Nino Manchester
Oŋce α RED, αlwαys α RED
- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 14.537
- Поени од реакции
- 17.951
Некој имаше пишано дека литванците ќе биле мотивирани,ама тиа и на пријателската беа,па не знаеа што им се деси,осечам пак ќе го јадат.
Пат ти е 100€ повратна со автобус.Дечки, ако има некој поим отприлика колку би коштало пат,смештај, карти за групнава фаза во Словенија? Ако знае некој нека пиши во ПП...Однапред благодарам
Ќе сместиш една тура во гаража кај тебе, не се бунимеПат ти е 100€ повратна со автобус.
Смештај обично е по 15/20€ на ноќ, зависи од град, локација, сезона итн.
Е сеа за карти не знам, сеуште нема никакви цени. Би требало по некои 10€ да е, онака слободна проценка. Поефтино од ова сигурно нема да е.
Ќе бидеме како „комшиите“. Пријавиле 3 во стан, а внатре по 10 души спијатЌе сместиш една тура во гаража кај тебе, не се буниме
Значи одприлика 500-600 евра се потребни минимално.....фала на инфоПат ти е 100€ повратна со автобус.
Смештај обично е по 15/20€ на ноќ, зависи од град, локација, сезона итн.
Е сеа за карти не знам, сеуште нема никакви цени. Би требало по некои 10€ да е, онака слободна проценка. Поефтино од ова сигурно нема да е.
Додека поголемиот дел од репрезентациите ќе играат на европски шампионати (Б дивизија), донесена е одлука наместо селекцијата за играчи до 20 години наместо да игра на вакво првенство, да биде испратена на Медитеранските Игри во Мерсин, Турција, засилена за неколку играчи што се за неколку години повозрасни и тропаат на вратите на сениорскиот тим.
Овие се водат по девизата, aко не можеш да ги победиш, придружи им сеИначе на 17 август ќе играме пријателска средба против пациентот Литванија,
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=13404
Извор - http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=13727Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе одигра низа силни контролни натпревари, што ќе треба да овозможат нашиот национален тим во топ-форма да го дочека претстојното Европско Првенство што ќе стартува од 4 септември во Словенија. „Црвено-жолтите“ се најдоа во многу тешка група со селекциите на Литванија, Црна гора, БиХ, Летонија и на Србија, па јасно е дека ќе мора да влезат максимално подготвени во овие дуели доколку сакаат најпрвин да ја минат првата фаза, а потоа и да се обидат да го одбранат фантастичното четврто место освоено на Евробаскет 2011 во Литванија.
За остварување на таа цел најдобрите македонски кошаркари во текот на летото ќе ја „прошетаат“ половина Европа и ќе одиграат десетина суперквалитетни натпревари, што ќе претставуваат идеална можност за новиот селектор да ги согледа квалитетите на своите избраници и да ја постави тактиката за шампионатот во Словенија.
Првиот собир на националниот тим се очекува околу 20 јули, а седум дена подоцна ќе почне и одисејата на македонските кошаркари низ Европа, и тоа токму со натпревари во Словенија. На 27 јули „црвено-жолтите“ ќе одиграат контролен меч со Полска, за веќе на 28 јули да имаат уште еден сериозен тест, против домаќинот Словенија. Периодот од 30 јули до 4 август ќе биде искористен за висински подготовки во Крањска гора, за потоа да с еотпатува на турнир во Италија (6-8 август). Засега е сигурно само дека ќе се сретнеме со домаќинот Италија, а во овој период ќе одиграме уште најмалку еден меч со силна репрезентација - учесник на Евробаскет 2013.
Потоа следи враќање во Македонија, каде што нашите најдобри кошаркари ќе тренираат извесно време, за на 17 август во СЦ „Борис Трајковски“ да го одиграат и дуелот со Литванија, на кој што ќе се одбележи првиот натпревар во историјата на македонската кошаркарска репрезентација.
Веднаш потоа следи пат за Шпанија, каде што нашата селекција ќе ги одмери силите со повеќекратниот европски првак, и тоа два пати во два дена (на 20 и на 21 август). Македонските кошаркари од Шпанија ќе летаат директно за Германија, каде што на 23 август ќе стартува силен турнир на кој што ќе се сретнат со домашната селекција, но и со Грција и со БиХ, селекција што дополнително треба да објави дали ја прифаќа понудата за учество на турнирот бидејќи се наоѓа во иста група со нашиот национален тим на Евробаскет 2013.
Последна станица од одисејата на македонските кошаркари ќе биде Русија, за каде што се договорени две пријателски средби со „зборнаја“, на 27 и на 28 август. Доаѓањето назад во Македонија се очекува на 29 август, по што кошаркарите ќе можат да минат неколку дена со своите најблиски пред да отпатуваат за Словенија, на шампионатот што својот официјален почеток ќе го има на 4 септември.
Останува дилемата кој стратег ќе биде ангажиран како предводник на македонскиот национален тим, со оглед на фактот дека потрагата по селектор трае веќе неколку месеци. Без оглед на тоа дали ќе стане збор за домашен стратег или за странец, и за него сигурно ќе претставува голем плус што ќе има доволно можности за да се запознае со кошаркарите, да ја постави играта и во текот на подготовките да ги отстранува грешките што ќе се појавуваат.