H
HoT IcE
Гостин
Селектор кој е сега? Уште ли е телено Лазовски, ако е он, нема ни група да минеме. So calm down, and Lazovski style.
Не е, мислам дека си поднесе оставка, а нов селектор незнам дали има.Селектор кој е сега? Уште ли е телено Лазовски, ако е он, нема ни група да минеме. So calm down, and Lazovski style.
Нема уште, баш пред некој ден читав дека сеуште разгледувале опции.Не е, мислам дека си поднесе оставка, а нов селектор незнам дали има.
Вака ова е од згора од згора сепак некогаш не е така, и лани Македонија беше аутсајдер па до каде стигнавме... Како и да е мислам дека нема причина да се плашиме и да бидеме разочарани предвреме и да оставиме да видиме што ќе се десиНема уште, баш пред некој ден читав дека сеуште разгледувале опции.
Туку езгодна група имаме....Литванциве ќе бидат ултра-мотивирани против нас, Црногорциве се многу подобрени во споредба со лани, Босанците ако им тргне шут и ако се расположени лошо ќе биде....Србиве се провлекоа во квалификациите, два пати го изедоа од Црна Гора и тоа поштено, така да со нив мислам дека можеме лесно до победа....
Летонциве ваљда ќе бидат најслабите во групава.
Летонците имаат иста кошаркаска школа како Литванците.ТРОЈКИ,најмалку по 25-30 тројки ќе шутираат по натпревар.Ако им тргне едно 40% да имаат шут ќе бидеме во огромни проблеми.Истиот проблем е и со Литванија и Босна,Нема уште, баш пред некој ден читав дека сеуште разгледувале опции.
Туку езгодна група имаме....Литванциве ќе бидат ултра-мотивирани против нас, Црногорциве се многу подобрени во споредба со лани, Босанците ако им тргне шут и ако се расположени лошо ќе биде....Србиве се провлекоа во квалификациите, два пати го изедоа од Црна Гора и тоа поштено, така да со нив мислам дека можеме лесно до победа....
Летонциве ваљда ќе бидат најслабите во групава.
Бо не се повлече воопшто а ниту ни Антиќ официјално.Засега само Владо и Гечевски се официјално и сигурно нема да играат.Мене побитно ми е у кој состав ние ќе настапуваме. Сори, вака шо ви се избацувам у сред муабет, но може ли некој да ми каже дали одлуките за повлекување на Антиќ, Илиевски, Бо и останатите од таа багра се конечни? И ако се такви, тогаш кој е нашиот состав? Кој се ја сочинува нашата репрезентација?
Никој не е задоволен од составот на Б групата за ЕП во кошарка
Македонската кошаркарска репрезентација, во неделата, ги дозна противниците, против кои ќе игра во прелиминарната фаза на Евробаскетот
Македонија во Б групата, чии домаќин ќе биде Јесенице, пласман во осминафиналната група ќе се обиде да избори во конкуренција на Литванија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Латвија и Србија.
Генерално, откако беше составена Б групата, никој не изрази претерано задоволство, сите се согласни дека групата е тешка и дека секој натпревар ќе биде од исклучително значење за освојување на едно од првите три места кои гарантираат пласман понатаму.
„Добивме група во која нема слаба репрезентација. Мислам дека секој секого може да победи и ниту еден тим не може да смета на сигурни бодови против ниту еден противник. За нас е најважно ние да бидеме здрави, комплетни и добро подготвени. Периодов сме фокусирани токму на тоа, да организираме што е можно подобри подготовки во пресрет на Евробаскетот“, изјави за интернет страницата на Македонската кошаркарска федерација, генералниот секретар Дејан Лекиќ.
Неговиот колега од Босна и Херцеговина, Харун Махмутовиќ, верува дека репрезентацијата може да се пласира во вториот круг. Како фаворити тој ги издвои селекциите на Литванија и Србија.
„Иако оваа група е тешка, Босна и Херцеговина ќе игра во втората фаза. Фаворити во групата се Литванија и Србија, а сите останати ќе се борат за третото место“, рече Махмутовиќ.
Српскиот селектор Душан Ивковиќ, чија репрезентација во последен момент избори пласман на Евробаскетот, смета дека групите се изедначени, но дека составот на групите во прелиминарната фаза не е толку важен.
„За нас е најважно да бидеме максимално подготвени за првиот натпревар со Литванија, потоа од натпревар во натпревар полека ќе се пробиваме кон вториот круг“, изјави Ивковиќ.
„Гледајќи го составот во А групата, со која ќе вкрсти нашата група, мислам дека во втората фаза би можеле сериозно да конкурираме за пласман меѓу првите четири репрезентации кои ќе одат во четвртфиналето. Многу е важно тимот да се подготви за четвртфиналето, евентуален успех на тој меч ќе не однесе директно на Светското првенство во 2014 година“, дополни Ивковиќ.
Црногорскиот селектор, Лука Павиќевиќ, смета дека голем хендикеп за Б групата е што од последниот ’шешир’ е извлечена Србија.
„Голем хендикеп е што од последниот ’шешир’ ја добивме Србија, очекувавме послаба селекција. Србија и Литванија се издвојуваат со квалитетот и тоа значително во однос на останатите репрезентации од групата. Овие две селекции се фаворити за првите две места, останатите четири репрезентации ’крваво’ ќе се борат за третото место“, изјави Павиќевиќ за интернет страницата на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, додавајќи дека за неговата репрезентација најважни ќе бидат првите три средби, против Македонија, Латвија и БиХ.
Премногу задоволство од составот на Б групата не покажа ниту Арвидас Сабонис, кој ја обавува функцијата претседател на Кошаркарскиот сојуз на Литванија. Легендарниот центар не е задоволен што во групата има четири репрезентации кои доаѓаат од Балканот, но е свесен дека во кошарката нема лесни противници.
„Групата е посилна од она што го посакувавме, сите во нашата група, со оглед на близината на Словенија ќе имаат голема поддршка од своите навивачи. Ќе биде тешко за нас да се игра во ваква Балканска група“, рече Сабонис.
Европското првенство во Словенија ќе се одржи од 4 до 22. септември 2013 година, македонската репрезентација на Евробаскетот ќе го брани четвртото место освоено на континенталното првенство во 2011 година.