Е ај шо предлагаш ти пак? КАНО !!!
Бев кај неколку луѓе во БТ што имаат Кано и освен едни што живеат во стан (бидејќи немаат друга солуција) останатите гледам не го користат повеќе!
Еден од нив што не го користи а го ставил е проф. на Технички факултет ако не се лажам.
е видиш... ја во битола наидов на барем 20 системи кои се декларирани дека се кано системи и во прилеп исто... лугето прв пат ги видов и слушнав кога ми се јавија дека имаат проблем со системот кано наместен од НАШИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ за битола...
е па друже, ние немаме претставници за битола.. ние немаме претставници за ниеден град во македонија. ние имаме правило дека сами си ги местиме системите и оние 20-тина што ги дознавме се дознаени, а само бог знае уште колку има наместено што незнаеме...
и нормално дека нема да ги користат затоа што се не економични, не исплатливи и не квалитетни, затоа што се БЕДНА КОПИЈА на кано системот и наместо вистинскиот електролит, она што и го сочинува кано системот она што е, она по кое сите копиранти се трудат да откријат што е, покрај изборот на материјали за сондата, им бутале сода бикарбона или незнам таму ваљда антифирз... инаку типот што ги местел тие системи и се декларирал дека се кано системи моментално е на печалба негде во белиот свет и не е во битола... па почнаа да ми се јавуваат дека претставникот наш неможат да го најдат и дека имаат проблем таков и таков...
има тука на форумот еден куп членови кои поставиле кано систем и до сега барем по 5-6 пати пишале за нивно искуство за користење на истиот и ако сакаш можеме да дебатираме на таа тематика од сега па до утре вечер. сигурен сум дека ке се приклучат истите тие и ке си го кажат пак своето...
п.с. кано системите сите имаат на одредено место оставено одредено бележје, еден вид потврда и доказ дека се кано системи... ако си баш толку силен, еве се нудам да дојдам у битола, ке ти платам дневница од 50 евра, еден цел ден да ги пројдеме сите тие кои не го користат кано системот за да докажам дека се фалсификати... ке ти го покажам обележјето... доколку еден од нив најдеме, АМА МАКАР САМО ЕДЕН дека стварно е од мене-нас монтиран а човекот не го кориси затоа што не е она кое што го платил и/или договорил и дека му троши и/или има проблеми со системот дека не работи, ги имаш тие 50 евра, ручек у буре и бакшиш уште 50 евра... ама ако нема ниеден, ти да се испружиш 100 евра и уште 100 евра за колегата, плус патните трошоци за мене и да фрлиш еден ручек у буре...
ТЕ ФАЌА ЛИ ОКО пруженава рака за кладба? ајде да ги отстраниме сите сомнежи? ајде еднаш за секогаш да ги тргнеме беспотребните муабети... преку глава ми дојде од копиранти и фалсификатори што се претставуваат во наше име... имам и клипови на јутјуб постирано од фалсификат системи... разберете еднаш за секогаш КАНО СИСТЕМОТ го монтира САМО КАНО ИНЖИНЕРИНГ!!! нема претставници за никаде.. имаме само соработници за тековно одржавање, ама па баш за битола и прилеп немаме ниеден, имаме за во помалите градови каде што никој не успеа да ги излаже лугето дека се претставници... делчево, виница, кочани, штип, велес... во битола очигледно успеа...
чекам одговор, прифаќаш или не? ако не прифаќаш ке те разберам, и нема проблем, ама ако прифатиш сериозно размисли во што влегуваш... п.с. пред да одлучиш иди кај професорот и уште еднаш прашај го ДАЛИ МУ Е КАНО СИСТЕМ или му го местел некој друг... зашто знам за кој се работи и знам кој му го местеше. истиот тој професор му направи убав скандал на мајсторот што му го намести... ако сакаш по ПП ке ти пратам и име и презиме од тој што му го местел, па прашај го ти пак професорот кој му го местел, дали кано инжинеринг или тој што ке ти го дадам по пп, ако сакаш...
поздрав
--- надополнето: 5 декември 2012 во 22:43 ---
Каминот е во дневната затоа во таа соба е 25, топлината иде и накај другите соби. Таму е 20 степени цело зимо сум таму какво ќебе нема потреба. 2 соби се од по 20 квадрати и со кујна+дневна 32+8. Кога се отвори вратата голема е и топло е секаде. Не знам што е чудно кога јас познавам многу што вака топлат цел дом и трошат 12 метри кубни дрва со овој камин.
абе види... ако имаш ГОЛЕМА вратакако што велиш да, топлината ке иде и накај другите соби... само според моето искуство до сега, разликата помеѓу централно згреаната соба (во случајов дневната) нема да биде помала од 8 степени.. а моѓе и повеке... значи збориме за во зимо, кога е сериозно ладно... ова надвор сега што е, да ладно е, ама далеку од сериозно ладно... кога ке дојде поладно ке мора да заложувате повеке, значи во дневната ке идете уште некој степен погоре од сегашниот за во другите соби евентуално да добиете 20 степени... тоа сакав да кажам... инаку и јас познавам луге што се греат така и си функционираат на тој начин.
термички гледано, од стручен аспект, поголема разлика од 2-3 степени од една во друга просторија е неоправдано и неизедначено балансирање на енергија, меѓутоа тоа е сепак гледано од гледиште на централно греење, (небитно дали е парно, подно, фенкојлери или канално со воздух) бидејки учењето за движењето на топлата маса при поголеми разлики на температури од просторија во просторија потегнува и други проблематики... пред се кондензација по зидови и појава на влага, а подоцна и мувла по крајно горните и долни ивици во просторијата. понатака како можни проблеми се на пример луге чуствителни на нагли промени на температури, присилно движење на воздухот во просторијата, реагира и кај астматичарите (а такви не се греат на дрва) како и кај лугето со проблематичен центар за рамнотежа (јас сум таков) па диференција од 5 степани во станот би ми направила вртоглавица страшна..
значи и тоа претходно а и ова сега го дискутирам од професионален аспект, а тебе и на твоеото семејство ако ви е добро така, тогаш топ... терајте си така. секој со своите ќејфови, желби и сваќања... ме разбираш што сакам да кажам?