Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум крволочен ?

Вие навистина си имате проблеми во умот.Јас не сум тој кој дава оправдувања за масакри овдека,и како тие биле нужни и за "доброто" на државата.И еден мртов е премногу.Али вие сте тие кои со страни наназад се трудите да ги намалите бројките на истите цитирајќи "извори" како братот на Туџман.

Комплетно испрани мозоци.

.
Па малце ти се 10.000 мртви на крај на војна која одзеде 50 милиони. Е толку се шо да прајме, ивини шо нема повеќе. Е то е резултат на прекумерно играње на кантер и гранд тиф ауто
 
Толку години сум живеел во заблуда, јас па се мислев дека Краш, Европа,Таково и уште еден куп фирми произведуваат околада,а тоа да не ти биле чоколади :(
Е тоа е да се чудат будалите;)
 
Е тоа е да се чудат будалите;)
Немој само да ми кажеш дека бананите не беа банани, кој ако денес динарите ги претвориш во денари изнесува 3 денари за килограм.
ЌЕ се убијем.
Замисли идеш у тинекс денес и викаш дај ми 5 кила банани,
15 денари ве молам.
 
Вие сте за надвор од секоја категорија. Овие другиве можам само да ги сожалувам, како што им турале бром во чорбите така исто и ЛСД во црвените марами уште кога се давала заклетвата во прво одделение, нешто како Џими Хендрикс кој на истиот начин го конзумирал-преку марама. Они имаат дијагностицирано ментална дисфункција и живеат во сопствена проектирана реалност налик на холограмскиот концепт во Сај-Фај филмовите и се луѓе со проблем, луѓе за сожалување а не за исмејување, грев е на заболен човек да му се исмејуваш поради неговата состојба. Вие од друга страна сте биле поштедени од тие експерименти со трајни последици. Вас ви биле отворени и повеќе податоци, неспоредливо поголема база на информатичка технологија и достапност на (ако ништо друго барем) неформално образование, гледате (ваљда) што се случува во реалниот живот и свесно, сами од себе, без било каквов насилен или задолжителен altering од страна отфрлате се како да тоа не постои. Гледаш десет метарски ѕид пред тебе и викаш дека не е ѕид туку мост и може да се пројде преку него. И како тоа да не е доволно, во случеви и силом прилике кога морате да пројдете преку ѕидот и кога ќе си го треснете челото од истиот и ничкум ќе паднете на земја оти преку ѕид не се проаѓа, вие пак викате дека тоа не е ѕид туку мост, светски арихтекти да дојдат да ви цртаат дека се наоѓате пред ѕид вие ќе викате дека е мост. Вонсериска ступидност, за која и сеирот е дури преблагороден како метод.
Ах цинизмот и мизантропијата на делови од генерацијата растена некаде помеѓу Династија и Ребелде веј. Преплашени дека ќе се случи флешбек кој ќе наликува на лошиот трип во годините помеѓу 85‘ и 95‘. Залудно градат ѕидини и тврдини, деноноќно преокупирани надевајќи се дека тоа ќе ги заштити од имагинарниот непријател во лошиот сон. Сонот веќе одамна почнал да бледнее и не се сеќаваат добро на непријателот и неговите намери, па затоа мислат дека треба да се кријат од секого. Гледаат мост, а на другата страна од мостот има убавини, но упорно мислат дека некој им подметнал динамит под мостот. И да дојдат највешти деминери кој ќе убедат дека мостот е безбеден, нема да поминат и ќе тераат инет.
 
Немој само да ми кажеш дека бананите не беа банани, кој ако денес динарите ги претвориш во денари изнесува 3 денари за килограм.
ЌЕ се убијем.
Замисли идеш у тинекс денес и викаш дај ми 5 кила банани,
15 денари ве молам.
Тоа жолтите што имаа лепенка од некоја жена по име бонита банани биле ??
Ама и од кај да знајш, немавме интернет тогаш башка само два канали на телевизорот кај комшијата:cool:.
 
Тоа жолтите што имаа лепенка од некоја жена по име бонита банани биле ??
Ама и од кај да знајш, немавме интернет тогаш башка само два канали на телевизорот кај комшијата:cool:.
Кај комшијата , телевизор :гик: јас три села поминував во опинци и волнени чорапи за да гледам шарам барам овој во комшии имал.
Буржуј Комуњарски.. :vozbud:
 
Ах цинизмот и мизантропијата на делови од генерацијата растена некаде помеѓу Династија и Ребелде веј. Преплашени дека ќе се случи флешбек кој ќе наликува на лошиот трип во годините помеѓу 85‘ и 95‘. Залудно градат ѕидини и тврдини, деноноќно преокупирани надевајќи се дека тоа ќе ги заштити од имагинарниот непријател во лошиот сон. Сонот веќе одамна почнал да бледнее и не се сеќаваат добро на непријателот и неговите намери, па затоа мислат дека треба да се кријат од секого. Гледаат мост, а на другата страна од мостот има убавини, но упорно мислат дека некој им подметнал динамит под мостот. И да дојдат највешти деминери кој ќе убедат дека мостот е безбеден, нема да поминат и ќе тераат инет.

Имаш повеќе мостови на Скопска Митровица. Ќе ти купам брендирана македонска облека и знаме и ќе те пуштам низ некои места преку мостот да ги видиш убавините на Дижонските ливади, Јаја Пашините конаци, Џон Кенедиевите швалерки. Да точно, мене може ми е страв и не ги гледам тие убавини, не викам не. Меѓутоа ти си претпоставувам помлад, понапреден, со визија, со храброст, со модерни сфаќања, јас сум само заостанат и ич не сум авантгарден, туку баш напротив ептен сум ретробавчен. Затоа биди љубезен и долови ми го тој свет со фотоапарат, ќе ти кажам точно кои убавини да ми ги сликаш и точните локации. За возврат јадење и пиење на моја сметка. Ама џабе е ти ќе се треснеш од ѕидот и пак памет нема да ти дојде, можеби ако утре имаш деца и ти се возат во автобус на ЈСП да си ги видат другарчињата а некој им удри шипка во глава ќе ти дојде памет? Не верувам. Ама ај вреди да се проба. Ајде јуначе, што викаш, ќе кандисаш да ми ги отвориш очите да го видам јас тој мост и убавините ал нема да кандисаш? Богато ќе те наградам, со меанско азно ќе те сторам. Да станам и јас малце модерен, не бива вака.
 
Кај комшијата , телевизор :гик: јас три села поминував во опинци и волнени чорапи за да гледам шарам барам овој во комшии имал.
Буржуј Комуњарски.. :vozbud:
Моите навреме се доселиле на град:vozbud:
А за да љубомориш уште повеќе и водовод имавме во станот башка канализација;)
 
Ах цинизмот и мизантропијата на делови од генерацијата растена некаде помеѓу Династија и Ребелде веј. Преплашени дека ќе се случи флешбек кој ќе наликува на лошиот трип во годините помеѓу 85‘ и 95‘. Залудно градат ѕидини и тврдини, деноноќно преокупирани надевајќи се дека тоа ќе ги заштити од имагинарниот непријател во лошиот сон. Сонот веќе одамна почнал да бледнее и не се сеќаваат добро на непријателот и неговите намери, па затоа мислат дека треба да се кријат од секого. Гледаат мост, а на другата страна од мостот има убавини, но упорно мислат дека некој им подметнал динамит под мостот. И да дојдат највешти деминери кој ќе убедат дека мостот е безбеден, нема да поминат и ќе тераат инет.
http://focusnewsinfo.wordpress.com/...-je-bijeg-od-surove-stvarnosti/#comment-10492
 
190284_439250106111349_217793635_n.jpg

Сеуште омилена чоколада! :)
 
Ќе ти купам брендирана македонска облека и знаме и ќе те пуштам низ некои места преку мостот да ги видиш убавините на Дижонските ливади, Јаја Пашините конаци, Џон Кенедиевите швалерки.
Муабетов ми заличе на еден ретро трип од Шабан кој не смее да се изгуби со времето.
Јас сум видел нешта; Меѓеѓа како пасе на Ајдарпашиниот орион, туфахии како светат во излози по баш-чаршија. Сите тие моменти ќе се изгубат со време, како винилите на Шемса во мп3 универзумот.
 
Дискусијата замина во погрешна насока дефинитивно.Се пишува се и сешто.А бе луге разбирате ли Македонски.....Во СФРЈ се живеело убаво -мит или вистина....
Е па тогаш не обесувајте со секакви постови,пишувате глупости,употребувате секакви зборови а својо јазик не си го познавате доволно...

Немаме навика да се сослушуваме едни со други,зошто мислиме дека сме попаметни од сите.Никој не го чита постот до крај,и коментира без врска.

Прочитај го постот,па дај коментар или презентирај факти и докази.Сто пати ви напишав дека 80% од вас не ни постоеле кога постоела таа Југославија.Коментирате по принцип рекла-казала,тато,дедо,вујче,а никој од вас(можеби само неколку)не го осетил тој систем на свој грб.Значи се базирате на факти од луге кои живееле во тој систем,им било убаво и сега тоа ви го пренесуваат на вас,а вие немате поим.Е па тогаш нека постираат вашите татковци,дедовци,итн зошто добро го паметат тој систем како функционирал и на кој начин,па да се дискутира со луге кои живееле во тој систем....

Пак ке речам Југославија се распадна од внатре.Никој не додје од надвор со пушки и пиштоли.Лугето кои ја креираа таа држава 1945,истите дозволија да се распадне.А зошто?Зошто сите мислеа дека се паметни,и дека знаат подобро од другиот.Сите крадеа,нормално кој бил на позиција,ама на крајот се скараа зошто тој украл повеке од комшијата негов.

Разбудете се конечно,ЈУ не постои.Него да ја пренасочите енергијата кон МК,зошто како што гледам не ни цветаа рози....
 
Сто пати ви напишав дека 80% од вас не ни постоеле кога постоела таа Југославија.Коментирате по принцип рекла-казала,тато,дедо,вујче,а никој од вас(можеби само неколку)не го осетил тој систем на свој грб.Значи се базирате на факти од луге кои живееле во тој систем,им било убаво и сега тоа ви го пренесуваат на вас,а вие немате поим.Е па тогаш нека постираат вашите татковци,дедовци,итн зошто добро го паметат тој систем како функционирал и на кој начин,па да се дискутира со луге кои живееле во тој систем....
И да го затвориме подфорум историја, и онака никој не бил ни роден во времето на тие теми, од кај знаат што било како било...?

Прво, упорно тераш некаква поента дека ти си го живеел тоа време, па повеќе знаеш. Еве и Лет3 го има живеено истото, па сосема други работи кажува. И денес сите живееме во МК па упорно некои луѓе тврдат дека добро се живее, додека други тврдат дека е катастрофа. Кого да прогласиме за луд? И едните и другите живееме во истово време, а тврдиме различни работи.

Јас во бившата држава сум бил дете, немам што многу да се повикувам на лично искуство. Но можам да кажам дека моите сменија по 5-6 работни места во тоа време, доброволно. Денес кој фати некаква работа страв му е да излезе да побара подобра, зошто може да остане никункаде. Тоа факт е или не се важи? Можам да кажам дека во тоа време, моите одеа во земји како Чешка и Полска и со нивните скромни средства се враќаа со полни торби облека за мене и за сестра ми. Можам да се вратам уште порано и да кажам дека дедо ми со обична плата пораснал 4 деца, а другиот дедо 5. Бабите никогаш не морале да работат, а децата завршиле средно и одма се вработиле, машките предходно војска се разбира. Денес, можно ли е еден човек да издржува 6 члена фамилија со просечна плата? Еден искрен одговор ако може?

За тоа треба да зборуваме на темава. Баталете носталгија и емоции, овде времињата ги споредуваме. Можеби во право беше тој што пиша дека едноставно, времињата тогаш биле подобри за живот. Но од друга страна, останатите социјалистички држави беа во катастрофална состојба, СФРЈ беше Швајцарија за Бугарите кои продаваа сешто во МК за да преживеат. Во 90-те бев во Белорусија и видов убаво што значи катастрофа во буквална смисла на зборот, очај. Овде на темава некако без срам и перде се споредува системот и состојбата или стандардот во СФРЈ со оној во бивш СССР или Северна Кореја. Не е ни блиску до умот, но вие си знаете.
 
Ристо (и останати) една топла препорака. На луѓе без мозок а што мислат дека го имаат во изобилие такозвани приучени нема што да им се објаснува. Пожали ги малце поради менталната беда во која се, и остави им ги спомените. Иако се во крајност мизерни лицемери, со двојни станрди кога им одговара рационализираат а кога не евоцираат спомени отфрлувајќи секаква логика и аргумент сепак мислам дека се само припрости а не лоши луѓе. На Нео во Матрикс му нудеа две пилули он одбра да ја дознае вистината. Овие одбрале да се дрогираат. Штета што цехот на тоа нивно дрогирање ќе го плаќаат и го плаќаат младите. Не им замерувајте они не сфаќаат дека трипаат, јас совршено им ја разбирам психосоматската состојба во која се, можеш ли на лудак да му објасниш дека е во Бардовци а не во Париз? Сфатете дека после орките, во Македонија титољупците се најзагрозена категорија на луѓе со елементарно движење на мозочна активност. На ЕЕГ снимање апаротот ќе покаже рамна линија. Оставете ги со нивната дрога да отидат во пензија, а после нека лаат од старечките домови оти подобро од тоа нема. Најдругарски ви препорачувам на секој што ќе ви го почне тој муабет за СФРЈ со надменост-Мали ти у татина муда си рипал, ја на наше море кога сум бил, да му кажете да не го поти курот и да оди да си уплати со време во Панада. Со секоја понатамошна дискусија си ја навредувате и поткопувате сопствената интелигенција. Најдобронамерно ви кажувам.
Абе поентата е дека денес се живее лошо, не дека некој ќе ја воскреснува СФРЈ... Да беше поинаку немаше партијата на Угриновски да биде толку минорна. Но важно ти се излаја за да ни покажеш колку си прост и глуп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom