- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
Магистерски и дипломски како краставици на пазар
вторник, 05 јули 2011, 17:22
Магистерски, дипломски и семинарски трудови се продаваат на интернет како зеленчукот и овошјето на пазар. За идните академски граѓани или магистри кои „
немаат време или се многу изморени “ како што вели една реклама, цените почнуваат од 3 евра па нагоре во зависност од значењето на научниот труд. Ги има на социјалните мрежи, блоговите, па дури и како посебни интернет страници.
Се обидовме и ние да си најдеме дипломска од областа на туризмот. За неколку минути завршивме работа. Најдовме страница која нуди услуги за факултетите од Вардар до Триглав. Љубезно ни понудија теми, а бидејќи од нив немале на македонски ни понудија и превод....
- НН - Цената на дипломската работа на српски е 24 евра.
- АЛФА - А преводот мора сам да го направам?
- НН - можеме и ние да се обидеме да најдеме некој.
- АЛФА - бидејќи гледам дека имате македонска подршка на страницата...
- НН - можно е ние да изработиме се до крај и цената е тогаш за готова дипломска 24 евра+
трошоци за превод...
На крај добивме и понуда и препорачан избор на „ производи“ на електронска пошта. Со еден клик, стави во корпата, дипломската може да донесе печат на диплома. Ако не сакате готова магистерска, дипломска или семинарска нема проблем да ви изработат нова врз основа на тези и литература.
Од министерството за образование велат дека се свесни за проблемот. Неодамна беше најавен компјутерски програм кој ќе ги препознава плагијатите, а во моментов се работело на него.
- „Имаме план да воведеме софтвер на кој се работи. Министерството не е надлежно да ги контролира сајтовите. Доколку имаме информација за нелегално постоење на страниците кои го попречуваат едукативниот процес, го информираме МВР. Професорите најдобро си ги познаваат учениците и најдобро оценуваат за нив“- само писмено успеаа да ни објаснат од Образование.
Дека професорите најдобро си ги знаат студентите потврди универзитетскиот професор Ванчо Узунов. Говорејќи во „ Пресинг“ на АЛФА објасни дека се потребни реформи уште од основното и од средното образование.
- „Се повеќе студенти не се заинтересирани за учење туку повеќе се трудат како да се снајдат, да фатат некоја врска“- изјави меѓу другото Узунов.
Според податоците на Државниот завод за статистика во 2010-та дипломирале 9 944 студенти во земјава. За споредба во 2004-та таа бројка изнесувала 5010. Нема статистика колку македонски млади економисти, правници, доктори и други потенцијално- високообразовани кадри во своите области си пазарат научни трудови.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=38787