Вие сте за надвор од секоја категорија. Овие другиве можам само да ги сожалувам, како што им турале бром во чорбите така исто и ЛСД во црвените марами уште кога се давала заклетвата во прво одделение, нешто како Џими Хендрикс кој на истиот начин го конзумирал-преку марама. Они имаат дијагностицирано ментална дисфункција и живеат во сопствена проектирана реалност налик на холограмскиот концепт во Сај-Фај филмовите и се луѓе со проблем, луѓе за сожалување а не за исмејување, грев е на заболен човек да му се исмејуваш поради неговата состојба. Вие од друга страна сте биле поштедени од тие експерименти со трајни последици. Вас ви биле отворени и повеќе податоци, неспоредливо поголема база на информатичка технологија и достапност на (ако ништо друго барем) неформално образование, гледате (ваљда) што се случува во реалниот живот и свесно, сами од себе, без било каквов насилен или задолжителен altering од страна отфрлате се како да тоа не постои. Гледаш десет метарски ѕид пред тебе и викаш дека не е ѕид туку мост и може да се пројде преку него. И како тоа да не е доволно, во случеви и силом прилике кога морате да пројдете преку ѕидот и кога ќе си го треснете челото од истиот и ничкум ќе паднете на земја оти преку ѕид не се проаѓа, вие пак викате дека тоа не е ѕид туку мост, светски арихтекти да дојдат да ви цртаат дека се наоѓате пред ѕид вие ќе викате дека е мост. Вонсериска ступидност, за која и сеирот е дури преблагороден како метод.