Манчестер Јунајтед - Арсенал |Сабота 03 Ноември 2012 |Час: 13:45 | Олд Трафорд

Како ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    114
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Перси беше во офсајд 1 мм. Уште 2 такви офсајди дигна судијата, а и двата беа голови. Такви работи ептен тешко се примеќаат. Мислам дека судиите беа одлични.

Ете гледам си го спомнал стартот на Клеверли во вашиот фан клуб. Судијата му прости, ама ај нека ти текне дека и Вилшер имаше опасен старт на почетокот на второто полувреме и беше само предупреден. Критериумот на судијата беше ист во текот на целиот меч. Перфектно судеше и нема што да му се замери. :)

Да да, го гледав мечот со двајца навивачи на Арсенал и баш коментираа за ова. После жолтите картони, и двајцата имаа уште по еден остар старт, судијата им прости. Потоа Ферги паметно направи што го извади Клеверли, а Вилшер остана во игра и си заработи црвен картон, за трет остар старт. :)
 
Вишлер на утакмицава направи 3 прекршока,за првиот доби оправдано жолт,вториот беше обичен и за третиот заслужено и доби уште еден жолт.Додека на Клеверли му прогледа низ прсти за последниот прекршок,со Керик се отепаа од прекршоци правење,затоа и Арсенал неможеа да ја наметнат својата игра.

Дај бе не заебавај,да наметнеле своја игра. Кај бевте цело прво полувреме со одвај,значи велам одваааај создадена 1 шанса?
Вилшер како што рече си доби заслужено,играше доста нервозно.

Клеверли го опоменаа,престана да прави прекршоци,а исто така и паметно изигра Фергусон со тоа што изврши замена.
 
Јас само не знам зошто Кош дреме на клупа, лани ви беше најдобар дефанзивец. Па Меси во џеб го стави.

Епа ајде, место кој да игра сега? Место Мертесакер кој ни е убедливо најдобар сезонава, а лани му беше само приспособување или пак место капитенот? Многу лоша одлука на Венгер според мене, не знам кое би било решението сега, а штета Кош да седи на клупа.
 
А маја-герито на РВП? Влез со 2нозе и го покоси на Сања...Не се примекало,незнам што.Нерегуларен што е голот нерегуларен е.И тоа нема никаква врска што сме играле бедно.Незначи тим што игра бедно треба да се суди против него,зошто таква е вашата логика...
 
Епа ајде, место кој да игра сега? Место Мертесакер кој ни е убедливо најдобар сезонава, а лани му беше само приспособување или пак место капитенот? Многу лоша одлука на Венгер според мене, не знам кое би било решението сега, а штета Кош да седи на клупа.

Епа лев бек Вермален, стопери Мерте и Кош, десно Сања :) За Сантос, гледате што (на)прави. Се надевам Венгер ќе изреагира нешто за постапката со дресот, на Фергусон да му беше ќе имаше јак hairdryer. Зошто лани од тоа што го гледав Арсенал, видов дека мерак му е на Вермален да оди напред, мислам дека и за Белгија игра бек а Вертонген е стопер, така мислам беше. Вермален лани даде неколку гола од што беше присутен напред ама и направи неколку грешки позади :)
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 16:37 ---
А маја-герито на РВП? Влез со 2нозе и го покоси на Сања...Не се примекало,незнам што.Нерегуларен што е голот нерегуларен е.И тоа нема никаква врска што сме играле бедно.Незначи тим што игра бедно треба да се суди против него,зошто таква е вашата логика...

Па првиот старт на Вилшер над Клеверли на наша половина да не беше нешто поарен од тоа? Го собори доле од позади. Пак и тоа жолт и ова жолт на РвП. Не знам што не ви е јасно.
 
Шт сакате да ми кажете,дека и оваа утакмица,се судеше за нас:eek:,ако е таќа,извините,ама со вас стварно нешто не е у ред.
 
Ептен one sided game, венгер се посра со составот, а нашиве играа толку лежерно што помислив дека е меморијален меч по повод жртвите од сенди. Вакво досадно дерби не сум гледал одамна, немаше дух и жар во играчиве, арсеналци усрани ко да дошле да играат во авганистан покрај терористи.
Се знаеше дека ќе тепаме, не знам како беа некои убедени дека ќе направи овој арсенал нешто, па овој арсенал нема ни 2% од тој арсенал што јас го знам. Секоја чест за вилшер и казорла, играчишта се иако немаа многу простор денес, артета не го видов - руни го стави во џеб. Другите поим немам кои беа зошто и ретко топка фаќаа. А од нашиве секоја чест за Ван Перси, класа е нема муабет.
Се надевам следното дерби на емирати ќе биде поборбено.
 
Како бе не е тоа за црвен на РВП ? :pos: Старт со две нозе. И друго,женцко моја,сакам да слушнам коментар твој за 2от гол.Без ама мал беше офсајдот,неможеше да се види или слично.Дали беше региларен или не?
 
Добро ај заебете судиите регуларно судели или не било регуларно,не мисалм пак 2 недели истото да го читам по темиве :tapp:
Си изгравме катастрофа си изгубивме.
 
Шт сакате да ми кажете,дека и оваа утакмица,се судеше за нас:eek:,ако е таќа,извините,ама со вас стварно нешто не е у ред.

Не велам наместена или нешто слично,но повторно неколку судиски одлуки на ваша страна,кои иако игравме бедно да беа на место ќе беше друга приказна...Па нели бедно игравме,а гол дадовме...
 
Старт за црвен тоа рвп:facepalm:,на своја половина,ај барем да беше старт од позади,ма немој да ме јебеш бре.
 
Вермаелен капитен-капитенски :cool:
Топче немој да ми кажеш сега дека судии повторно беа на наша страна , патем фер и коректно судење беше ...
Арсенал мизерни до 65-70 мин со 0 шут кон голот :pos:
Андо ја направи разликата кога влезе во играта , веројатно САФ имаше други планови па затој го стави на клупа ...
Да имаше офанзивна игра ќе ги наполнивме со голови , глава нема да кренат .... али САФ респект имаше спрема Арсенал т.е Венгер веројатно заради Перси :cool:
иначе очекувам и против Сити уште црвени картони да се делат :pos::pos:
Се на се добра утакмица ...
 
Не велам наместена или нешто слично,но повторно неколку судиски одлуки на ваша страна,кои иако игравме бедно да беа на место ќе беше друга приказна...Па нели бедно игравме,а гол дадовме...
Како треба ние да победим за еднаш да речете дека била чиста победа?
 
Aj бидете добри, колку што го мразите Јунајтед и извадете ми процент од досудените пенали на Јунајтед и добиените црвени картони во последните десетина дерби. :D Без разлика дали биле или не.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom