Јас можам да пишувам само за мене и тие околу мене, ама секој е своја приказна
Кај нас беше вака - маркетот работеше во 3 смени, без престан. Што значи бевме и ние распоредени во 3 смени на работа.
Јас работев во прва смена, значи работно време ми беше 7-3. Се будев околу 6, за да имам време и кафе да пијам, имаше такви кои стануваа и 6 и 40
Околу 6 и 40 имавме превоз до работа.
Првиот месец додека се ,,запознававме,, со менаџерите, беше ужасно тежок, работата беше тешка (или ние ненавикнати), не знаевме како да ,,шмугнеме,, па да искористиме минута одмор итн.
После првиот месец, вака ми изгледаше мене (само затоа што ме сакаше менаџерката, па не ме малтретираше) денот: Почнувам со работа некаде 7:10. Во 9, имам платена пауза за кафе, 15 минути. Во 11 и 30, имам неплатена пауза, 30 минути. Во 1 и 30 имам платена пауза, 10 минути (пуш пауза).
Битно е да напоменам дека речиси сите имаа само една неплатена пауза, малку бевме среќниците што успеавме да добиеме 2 платени. Фактички, тие што беа ,,најработници,, во очите на менаџерката ги добија овие паузички
Во 3 ипол се одеше дома. Освен кога работев 2 работи, во 3 ипол одев на второто работно место.
Кога работев 2 работи, имав време само да се истуширам. Во 6 ипол сабајле излегуваш од дома во 11 ипол се враќаш дома. Имаш 7 саати да јадеш, пиеш, спиеш, бањаш.... немаш време за дружење.
2 работи работев само 1 месец.
Кога не работев 2 работа, после работа одење дома, висење на интернет (временската разлика беше 7 саати, па тогаш беше околу 11 навечер во Македонија), после тоа, спиење, јадење нешто и дружење.
Самиот град немаше кафичи и ноќен живот, ние сами си правевме неколку журки, а инаку се собиравме, друштвото ни, и седенки.
Секој има различно искуство, не се фаќај за моево. Имаше еден Србин, 2-3 пати се случи да работи поврзано 9 смени... тоа се 3 дена без престан