Ако даваш некое паметно мислење (како над ова мислење) добро, ако не, не се регистрирај само за глупости и гитла од форумов!ebate belja. na tipov ko da mu crknala "cigankata". DOLE VLADA!!! ZORAN "KOUZON" ZA PREMIER!!!![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако даваш некое паметно мислење (како над ова мислење) добро, ако не, не се регистрирај само за глупости и гитла од форумов!ebate belja. na tipov ko da mu crknala "cigankata". DOLE VLADA!!! ZORAN "KOUZON" ZA PREMIER!!!![]()
Дали некој кој бил Work and Travel , искористил некој кредит,кој го нудат агенциите со договор на банките (тутнска, охридска итн.),за оние кој немаат доволно средства да заминат, ако има некој таков нека сподели искуства!![]()
I jas sum tuka za dobar sovet i pametno mislenje, i fala bogu ima i takvi. Toa sto vredi se iskustva na tie sto bile (respect Milivoe i sl).Ако даваш некое паметно мислење (како над ова мислење) добро, ако не, не се регистрирај само за глупости и гитла од форумов!
Ова навистина првпат го слушам, познавам дечки што нашле втора работа, некои и трета . Ама 4 работи ? Како ти успеа те молам сподели со сите нас останати. Знам, може ќе кажеш треба среќа и снаодливост. Ама сепак мислам за 4 работи ептен ти се истурила среќата .Работев 4 работи и среќа убаво ми се уклапаа.. 8,5 ми беше минимум саатнина. имаше и бакшиш... работев од базени , преку собарка до молер и помошник багерист... али судоперач убедливо најтешка работа. SSN ни стигна многу касно дури на крај на Јули така да неможев да барам по асални работи.
Ова навистина првпат го слушам, познавам дечки што нашле втора работа, некои и трета . Ама 4 работи ? Како ти успеа те молам сподели со сите нас останати. Знам, може ќе кажеш треба среќа и снаодливост. Ама сепак мислам за 4 работи ептен ти се истурила среќата .![]()
Ти ја препорачувам Тутунска Банка, одлични услови. Јас земав 60,000 од ФУЛМ и 45,000 од Тутунска.
од ФУЛМ ќе размислам дали би земал пак , освен ако не ми е зорт .. околу 12 % камата + 3,000 ти крпат на старт (ќе дознаеш кога ти го исплаќаат кредитот за овие) и каматата е антиципативна (значи истиот месец кога зимаш плаќаш прва рата) рата ми беше 700 денари месечно и се намалуваше секој месец (нешто ситно) пошо имав грејс период тука е вклучен и грејсот. На крај плаќаш главнина и последна рата до месецот кога ги враќаш парите и ништо повеќе ... но ми испадна околу 6000 со се камата за 4-5 месеци и стартни трошоци за кои нема да ве известат..
у меѓувреме у Тутунска ми беше 250 денари месечно камата и + 2000 за главнина пошто не земав грејс. W&T кредитот не им е лош али ја во случајов земав ненаменски пошто испадна дека ми фалат пари.. ако имаш некој што зима плата или пензија во NLB не размислувај.
Околу Америка и патот до таму...
Бев преку Наром , се на се ме фати 138,000 денари. Требаше 2300$ според нив, али испадна околу 3000$. Услугата је врв, али скриени трошоци си има па веќе коа си дал ќе даеш уште малце .. и уште малце .. итн итн.
да појаснам дека у 3000 долари е вклучено и превоз до Софија, џепарлак 350 долари (земи си 500 пошо првата недела веќе се зајмев..) + камати и провизии за кредити и праќање пари дома.
Пари исподававме на глупости пошто незнаевме , првпат годинава идеме, но памет за следен пат.. Друштвото и околината се погоди топ, без мн мн сељаци да не речам сите поштени беа, околината беше фул студенти , нонстоп куќни журки и по 80-90 саати работење неделно. Секако има и негативни ствари али грото е позитивно па нема да ве замарам со негативности и ситници.
Бевме на туристичко место , у планини па кој би помислил дека ќе испадне толку добро. Работев 4 работи и среќа убаво ми се уклапаа.. 8,5 ми беше минимум саатнина. имаше и бакшиш... работев од базени , преку собарка до молер и помошник багерист... али судоперач убедливо најтешка работа. SSN ни стигна многу касно дури на крај на Јули така да неможев да барам по асални работи.
Почетните трошоци ги извадив за 1 месец а истиот и киријата си ја плаќав. Вкупно направив околу 9000 долари(+ ситно) за цело лето, вратив почетни трошоци, 4100 потрошив таму за трошоци, електроника и шетање 2 недели. остатокот го вратив дома и чекам солиден данок.
Следен пат , најверојатно, повторно со Наром ќе одам од други причини ... иако е доста поскапено годинава за разлика од лани. Тоа е за моето искуство летово ...
пс. Американците се тешки идиоти , можеш да ги вртиш како сакаш и како сакаш да им ги извадиш парите ...
Значи друже си работел ептен турбоИма некои што преферираат да се жалат по дома и да пијат чкарт Бад Лајт...Со оглед на тоа што англискиот на почеток и не ми беше нај нај, не бев некој кандидат, посебен... али од почеток на градот до другиот крај , поштено аплицираш секаде па и на најсмешните места кај што знаеш дека не им требаат луѓе
и ако немаш телефон, као ние на почеток, поштено за 2 дена одиш на сите тие места да провериш до каде ти е апликацијата. Во Јуни у принцип едвај втора се наоѓа и беше лабаво .. во првата недела од Јули веќе почињаат да ти вртат работодавци и од тука се е ствар на распоред и дали можеш да ги уклопиш со предходните 2 работи. првата и втората работа останаа фиксни цело лето, 3 и 4та ги мењавме како ни одговара за да пополниме полу-слободни денови во неделата... и беа претежно понапорни работи каде што одиш кога тебе ти одговара...
А околу овер... знам луѓе што направија и нешто повеќе од мене со една работа, каде имаа и боље саатница и ги молеа за овер да останат .. ем бакшиш зимаа плус. Само што не беа МКД. Ние каде што работевме оверот се сведуваше на минимум и менаџерот јадеше минуси ако дозволи многу овер па сега процени колку овер сме имале![]()
Јас мислам оти и една е доволна ако е добра платата и дават прекувремено да се работе, да се направат убави пари.
Бидејќи ти веќе си била, сакам да те прашам да напишеш еден најобичен ден (работен) како изгледа. Значи отприлика во колку часот се станува за на работа, во колку завршува работното време, дали после тоа имаш време за други активности шетање, кафичи и сл ./quote]
Значи друже си работел ептен турбо, дури си гледал и полуслободните денови да ги пополниш со работа и да извадиш нешто екстра. Како успеа со толкави работни обврски да прошеташ и да видиш низ УСА ? Или можеби 3 месеци беше стрикно на она работа - дома, работа и спиење а четвртиот месец со заработката имаше простор за журки, шетање, излегувања, купување и тн ?
Бидејќи ти веќе си била, сакам да те прашам да напишеш еден најобичен ден (работен) како изгледа. Значи отприлика во колку часот се станува за на работа, во колку завршува работното време, дали после тоа имаш време за други активности шетање, кафичи и сл .
Бидејќи ти веќе си била, сакам да те прашам да напишеш еден најобичен ден (работен) како изгледа. Значи отприлика во колку часот се станува за на работа, во колку завршува работното време, дали после тоа имаш време за други активности шетање, кафичи и сл .
Во ред пума ти благодарам многу за објаснувањето, сега пред да почнам со аплицирањево од први, прибирам различни искуства и мислења, максимално собирам информации од секаде за животот таму, начинот на работа, плаќањето, меѓучовечките односи и тн и тн, да знам барем отприлика што ме чека и барем колку толку да можам од тука пред да се трга психички да се спремам.Јас можам да пишувам само за мене и тие околу мене, ама секој е своја приказна
Кај нас беше вака - маркетот работеше во 3 смени, без престан. Што значи бевме и ние распоредени во 3 смени на работа.
Јас работев во прва смена, значи работно време ми беше 7-3. Се будев околу 6, за да имам време и кафе да пијам, имаше такви кои стануваа и 6 и 40Околу 6 и 40 имавме превоз до работа.
Првиот месец додека се ,,запознававме,, со менаџерите, беше ужасно тежок, работата беше тешка (или ние ненавикнати), не знаевме како да ,,шмугнеме,, па да искористиме минута одмор итн.
После првиот месец, вака ми изгледаше мене (само затоа што ме сакаше менаџерката, па не ме малтретираше) денот: Почнувам со работа некаде 7:10. Во 9, имам платена пауза за кафе, 15 минути. Во 11 и 30, имам неплатена пауза, 30 минути. Во 1 и 30 имам платена пауза, 10 минути (пуш пауза).
Битно е да напоменам дека речиси сите имаа само една неплатена пауза, малку бевме среќниците што успеавме да добиеме 2 платени. Фактички, тие што беа ,,најработници,, во очите на менаџерката ги добија овие паузички
Во 3 ипол се одеше дома. Освен кога работев 2 работи, во 3 ипол одев на второто работно место.
Кога работев 2 работи, имав време само да се истуширам. Во 6 ипол сабајле излегуваш од дома во 11 ипол се враќаш дома. Имаш 7 саати да јадеш, пиеш, спиеш, бањаш.... немаш време за дружење.
2 работи работев само 1 месец.
Кога не работев 2 работа, после работа одење дома, висење на интернет (временската разлика беше 7 саати, па тогаш беше околу 11 навечер во Македонија), после тоа, спиење, јадење нешто и дружење.
Самиот град немаше кафичи и ноќен живот, ние сами си правевме неколку журки, а инаку се собиравме, друштвото ни, и седенки.
Секој има различно искуство, не се фаќај за моево. Имаше еден Србин, 2-3 пати се случи да работи поврзано 9 смени... тоа се 3 дена без престан
![]()