Work and travel USA

Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
ebate belja. na tipov ko da mu crknala "cigankata". DOLE VLADA!!! ZORAN "KOUZON" ZA PREMIER!!! :drk:
Ако даваш некое паметно мислење (како над ова мислење) добро, ако не, не се регистрирај само за глупости и гитла од форумов!
 
Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
Дали некој кој бил Work and Travel , искористил некој кредит,кој го нудат агенциите со договор на банките (тутнска, охридска итн.),за оние кој немаат доволно средства да заминат, ако има некој таков нека сподели искуства!:)
Ти ја препорачувам Тутунска Банка, одлични услови. Јас земав 60,000 од ФУЛМ и 45,000 од Тутунска.

од ФУЛМ ќе размислам дали би земал пак , освен ако не ми е зорт .. околу 12 % камата + 3,000 ти крпат на старт (ќе дознаеш кога ти го исплаќаат кредитот за овие) и каматата е антиципативна (значи истиот месец кога зимаш плаќаш прва рата) рата ми беше 700 денари месечно и се намалуваше секој месец (нешто ситно) пошо имав грејс период тука е вклучен и грејсот. На крај плаќаш главнина и последна рата до месецот кога ги враќаш парите и ништо повеќе ... но ми испадна околу 6000 со се камата за 4-5 месеци и стартни трошоци за кои нема да ве известат..

у меѓувреме у Тутунска ми беше 250 денари месечно камата и + 2000 за главнина пошто не земав грејс. W&T кредитот не им е лош али ја во случајов земав ненаменски пошто испадна дека ми фалат пари.. ако имаш некој што зима плата или пензија во NLB не размислувај.

Околу Америка и патот до таму...
Бев преку Наром , се на се ме фати 138,000 денари. Требаше 2300$ според нив, али испадна околу 3000$. Услугата је врв, али скриени трошоци си има па веќе коа си дал ќе даеш уште малце .. и уште малце .. итн итн.

да појаснам дека у 3000 долари е вклучено и превоз до Софија, џепарлак 350 долари (земи си 500 пошо првата недела веќе се зајмев..) + камати и провизии за кредити и праќање пари дома.

Пари исподававме на глупости пошто незнаевме , првпат годинава идеме, но памет за следен пат.. Друштвото и околината се погоди топ, без мн мн сељаци да не речам сите поштени беа, околината беше фул студенти , нонстоп куќни журки и по 80-90 саати работење неделно. Секако има и негативни ствари али грото е позитивно па нема да ве замарам со негативности и ситници.

Бевме на туристичко место , у планини па кој би помислил дека ќе испадне толку добро. Работев 4 работи и среќа убаво ми се уклапаа.. 8,5 ми беше минимум саатнина. имаше и бакшиш... работев од базени , преку собарка до молер и помошник багерист... али судоперач убедливо најтешка работа. SSN ни стигна многу касно дури на крај на Јули така да неможев да барам по асални работи.

Почетните трошоци ги извадив за 1 месец а истиот и киријата си ја плаќав. Вкупно направив околу 9000 долари(+ ситно) за цело лето, вратив почетни трошоци, 4100 потрошив таму за трошоци, електроника и шетање 2 недели. остатокот го вратив дома и чекам солиден данок.

Следен пат , најверојатно, повторно со Наром ќе одам од други причини ... иако е доста поскапено годинава за разлика од лани. Тоа е за моето искуство летово ...

пс. Американците се тешки идиоти , можеш да ги вртиш како сакаш и како сакаш да им ги извадиш парите ...
 
Член од
29 октомври 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
Ако даваш некое паметно мислење (како над ова мислење) добро, ако не, не се регистрирај само за глупости и гитла од форумов!
I jas sum tuka za dobar sovet i pametno mislenje, i fala bogu ima i takvi. Toa sto vredi se iskustva na tie sto bile (respect Milivoe i sl).
Tvoevo bese "epten" reklama. Ke bese dovolen samo link, poso malku e neprijatno da se citaat esei od tip "kako da se iznafalis" u 1000 zbora. Nema ljutis, i ova e mislenje...
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Работев 4 работи и среќа убаво ми се уклапаа.. 8,5 ми беше минимум саатнина. имаше и бакшиш... работев од базени , преку собарка до молер и помошник багерист... али судоперач убедливо најтешка работа. SSN ни стигна многу касно дури на крај на Јули така да неможев да барам по асални работи.
Ова навистина првпат го слушам, познавам дечки што нашле втора работа, некои и трета . Ама 4 работи ? Како ти успеа те молам сподели со сите нас останати. Знам, може ќе кажеш треба среќа и снаодливост. Ама сепак мислам за 4 работи ептен ти се истурила среќата . :)
 
L

Luki Junior

Гостин
Јас мислам оти и една е доволна ако е добра платата и дават прекувремено да се работе, да се направат убави пари.
 
Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
Ова навистина првпат го слушам, познавам дечки што нашле втора работа, некои и трета . Ама 4 работи ? Како ти успеа те молам сподели со сите нас останати. Знам, може ќе кажеш треба среќа и снаодливост. Ама сепак мислам за 4 работи ептен ти се истурила среќата . :)
Има некои што преферираат да се жалат по дома и да пијат чкарт Бад Лајт... :) Со оглед на тоа што англискиот на почеток и не ми беше нај нај, не бев некој кандидат, посебен... али од почеток на градот до другиот крај , поштено аплицираш секаде па и на најсмешните места кај што знаеш дека не им требаат луѓе :) и ако немаш телефон, као ние на почеток, поштено за 2 дена одиш на сите тие места да провериш до каде ти е апликацијата. Во Јуни у принцип едвај втора се наоѓа и беше лабаво .. во првата недела од Јули веќе почињаат да ти вртат работодавци и од тука се е ствар на распоред и дали можеш да ги уклопиш со предходните 2 работи. првата и втората работа останаа фиксни цело лето, 3 и 4та ги мењавме како ни одговара за да пополниме полу-слободни денови во неделата... и беа претежно понапорни работи каде што одиш кога тебе ти одговара...

А околу овер... знам луѓе што направија и нешто повеќе од мене со една работа, каде имаа и боље саатница и ги молеа за овер да останат .. ем бакшиш зимаа плус. Само што не беа МКД. Ние каде што работевме оверот се сведуваше на минимум и менаџерот јадеше минуси ако дозволи многу овер па сега процени колку овер сме имале :)
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Ти ја препорачувам Тутунска Банка, одлични услови. Јас земав 60,000 од ФУЛМ и 45,000 од Тутунска.

од ФУЛМ ќе размислам дали би земал пак , освен ако не ми е зорт .. околу 12 % камата + 3,000 ти крпат на старт (ќе дознаеш кога ти го исплаќаат кредитот за овие) и каматата е антиципативна (значи истиот месец кога зимаш плаќаш прва рата) рата ми беше 700 денари месечно и се намалуваше секој месец (нешто ситно) пошо имав грејс период тука е вклучен и грејсот. На крај плаќаш главнина и последна рата до месецот кога ги враќаш парите и ништо повеќе ... но ми испадна околу 6000 со се камата за 4-5 месеци и стартни трошоци за кои нема да ве известат..

у меѓувреме у Тутунска ми беше 250 денари месечно камата и + 2000 за главнина пошто не земав грејс. W&T кредитот не им е лош али ја во случајов земав ненаменски пошто испадна дека ми фалат пари.. ако имаш некој што зима плата или пензија во NLB не размислувај.

Околу Америка и патот до таму...
Бев преку Наром , се на се ме фати 138,000 денари. Требаше 2300$ според нив, али испадна околу 3000$. Услугата је врв, али скриени трошоци си има па веќе коа си дал ќе даеш уште малце .. и уште малце .. итн итн.

да појаснам дека у 3000 долари е вклучено и превоз до Софија, џепарлак 350 долари (земи си 500 пошо првата недела веќе се зајмев..) + камати и провизии за кредити и праќање пари дома.

Пари исподававме на глупости пошто незнаевме , првпат годинава идеме, но памет за следен пат.. Друштвото и околината се погоди топ, без мн мн сељаци да не речам сите поштени беа, околината беше фул студенти , нонстоп куќни журки и по 80-90 саати работење неделно. Секако има и негативни ствари али грото е позитивно па нема да ве замарам со негативности и ситници.

Бевме на туристичко место , у планини па кој би помислил дека ќе испадне толку добро. Работев 4 работи и среќа убаво ми се уклапаа.. 8,5 ми беше минимум саатнина. имаше и бакшиш... работев од базени , преку собарка до молер и помошник багерист... али судоперач убедливо најтешка работа. SSN ни стигна многу касно дури на крај на Јули така да неможев да барам по асални работи.

Почетните трошоци ги извадив за 1 месец а истиот и киријата си ја плаќав. Вкупно направив околу 9000 долари(+ ситно) за цело лето, вратив почетни трошоци, 4100 потрошив таму за трошоци, електроника и шетање 2 недели. остатокот го вратив дома и чекам солиден данок.

Следен пат , најверојатно, повторно со Наром ќе одам од други причини ... иако е доста поскапено годинава за разлика од лани. Тоа е за моето искуство летово ...

пс. Американците се тешки идиоти , можеш да ги вртиш како сакаш и како сакаш да им ги извадиш парите ...
Red Jacket? :)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Има некои што преферираат да се жалат по дома и да пијат чкарт Бад Лајт... :) Со оглед на тоа што англискиот на почеток и не ми беше нај нај, не бев некој кандидат, посебен... али од почеток на градот до другиот крај , поштено аплицираш секаде па и на најсмешните места кај што знаеш дека не им требаат луѓе :) и ако немаш телефон, као ние на почеток, поштено за 2 дена одиш на сите тие места да провериш до каде ти е апликацијата. Во Јуни у принцип едвај втора се наоѓа и беше лабаво .. во првата недела од Јули веќе почињаат да ти вртат работодавци и од тука се е ствар на распоред и дали можеш да ги уклопиш со предходните 2 работи. првата и втората работа останаа фиксни цело лето, 3 и 4та ги мењавме како ни одговара за да пополниме полу-слободни денови во неделата... и беа претежно понапорни работи каде што одиш кога тебе ти одговара...

А околу овер... знам луѓе што направија и нешто повеќе од мене со една работа, каде имаа и боље саатница и ги молеа за овер да останат .. ем бакшиш зимаа плус. Само што не беа МКД. Ние каде што работевме оверот се сведуваше на минимум и менаџерот јадеше минуси ако дозволи многу овер па сега процени колку овер сме имале :)
Значи друже си работел ептен турбо(y), дури си гледал и полуслободните денови да ги пополниш со работа и да извадиш нешто екстра. Како успеа со толкави работни обврски да прошеташ и да видиш низ УСА ? Или можеби 3 месеци беше стрикно на она работа - дома, работа и спиење а четвртиот месец со заработката имаше простор за журки, шетање, излегувања, купување и тн ?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Јас мислам оти и една е доволна ако е добра платата и дават прекувремено да се работе, да се направат убави пари.
Дефинитивно тоа е најдобрата опција.
Работата ти станува рутина, па плус 3-4 саати не ти менуваат ништо.
Барем мене, ми беше многу полесно да поработам уште една или пола смена на исто раб. место, отколку да одам на друго...
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Бидејќи ти веќе си била, сакам да те прашам да напишеш еден најобичен ден (работен) како изгледа. Значи отприлика во колку часот се станува за на работа, во колку завршува работното време, дали после тоа имаш време за други активности шетање, кафичи и сл .
 
Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
Значи друже си работел ептен турбо(y), дури си гледал и полуслободните денови да ги пополниш со работа и да извадиш нешто екстра. Како успеа со толкави работни обврски да прошеташ и да видиш низ УСА ? Или можеби 3 месеци беше стрикно на она работа - дома, работа и спиење а четвртиот месец со заработката имаше простор за журки, шетање, излегувања, купување и тн ?
Ноќен живот и разонода и мене ми беше предуслов за место на работење за да не опаднам психички ... затоа не отидов во Дакота или аљаска или било која вукојебина у УСА..

Не е толку жустро како што мислиш, мене Јули и почеток на Август ми беше турбо пошо сакав да се отарасам од кредитите али си оставав некој полуслободен ден за шопинг да направам. Јуни и Септември и да нејќеш ќе ги имаш полу па и фул слободни денови :) Работата таму не е како тука некој да ти виси над глава и форсира (не гарантирам дека секаде е вака! али првите недела две покажи се добро..) така да 50% од времето се ашкаш и изгледаш убаво, 50% работиш колку да те видат дека правиш нешто...

Околу излегувања и журки, организирај си сам дали сакаш пари да направиш или да шеташ. Јас лично со 20 години неможев да идам по клубови, други и по клубови идеа. Журките почнуваат кога ќе се вратат сите од работа а тоа значи после 11-12 вечер, така да тоа не ти бега освен ако не си решен да спиеш - а и немораш :) просечно 1 журка неделно има. али пак зависи, од други слушнав дека едвај 1-2 начекале преку цело лето...

Толку од мене , позз ... и ако има некој чуено за екстра евтина понуда за СЕЛФ нека пише ...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.615
Поени од реакции
14.488
Бидејќи ти веќе си била, сакам да те прашам да напишеш еден најобичен ден (работен) како изгледа. Значи отприлика во колку часот се станува за на работа, во колку завршува работното време, дали после тоа имаш време за други активности шетање, кафичи и сл .

Јас одев од 8 сабајле до кај 1,2 попладне, после тоа си идев дома, се одмарав добро, и после од 4 до кај 9, 10 навечер. Имаш доволно време меѓу смени за да се одмориш, а имаш време и после работа да прошеташ некаде. Е сега имаше и некои што работеа од кај 10 сабајле па до 4,5 и имаа само пола саат пауза, али затоа пак насабајле беа понаспани од нас. :) Ќе имаш време за се, не се секирај, еден ден секако ќе имаш слободен, законски мислам дека секој работник мора да има по еден ден слободен, па тогаш ќе имаш време за други активности. Ако си на некое сезонско место, ќе работиш така 3 месеци, ќе помине сезоната, па после тоа ќе работиш можеби само за викенди, па тогаш ќе имаш буквално време за се, и секако ќе имаш заработено доста. А и веруј дека и да имаш повеќе слободно време, ќе нема што да правиш, кога помина сезоната во септември месец со нетрпение чекав да дојде викенд да одам да поработам малку. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Бидејќи ти веќе си била, сакам да те прашам да напишеш еден најобичен ден (работен) како изгледа. Значи отприлика во колку часот се станува за на работа, во колку завршува работното време, дали после тоа имаш време за други активности шетање, кафичи и сл .
Јас можам да пишувам само за мене и тие околу мене, ама секој е своја приказна :)

Кај нас беше вака - маркетот работеше во 3 смени, без престан. Што значи бевме и ние распоредени во 3 смени на работа.
Јас работев во прва смена, значи работно време ми беше 7-3. Се будев околу 6, за да имам време и кафе да пијам, имаше такви кои стануваа и 6 и 40 :) Околу 6 и 40 имавме превоз до работа.
Првиот месец додека се ,,запознававме,, со менаџерите, беше ужасно тежок, работата беше тешка (или ние ненавикнати), не знаевме како да ,,шмугнеме,, па да искористиме минута одмор итн.
После првиот месец, вака ми изгледаше мене (само затоа што ме сакаше менаџерката, па не ме малтретираше) денот: Почнувам со работа некаде 7:10. Во 9, имам платена пауза за кафе, 15 минути. Во 11 и 30, имам неплатена пауза, 30 минути. Во 1 и 30 имам платена пауза, 10 минути (пуш пауза).
Битно е да напоменам дека речиси сите имаа само една неплатена пауза, малку бевме среќниците што успеавме да добиеме 2 платени. Фактички, тие што беа ,,најработници,, во очите на менаџерката ги добија овие паузички :)

Во 3 ипол се одеше дома. Освен кога работев 2 работи, во 3 ипол одев на второто работно место.
Кога работев 2 работи, имав време само да се истуширам. Во 6 ипол сабајле излегуваш од дома во 11 ипол се враќаш дома. Имаш 7 саати да јадеш, пиеш, спиеш, бањаш.... немаш време за дружење.
2 работи работев само 1 месец.

Кога не работев 2 работа, после работа одење дома, висење на интернет (временската разлика беше 7 саати, па тогаш беше околу 11 навечер во Македонија), после тоа, спиење, јадење нешто и дружење.

Самиот град немаше кафичи и ноќен живот, ние сами си правевме неколку журки, а инаку се собиравме, друштвото ни, и седенки.

:) Секој има различно искуство, не се фаќај за моево. Имаше еден Србин, 2-3 пати се случи да работи поврзано 9 смени... тоа се 3 дена без престан ;)
 
Во ред пума ти благодарам многу за објаснувањето, сега пред да почнам со аплицирањево од први, прибирам различни искуства и мислења, максимално собирам информации од секаде за животот таму, начинот на работа, плаќањето, меѓучовечките односи и тн и тн, да знам барем отприлика што ме чека и барем колку толку да можам од тука пред да се трга психички да се спремам. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom