Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 29.900
- Поени од реакции
- 44.848
Eпа тука многумина грешите во математиките, италијанците немаат намера повеќе да даваат огромни суми за договорите на играчите а ко капак на се и огромната сума што треба да ја платат за да го купат, зашто покрај тие 30м евра кои ти ги говориш, они годишно минимум ќе губат 10м евра од договорот на Ван Перси, плус оданочувања и триста курци, таа сума расте, фактички еден играч од 15м евра им иде на договор за ѕвезда у тим, што мислиш, зашто Силва и Ибра си отидоа од Милан а они донесоа ефтина багра на фудбалери со мали договори ? Тоа е ... само и во ваква ситуација може да се погоди трансфер, ко Јуве лани со Видал, Пирло, Лихштајнер, Барцаљи и да не набројувам уше пар добри играчи што земаа а не коштаа многу и немаат големи договори.. Затоа они понудија само 8 за него Перси, зашто знаеа дека договорот ќе ги јаде али ете нашле простор за играч со таков договор у екипа ама затоа немаа апсолутно никаков простор за него да дадат и 20м евра плус.Можеби не се кадарни да склопат цел тим од ѕвезди ама ако се има предвид дека Исла и Џовинко (играч на Јуве) ги платија 30 милиони, ете ти го трансферот на Ван Перси. Муабетот е што моментално не само Јуве, туку и грото италијански клубови одат на квантитет а не на квалитет. Се додека е ова вака италијанскиот фудбал ќе трпи во Европа а особено во ЛШ.
Инаку, стадионот на Јуве е со капацитет од 41000 и со таков капацитет е тешко да организираат финале на ЛШ. Тие го направија по свој терк затоа што поглемиот дел од навивачите во градот се за Торино (Јуве има армија навивачи ширум Италија) и таа бројка од 41000 е оптимална за трибините да бидат горе-доле исполнети на секој меч.
Инаку Исла е одличен играч, немаше фан на Интер што не го сакаше летоска во тимот ама ете повредата може да има некакво влијание врз него инаку он е доста корисен и покрива едно 3-4 позиции на теренот асално, од бек до централно у средина па и десно крило по потреба, страшен играч е.