Најдоброто од натпреварот е тоа што, Јуве победува и кога игра послабо од очекувањата. Второто полувреме се поправија малку, но факт е дека Јуве не играше онака како што умее да игра.
А дуелот со Наполи, не е, и не смее да се нарекува дерби средба.
Дерби средба на Јуве може да биде против Интер или Милан. Не може треторазредна екипа како Наполи со повремен блесок како оваа година, која во цела своја историја има освоено помалку од половина титули колку што има освоено само Алесандро Дел Пиеро кога беше во Јувентус да се нарекува дерби средба. Ако дуелот Јуве-Наполи заслужува да се нарекува дерби тогаш слободно може да се нарекуваат дерби и следните натпревари на Јуве со Џенова,Болоња и Про Верчели кои имаат дупло повеќе титули од Наполи.
Денеска Видал го имаше најлошиот натпревар во дресот на Јуве. Доста деконцентриран, често беше вон позиција, слабо покриваше и се чувствуваше умор во неговата игра. Логично е дека играчот не може секој натпревар да го игра на максимално ниво, и добар потег на Конте/Алесио е што го вметнаа младиот Погба на неговото место кој изигра одлично. Дури и во ЛШ треба да му се даде доверба на Погба да го стартува натпреварот од почеток на местото на Артуро, за Видал добро да се одмори, а Погба да го покажи својот несомнен талент. Добро е што така функционира Јувентус, баш како тим. Никој не е над никого,секој си добива шанса, и се си оди според заслугата на теренот.