Фан клуб - РК Вардар

Член од
7 август 2011
Мислења
4.973
Поени од реакции
15.275
Нерешено сме изиграле со Металург ( жени ) .
Ако беше некој нека објасни како игравме и каква посетеност имаше :D
wgt
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Мое мислење е дека на Рајковиќ треба да му се остави простор да ја надмине психолошката бариера што ја има секој спортист по тешка повреда. Човекот има добри референци позади себе и не може да е лош играч според истото. Не треба да избрзува Вујо во врска со него. Во предвид да се земе и дека испушти голем дел од подготвителниот период.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Незнам каква експанзија доживува Францускиот ракомет,но очигледно двата најдобри француски клубови кои играат во ЛШ доживуваат само порази и ништо друго.Поради скандалот со Карабатич изгледа Монпељер остана без главниот спонзор - така да ги очекува истата судбина како Копенхаген.За Шамбери нема што да се каже.За нив ќе биде успех ако земат барем 2 бода до крај на групнава фаза.Така да не сум сигурен дека нешто Швабите се загрозени.Па со среќа на 23 ти.
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Нерешено сме изиграле со Металург ( жени ) .
Ако беше некој нека објасни како игравме и каква посетеност имаше :D
wgt
Посетеноста беше добра,имаше голема поддршка за Вардар .
ЖРК Вардар и Металург одиграа фантастичен дерби меч во рамките од женскиот ракометен шампионат на Македонија, кој што на крајот заврши без победник (26-26). И двете екипи имаат за што да жалат, со оглед на фактот дека „вардарки“ имаа предност од шест гола во второто полувреме, додека Металург не искористи пенал во самиот финиш, така што ремито се чини како најреален исход за овој натпревар. Воедно, денешниот неизвесен дуел е само уште еден доказ за израмнетоста на двата тима и возбудливоста на ракометниот шампионат оваа сезона.

Мора да се напомене дека ЖРК Вардар од 12. минута настапуваше без својата главна ѕвезда во тимот, голманката Суслина која што заработи црвен картон поради еден надвор од голманскиот простор врз една од противничките ракометарки. На местото на Русинката, која до тој момент имаше пет успешни интервенции, во игра мораше да влезе Саидова, која што и самата се прикажа во одлично светло со 11 одбрани.
Доминацијата на Вардар продолжи и на стартот од второто полувреме, па на десетина минути до крајот домаќинките се чинеа на чекор до победата, откако стигнаа до предност од 25-19. Сепак, избраничките на Кастратовиќ како прерано да почнаа да ја прославуваат победата, за што беа казнети од поискусниот состав на Металург, кој што успеа да се врати во мечот и да стигне до реми од 26-26. Мора да се напомене дека Металург се наоѓаше и на чекор до целосен пресврт, но гостинските не успеаја да реализираат пенал на пет секунди до крајот на мечот што ќе значеше и нивни триумф на овој дерби меч во „Борис Трајковски“.
Го имавме триумфот во свои раце, но на крајот сепак пресуди нашето неискуство. Ги повторивме грешките од претходниот меч и бевме казнети поради тоа. Релативно сум задоволна од овој резултат, сигурно можевме да стигнеме до триумф, но не треба да се жали за минатото, туку да се гледа кон иднината. Верувам дека грешките направени денеска ќе ги отстраниме веќе за следните натпревари“ - изјави тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ.


Напред ЖРК Вардар СЦБТ
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Раковиќ е одличен трансфер според мене, Прибак си е исто така на место, па и носењето на Недановски не е лош потег.
Ама затоа другите трансфери му испаднаа трагично. Тој Дачевиќ беше дупка невидена, Рајковиќ ептен потфрла незнам кај гледале кога земале повреден ракометар, додека За Мартиновиќ не ми се ни трошат зборови, па Чаневски е подобар голман од него бе...
Исто и со Папата :pos::pos::pos:
Нели донесоа трет пикер после тоа, Бузанчиќ ли беше? Што стана со него :confused:
Шутнавме 4 бека (Симовиќ, Вујовиќ, Додер и Ангелевски), донесовме 3 нови, едниот веднаш исфрлен од тимот (Дачевиќ), едниот неможе гол да даде иако беше донбесен ко најзвучно зсилување (Рајковиќ) и третиот засега добар (Прибак). Малце се залета со најавите за најсилниот состав од кога бил во Вардар :confused:
И Бузанчиќ доби клоци...:D
Абе ќе го барате вие Папата....:X3:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Незнам каква експанзија доживува Францускиот ракомет,но очигледно двата најдобри француски клубови кои играат во ЛШ доживуваат само порази и ништо друго.Поради скандалот со Карабатич изгледа Монпељер остана без главниот спонзор - така да ги очекува истата судбина како Копенхаген.За Шамбери нема што да се каже.За нив ќе биде успех ако земат барем 2 бода до крај на групнава фаза.Така да не сум сигурен дека нешто Швабите се загрозени.Па со среќа на 23 ти.
Шамбери го изгуби Бараше,а Бичаниќ е повреден.....тоа им се двајца клучни играчи.Шамбери тешко дека оваа сезона во Франција ќе влезе во топ 3 екипи...браќава Жил за сега не се покажуваат најдобро.Можеби им треба време,а можеби веќе истото ги прегазило.
Монпеље ради аферата е во голема криза,не е недостатокот на квалитет проблем.Башка спонзорот што ги напушти не е главниот.....тие давале по 500 000 евра,а тоа на буџет од 6-7-8 милиони не те прави никаков главен спонзор.
ПСЖ следната сезона сигурно ќе влезе во ЛШ и според тимот што го има Ф4 не би требало да е проблем.
Нант се засилија,Данкерк сакаат во следните години да направат гигант.....веќе и почнале огромна сала да градат и јака екипа, Ст. Рафаел е многу сериозна екипа,Тулуз исто појачан е доста.......
Оваа сезона во ЛШ ќе пројдат лошо французите,пред се ради аферата,а и тоа што во моментов Шамери е тек 4-5 екипа по јачина во Франција.Од следната сезона очекувам многу од французите,веќе и сериозна инфраструктура имаат,имаат публика, имаат пари, медиумски е врвно пропратена лигата....
За неколку години Франција може да стане доминантна сила во клупскиот ракомет.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
Место Ловосице-Вардар 13-6 на полувреме :eek:
Резили...
Колку и да е решен двомечот, сепак срамота е само 6 гола да имаме во едно полувреме дадено :tapp:
Вардар со мини подршка од трибните :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
Првиот гол сме го дале скоро во 11 минута :facepalm:
Вујо побеснел и си добил жолт :icon_mrgr:
--- надополнето: 20 октомври 2012 во 18:34 ---
На крај само минимален пораз :)
Место Ловосице-Вардар 25-24!
Се поправивме во вториот дел, го добивме со 12-18.
Спорд онлајн статистиките скоро секој напад дававме гол, али проблем беше да се одбраниме во првите 15-тина минути од вториот дел. После го потфативме убаво, па на крај со два гола во последните 30 секунди дојдовме и на прифатлив минимален пораз.
Али тоа од првото полувреме не смее ни под разно да се повтори.
Мада за овој меч ни фалеа Стоилов, Марковиќ и Кукоски.
Карачиќ ги отвори 7 гола даде, а конечно мислам дека и Рајковиќ проработе според статистиките мислам некаде накај 5-6 гола имаше. Лазаров и Прибак имаа по 2-3 гола, незнам точно...
Ојлески, Раковиќ, Марковски, Недановски,Абутовиќ и Јовчевски истотака постигнаа по некој гол.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
Сепак имале грешки Чесите во онлајн пренесувањето на мечот.
Рајковиќ дал само 2 гола :D
Офцијално Карачиќ 7, Јовчевски и Прибак по 3, Лазаров, Рајковиќ и Раковиќ по 2, и по 1 гол на Петриќ, Недановски, Ојлевски, Абутовиќ и Марковски. Односно сите играчи освен голманите дадоа гол :)

Останаа уште три двомечи да се докомплетираат. Бешикташ успеа да анулира 7 гола разлика на Одореи. Сисциа победи во Полтава со 2 разлика, па и покрај поразот на домашен отидоа понатаму. Брест Мешков славеше над Нексе и во Белорусија.

Во третата рунда покрај веќе пласираните екипи ќе бидат и: Бешикташ (Турција), Ескилсуна (Шведска), Сунгул (Русија), Холстебро (Норвешка), Пермски Месдведи (Русија), Бенфика (португалија), КИФ Колдинг (Данска), Брест Мешков (Белорусија), Сисциа (Србија), Војводина (Србија), Мотор Запорожје (Украина) и Какау (Романија).
Останаа уште четири двомечи за доигрување мада победниците (Копер (Словенија), Диомидос (Грција), Марбиор (Словенија) и Елверум (Норвешка)) од првите мечеви може да се каже дека веќе се понатаму...
Копер тепаше во Холандија со 1 разлика во првиот меч, нема шанси да загуби на домашен. Елверум од Норвешка и Грчкиот Диомидос имаат исто предности од гостувањата со по 4 односно 5 гола разлика и веќе сигурно одат натаму. За Марибор да не правиме ни муабет, 17 разлика тепаа во гости, реваншот е само формалност :D
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.758
http://www.rkvardar.com.mk/index.php/mk/pocetna/9-novosti/147-lovosicevardar

РК Вардар ПРО: Мартиновиќ, Ојлески 1, Маркоски 1, Недановски 1, Прибак 3, Раковиќ 2, Милиќ, Петриќ 1, Јовчевски 3, Лазаров 2, Карачиќ 7, Рајковиќ 2, Абутовиќ 1, Чаневски
Пенали: 1/3
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Сепак имале грешки Чесите во онлајн пренесувањето на мечот.
Рајковиќ дал само 2 гола :D
Офцијално Карачиќ 7, Јовчевски и Прибак по 3, Лазаров, Рајковиќ и Раковиќ по 2, и по 1 гол на Петриќ, Недановски, Ојлевски, Абутовиќ и Марковски. Односно сите играчи освен голманите дадоа гол :)

Останаа уште три двомечи да се докомплетираат. Бешикташ успеа да анулира 7 гола разлика на Одореи. Сисциа победи во Полтава со 2 разлика, па и покрај поразот на домашен отидоа понатаму. Брест Мешков славеше над Нексе и во Белорусија.

Во третата рунда покрај веќе пласираните екипи ќе бидат и: Бешикташ (Турција), Ескилсуна (Шведска), Сунгул (Русија), Холстебро (Норвешка), Пермски Месдведи (Русија), Бенфика (португалија), КИФ Колдинг (Данска), Брест Мешков (Белорусија), Сисциа (Србија), Војводина (Србија), Мотор Запорожје (Украина) и Какау (Романија).
Останаа уште четири двомечи за доигрување мада победниците (Копер (Словенија), Диомидос (Грција), Марбиор (Словенија) и Елверум (Норвешка)) од првите мечеви може да се каже дека веќе се понатаму...
Копер тепаше во Холандија со 1 разлика во првиот меч, нема шанси да загуби на домашен. Елверум од Норвешка и Грчкиот Диомидос имаат исто предности од гостувањата со по 4 односно 5 гола разлика и веќе сигурно одат натаму. За Марибор да не правиме ни муабет, 17 разлика тепаа во гости, реваншот е само формалност :D
Добро е бе значи се подобрува на предходните гол неможеше да даде не ни пробуваше да шутне во среда со Борец 4 ќе даде и таман кога ќе дојде ред со Металург ќе биде у топ форма :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
Копер се измачи на реваншот со Холанѓаните, едвај два разлика тепаа. Другиве три екипи рутински.

Резиме во шешир на неносители: Бешикташ (Турција), Ескилсуна (Шведска), Сунгул (Русија), Холстебро (Норвешка), Пермски Месдведи (Русија), Бенфика (португалија), , Брест Мешков (Белорусија), Војводина (Србија), Мотор Запорожје (Украина), Какау (Романија), Вардар (Македонија), Копер (Словенија), Диомидос (Грција), Марибор (Словенија), Борац Бања Лука(Босна) и Елверум (Норвешка).

Во шешир на фаворити: Алпла Хард (Австрија), Слога Добој (Босна), Сисциа (Хрватска), КИФ Колдинг (Данска), Арагон (Шпанија), Ла Риоха (Шпанија), Магдебург (Германија), Гепинген (Германија), Рајн Некар (Германија), Сент Рафаел (Франција), Нант (Франција), Татран Прешов (словачка), Порто (Португалија), Макаби (Израел), Висла Плок (Полска) и Хаслум (Норвешка).
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Само да ми је знати по кој основ Вардар е неносител.....само тоа..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom