Chains убаво што те гледам пак на форумов, вклучувај се повеќе во дискусиите

И баталете го не му враќајте, џабе ќе ја тупиме, пријавете ќе го избришат. Нека си тера како сака, него не навива за конкретен клуб, туку за тој што е најдобар. Ако утре Тинекс Пролет биде најдобар за нив ќе биде. Со такви фанови нема потреба да се муабети.
Негооо има некој што знае повеќе за тимов на Магдебург?
Им ги гледам играчине и не ми се многу познаки, освен
Бартош Јурецки 
Јурецки им игра како пикер. Јурецки дава по 3.5 гола по натпревар. Резервен пикер е
Ландсберг кој има по 1 гол на утакмица, изглчеда има симболична минутажа покграј Јурецки.
Голмани им се
Бјоргвин Густавсон и
Даниел Еијлерс, за мене непознаници.
Овој Еијлерс брани за Холандија.
Лево крило им е
Графенхорст, кој на 9 меча во Бундеслигата има просек од 3 гола по натпревар. Има и 50-тина меча за Германија, ама нема шанси покрај Доминик Клајн.
Десно крило им е
Роберт Вебер, стандарден репрезентативец на Австрија кој во баражот ни даде 4 гола во Скопје и 3 во Австрија.
Скоро по 5 гола дава на натпревар, 42 има дадено на 9 меча во Буденс лигата...
Е сега имаат бекови кои што им се мултифункционални

Само како центтрален им игра
Стиан Тоненсен (188 сантиметри), кој дал само 12 гола на 9 меча па претпоставувам не е стартер. норвежабнец е но не игра за репрезентација.
Како централен и лев им игра
Стефан Книр (194 сантиметри со 96 кила, волесина тешка

) кој дава по 4,5 гола на утакмица

На Лемго и на Кил им здрвил по 6

Изгледа овој им е стартер, само незнам дали како централен или како лев бек.
Исто како лев бек и централен игра и
Фабиан Ван Олфен (194 сантими, 102 кила уште еден вол) кој во просек дава по 2 гола. Овој Олфен е Холанѓанец ама во последни години не го зимаат за репрезентација.
Како десен бек им игра
Андреас Ројевски (193 сантими) кој има по 3.5 гола во просек. Десен бек,, но може да игра и како десно крило е и
Мориц Шапсмејер. Он дава во просек по 4 гола во Бундеслигата.
Симболично како лев бек и лево крило игра
Бенет Виегерт кој нема ни по гол 1 гол во просек.
Воглавно овие играчи им играат во Бундеслигата. Значи покрај Јурецки кој мене ми е напознат, главна опасност доаѓаод крилава. Знаејќи какви дуздибидуси се ннашиве голмани за удари по крило тешко нас...
Од бековиве овој Книр ми изгледа за најопасен.