Skopje City Mall

  • Креатор на темата Креатор на темата Бергер
  • Време на започнување Време на започнување
А што лошо има во тоа пенсионерите и те да прошетат, да напазаруват, да опитат хамбургер?
И тие са луге. Ваши баби и дедовци.
Прво напрај тура во нашите автобуси во вторник или петок (кога им е бесплатно), па повели кажи го ова уште еднаш.
 
не трчај другарче сите ние некогаш ќе остареме. Остави ги на раат да си ги изживеат заслужените год. за одмор во пензија.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Тоа е,сегде постарите луѓе добиваат почит,само кај нас кој стигне вреѓа по нив.
Не е ни чудо што сме вакво ретардирано општество.
Ќе ги прашам истите копиљаци кога ќе дојдат на нивни години како ќе им биде,кога немаш друг избор освен да одиш со безплатниот автобус за да заштедиш некој денар од и онака никаквата пензија,лесно е кога татичко ќе ја плати месечната карта да си Џек,до душа сега на копиљаците безплатна им е слободната,мојата генерација убаво си се опрчувавме еднаш на месец по 1.500.

Сите ќе не стигне старост,покажете барем почит и домашно воспитување(ако воопшто го имате)

Се извинувам за ОФТОПИК.
 
Ако на мои 62+ години се возам онака по автобуси кога ќе ми текне и се понашам како да е на татко ми автобусот/местата каде што ќе појдам вклучувајќи и трговскиов, слободно нека ме стрелаат.
 
bookmark just in case you turn on the dark side :D
 
Ако на мои 62+ години се возам онака по автобуси кога ќе ми текне и се понашам како да е на татко ми автобусот/местата каде што ќе појдам вклучувајќи и трговскиов, слободно нека ме стрелаат.
Ќе те видиме тогаш. ;) Оставете ги старите луѓе на раат, што сте запнале сите по нив, се напнавте бре!
 
кој ги тера да работат таму ондак?Напушти ако има нечовечки односи,ако немаат вработени ќе кренат плата и услови..не сте ми јасни,ем им е тешко а си ќутат дур ги ебат.
Ова малце потешко да се деси - попрво ке примат други отколку да кренат услови и плати.. кај нас има превише работна сила барем тоа не е проблем
 
Аман веќе прекини со тој Стар-факинг-бакс.Аман не си интересен.

Da be stvarno epten napnuvaat so toj starbucks :) :)
--- надополнето: 10 октомври 2012 во 12:49 ---
Abe btw da prasam dali ima nesto otvoreno vo trgovskiot za original PC/PS Games ??
 
Е да, убаво си го почнавте муабетот за пензионерите. Да, можеби има дел од нив што се терсене и сигурно на моменти нервира моментот што се возат и без да имаат потреба во автобусите, па непотребно прават гужва, ама не мора да ги плукате. На форумов, а и општо и на Фејсбук и во реален живот, така непотребно се зборува лошо за пензионерите, се плука по нив, ко којзнае какви гревови да направиле, па уште сега се коментира зошто оделе во трговски центар. Трговски центри само за млади да не се? Што треба да прават бе пензионерите? Да ги затвориме и заклучиме во станови и да не им дозволиме да излегуваат надвор?
Јас ја разбирам донекаде едната страна, ама речиси никој не помислил како им е на нив. Работеле цел живот, створиле фамилија, нивните деца веќе најверојано имаат своја фамилија, често еден од партнерите им е починат и се сами дома и една од единствените опции им е телевизорот и сериите. Може ли да замислите колку им е тешко, колку се осамени? Мене лично срце ме стега кога ќе видам баба или дедо сам/а кога се шета, не сакам ни да замислам колку се осамени. И затоа шетаат, се возат со автобуси, затоа што немаат друго веќе во животот, а и тие ваљда имаат право да излезат.
Најтерсене да се погоди, сепак имам почит за нив, затоа што нив им е многу потешко од мене. Јас сум млада и имам цел живот пред мене, а тие имаат веќе само спомени и шанса достоинствено да си го поминат остатокот од животот.
И за муабетот што одат дека е ефтино. Одат, затоа што живееле во друго време, во време кога немале избор, кога рафтовите и полиците на продавниците често биле празни, па чекале редови. Дел од нив живееле за време на Втора светска војна, во нестабилни времиња и едноставно затоа толку користат да купат од каде што е поефтино, да земат нешто бесплатно и слично.
И на вас сега да ви понудат бесплатен превоз со автобус, сигурна сум дека ќе го искористите тоа право. Може нема без везе да се возикате низ град, ама почесто ќе го користите.
Дури и кога ве нервира, истрпете, постари се и едноставно функционираат поинаку од нас младите.
И без муабетите: Јас нема да бидам таков кога ќе остарам. Сите стануваат такви какви што велат дека нема да станат. Порано и тие можеби биле сосема поинакви, ама животот ги натерал да станат такви.

Не велам дека понекогаш не ми се погодувале терсене постари во продавница или слично, ама секогаш сум имала разбирање и почит и никогаш не сум плукала по нив.
 
Тоа е,сегде постарите луѓе добиваат почит,само кај нас кој стигне вреѓа по нив.
Не е ни чудо што сме вакво ретардирано општество.
Ќе ги прашам истите копиљаци кога ќе дојдат на нивни години како ќе им биде,кога немаш друг избор освен да одиш со безплатниот автобус за да заштедиш некој денар од и онака никаквата пензија,лесно е кога татичко ќе ја плати месечната карта да си Џек,до душа сега на копиљаците безплатна им е слободната,мојата генерација убаво си се опрчувавме еднаш на месец по 1.500.

Сите ќе не стигне старост,покажете барем почит и домашно воспитување(ако воопшто го имате)

Се извинувам за ОФТОПИК.

Јас не знам ти каде живееш, ама Џек во автобус да се прави - само поради тоа што има слободна, немам видено. Во секој случај, пошто темата не е за ЈСП и сите останати глупости, да одговорам на малце по-општ начин. Како и во Карфур, така и по автобусите, луѓето немаат осет. Како што претеруваат со количките натоварени со по 50 килограми шеќер, така претеруваат и по автобусите. Зошто? Немаат осет.

Луѓето не можат да стигнат на работа/школо/факултет од пензионерите, затоа што од 7 ебан саат се надвор на автобуска, ако не и порано, и ги полнат автобусите уште на првите 2-3 станици. Како ќе се качиш во нив? И да успееш да се качиш, автобусот е приморан да вози побавно, пошто за секое застанување на автобуска, место да потроши 1 минута, троши 3, од проста причина што старите луѓе се токму тоа - стари луѓе, и едвај се движат, не можеш да очекуваш да се симнат/качат од/во автобус со брзината на светлината. И нормално, ќе задоцниш. Недај боже да одиш на работа со автобус, секој проклет вторник и петок ќе доцниш.

И ај, тоа некако се трпи, и ние ќе стигнеме на нивни години, треба да имаме трпение, ама проблемот е што ретко кој се вози ради тоа што треба некаде да оди, дали поради обврски, или што знам јас, туку се возат баш поради тоа што е бесплатно. "Па чим ни го дава тоа Владата, зошто да не го искористиме" - став. Исто и со ебаниот шеќер во Карфур, и со се` останато со кои претераа луѓето. Има луѓе што одат таму буквално само за да создадат гужва / да видат што има.
 
Е да, убаво си го почнавте муабетот за пензионерите. Да, можеби има дел од нив што се терсене и сигурно на моменти нервира моментот што се возат и без да имаат потреба во автобусите, па непотребно прават гужва, ама не мора да ги плукате. На форумов, а и општо и на Фејсбук и во реален живот, така непотребно се зборува лошо за пензионерите, се плука по нив, ко којзнае какви гревови да направиле, па уште сега се коментира зошто оделе во трговски центар. Трговски центри само за млади да не се? Што треба да прават бе пензионерите? Да ги затвориме и заклучиме во станови и да не им дозволиме да излегуваат надвор?
Јас ја разбирам донекаде едната страна, ама речиси никој не помислил како им е на нив. Работеле цел живот, створиле фамилија, нивните деца веќе најверојано имаат своја фамилија, често еден од партнерите им е починат и се сами дома и една од единствените опции им е телевизорот и сериите. Може ли да замислите колку им е тешко, колку се осамени? Мене лично срце ме стега кога ќе видам баба или дедо сам/а кога се шета, не сакам ни да замислам колку се осамени. И затоа шетаат, се возат со автобуси, затоа што немаат друго веќе во животот, а и тие ваљда имаат право да излезат.
Најтерсене да се погоди, сепак имам почит за нив, затоа што нив им е многу потешко од мене. Јас сум млада и имам цел живот пред мене, а тие имаат веќе само спомени и шанса достоинствено да си го поминат остатокот од животот.
И за муабетот што одат дека е ефтино. Одат, затоа што живееле во друго време, во време кога немале избор, кога рафтовите и полиците на продавниците често биле празни, па чекале редови. Дел од нив живееле за време на Втора светска војна, во нестабилни времиња и едноставно затоа толку користат да купат од каде што е поефтино, да земат нешто бесплатно и слично.
И на вас сега да ви понудат бесплатен превоз со автобус, сигурна сум дека ќе го искористите тоа право. Може нема без везе да се возикате низ град, ама почесто ќе го користите.
Дури и кога ве нервира, истрпете, постари се и едноставно функционираат поинаку од нас младите.
И без муабетите: Јас нема да бидам таков кога ќе остарам. Сите стануваат такви какви што велат дека нема да станат. Порано и тие можеби биле сосема поинакви, ама животот ги натерал да станат такви.

Не велам дека понекогаш не ми се погодувале терсене постари во продавница или слично, ама секогаш сум имала разбирање и почит и никогаш не сум плукала по нив.
Ја лично ги хејтам пошо немаат општи манири. Јас со моиве 20 години знам која врата е задња, која не е, копиљаците се качуваат кај сакаат, а и пензионериве со нив. Ај копиљ не може да разбере, мал е, глуп е, се занаса, али 65 годишна баба да ме гура на задња за да влезе а ја не можам од неа да излезам и си ја утињам станицата? Па уше ми се дере после тоа бабава! И тоа не е само оваа случка, мал милион иам вакви.

Поштовање на стари само пошто се стари - нема. Шупак човек е шупак човек, без разлика на годините.
А генерализирање дека сите се такви мора да пости исто како и генерализацијата дека сите млади се улави у главите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom