Е да, убаво си го почнавте муабетот за пензионерите. Да, можеби има дел од нив што се терсене и сигурно на моменти нервира моментот што се возат и без да имаат потреба во автобусите, па непотребно прават гужва, ама не мора да ги плукате. На форумов, а и општо и на Фејсбук и во реален живот, така непотребно се зборува лошо за пензионерите, се плука по нив, ко којзнае какви гревови да направиле, па уште сега се коментира зошто оделе во трговски центар. Трговски центри само за млади да не се? Што треба да прават бе пензионерите? Да ги затвориме и заклучиме во станови и да не им дозволиме да излегуваат надвор?
Јас ја разбирам донекаде едната страна, ама речиси никој не помислил како им е на нив. Работеле цел живот, створиле фамилија, нивните деца веќе најверојано имаат своја фамилија, често еден од партнерите им е починат и се сами дома и една од единствените опции им е телевизорот и сериите. Може ли да замислите колку им е тешко, колку се осамени? Мене лично срце ме стега кога ќе видам баба или дедо сам/а кога се шета, не сакам ни да замислам колку се осамени. И затоа шетаат, се возат со автобуси, затоа што немаат друго веќе во животот, а и тие ваљда имаат право да излезат.
Најтерсене да се погоди, сепак имам почит за нив, затоа што нив им е многу потешко од мене. Јас сум млада и имам цел живот пред мене, а тие имаат веќе само спомени и шанса достоинствено да си го поминат остатокот од животот.
И за муабетот што одат дека е ефтино. Одат, затоа што живееле во друго време, во време кога немале избор, кога рафтовите и полиците на продавниците често биле празни, па чекале редови. Дел од нив живееле за време на Втора светска војна, во нестабилни времиња и едноставно затоа толку користат да купат од каде што е поефтино, да земат нешто бесплатно и слично.
И на вас сега да ви понудат бесплатен превоз со автобус, сигурна сум дека ќе го искористите тоа право. Може нема без везе да се возикате низ град, ама почесто ќе го користите.
Дури и кога ве нервира, истрпете, постари се и едноставно функционираат поинаку од нас младите.
И без муабетите: Јас нема да бидам таков кога ќе остарам. Сите стануваат такви какви што велат дека нема да станат. Порано и тие можеби биле сосема поинакви, ама животот ги натерал да станат такви.
Не велам дека понекогаш не ми се погодувале терсене постари во продавница или слично, ама секогаш сум имала разбирање и почит и никогаш не сум плукала по нив.