FIFA 13

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Knight
  • Време на започнување Време на започнување
Добро а сите се вака дрва на ова ФИФА-ва или само мене такви ми се паѓаат? Ова е прв пат да играм ФИФА после 10тина години, на ултимејт со просечно слаб тим, со слаба хемија и уште полоши, евтини, стари (или ептен млади) и недокажани играчи стигнав до прва дивизија (во сезоните) и освоив сребро на златен турнир (изгубив злато во продолжениа од играч кој ги имаше Руни, кавани, камбиасо, сигурдсон, жулио цезар, сисоко и уште 7-8 играчи со просек над 86-7)

Губев само првите утакмици кога ќе ми се паднеше некој со МНОГУ појак тим, кога мојот немаше ни 6% хемија и беше од бронзени играчи.

П.С. Незнам ни една финта, нит да шутирам слободни. Играм со формација 4-1-2-1-2, оверал на тимот ми е 80-76-77, единствен над 80 ми е манџукиќ и ренато аугусто.
 
Ја симнав, снимив, пуштив. Играта ми се пушти. Ништо не направив друго, освен крак се разбира.
И импресии ако може да споделиш, ме интересира дали е добра.
 
:D
Гледан си инталирал FIFA13 вреди да потрошам 7 гига да ја пробам или...?

И импресии ако може да споделиш, ме интересира дали е добра.

Импресии немам. Чудна ми е некако, пошо цел живот си ја играм ПЕС. Но, играта си е добра. Ми се свиѓаат и двете, така да ќе си играм, но повеќе врме ќе си потрошам на пес.

Не знам многу да ја играм, па нема што многу да кажам.

Топчијо, ако имаш нет со голем трансфер, симни ја. Ќе ти се допадне сигурно, а дали како пес или помалце и повеќе, твое ќе си биде да си одлучиш.


И најбитното. Ќе ги споредам двете со НБА, иако се работи за сосем различни игри.
НБА како целина ми се свиѓа многу повеќе од овие две, кога ќе се соберат најдобрите ствари и ќе се спојат во едно. А како игра, нема споредба.
 
По ФИФА 07,08 конечно да земам да ја играм Фифа 13.. не заради што не ми се свиѓале туку неамв јак ПЦ :D Сеа изиграв 2 натревари.. Само можам да дадам 10ка за играва иако сум ПЕС фан и тоа голем.. Мн ми се свиѓа како е напрена.. гаран ќе окупам на играва а и на ПЕС. сепак си останувам верен :D
 
Едно прашање Дали се менуваат контролите користам Logitech Rumble Pad 2
 
Едно прашање Дали се менуваат контролите користам Logitech Rumble Pad 2
Братче, дај бе до кога истото. Па зар те мрзи една страна наназад да прочиташ.
Да не го објаснуваме истото по 100 пати.

Добро а сите се вака дрва на ова ФИФА-ва или само мене такви ми се паѓаат?
И јас сум со истиот проблем и не можам да најдам одговор :)
 
Може оваа година нормално да се наместат контролите на џојстик?
Ќе си симнеш xbox360 симулатор за џоистик,ќе си ги подесиш копчињата и без мака терај и уживај во играта:D
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 19:35 ---
Епа јас си ја симнав играта уште пред 3 недели, некракуванта верзија, и сега само кракот го симнав за пола минута ;)

Работи супер, играта е фантастична, ПЕС изгледа како ѓубре спрема ова.
Супер,сега се спушта и кај мене.
Дали се направени сите трансфери од летово?И дали е пооптимизирана од демото?
 
Братче, дај бе до кога истото. Па зар те мрзи една страна наназад да прочиташ.
Да не го објаснуваме истото по 100 пати.


И јас сум со истиот проблем и не можам да најдам одговор :)

Од 10 утакмици дали една ќе игубам пошто типот ќе биде стварно ѕвер и ќе игра непобедливо, небитно дали има најбоље златен тим или миксан послаб тим. Ми се паѓале и такви и такви и 3-4 пати сум губел и по 6-7 разлика. Другото се губам или пошто ми рикнале играчите на пола утакмица, или ради што сецнал нетот, или у моментот тимот ми бил ужас невиден а батето од спроти ми се става до тим што го купил со фифа поени кој има 90-90-90, па оди помини со моиве....

И затоа прашав, незнаев дали јас ја имам таа среќа да стигнам во прва лига со 2-3 недели играње на играва или другиве се тапа...
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 19:39 ---
Ќе си симнеш xbox360 симулатор за џоистик,ќе си ги подесиш копчињата и без мака терај и уживај во играта:D
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 19:35 ---

Супер,сега се спушта и кај мене.
Дали се направени сите трансфери од летово?

Секоја недела се апдејтуваат оцените ;)
 
Но мислиш на оригинална верзија?Или?
Да, на оригиналот мисли.
Како и да е. И на пиратската верзија ги имаш СИТЕ трансфери што се случиле до последниот ден од трансфер периодот :)
Не ти треба како ПЕС посебни пачови и срања за апдејт :)
 
Вака момци.Сеа ја спуштив од замунда и ја инсталирав т.е ја отпакував и на крај кога ке заврши дава некој ерор нешто демек фали некој фајл и ре инсталирај ја играта.Ама тоа уствари било за кракот.Играта е отпакувана и во фолдерот крак треба да се копира кракот и rldea.dll фајлот зашто без тој не ти ја старта играта.И да напоменам дека не гасев ништо од firewall.Let the gamer life begin :)
 
На Xbox 360 играм јас, пиратска ама со платен онлајн код...
И јас ја иам оригинал земено :) Цело време ти праќам инвајт , не прифаќаш дрво едно! :) Иначе Хбох Лајв ми е AthleticFaun63
 
Од 10 утакмици дали една ќе игубам пошто типот ќе биде стварно ѕвер и ќе игра непобедливо, небитно дали има најбоље златен тим или миксан послаб тим. Ми се паѓале и такви и такви и 3-4 пати сум губел и по 6-7 разлика. Другото се губам или пошто ми рикнале играчите на пола утакмица, или ради што сецнал нетот, или у моментот тимот ми бил ужас невиден а батето од спроти ми се става до тим што го купил со фифа поени кој има 90-90-90, па оди помини со моиве....

И затоа прашав, незнаев дали јас ја имам таа среќа да стигнам во прва лига со 2-3 недели играње на играва или другиве се тапа...
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 19:39 ---


Секоја недела се апдејтуваат оцените ;)

Види реално, на Xbox360 има ГООООЛЕМИ дрва во сите игри, за разлика од PC да речеме.

На Top Spin 4 јас си ги млатев и стигнав до први 10, таму бар мечмејкинг немаше ич и сам си бираш после појаки за да играте добри партии. На фифа појма немам како е...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom