Декортинот се користи и при тромбоцитопенија (намалување на бројот на тромбоцитите). Тромбоцитите се едни многу чудни клетки чиј раст зависи од порамнувањето на ѕвездите во суштина.. Шала на страна, многу се непредвидливи. Битно е да го зема декортинот, но штом прима и хемотерапија нека внимава многу, ама МНОГУ на инфекции. Зависи од дозата во која го прима декортинот, можно е да и се појави покачување на апетитот, променливо расположение, па дури и депресија, може да задржува вода. Многу е важно да пие многу вода, може да пие и чај од магдонос (ако не и е забранет заради хемотерапијата), да не јаде многу солено и да не јаде многу шеќер за да не задржува вода и да не и се покачи шеќерот во крвта. И, пак ќе кажам, многу нека внимава на инфекции затоа што декортинот го намалува имунитетот и лесно се накалемуваат инфекции. Исто така нека одржува повисоко ниво на хигиена на устата, значи, редовно миење заби после секој оброк и гаргара со некое добро средство (би го препорачала Curasept како најдобар, од моето искуство).