Тотално сум разочаран од сите други работи што се околу играта (лиги, мастер, купови), одстранети се работи кои не требале да ги чачкаат. Во мастер лига ни видеото не е сменето, едно те исто пак, исти реченици, исти прашања, исти прес-конф. и глупости. Едина новост се така наречените поени со кои се купуваат некои си скил-ови што се лепат на поедини играчи кои везе немаат, тоа можам да го смислам за 15 мин., цела година си играле ташак. За копачките во боја што се добиваат ич не ми се спомнува, резил жив, ужас, срамота....
Играта е одлична за 1на1, 2на2, ама се друго е тапа, т.е. онлајн уште неможам да ја пробам, но не верувам дека ќе има нешто ново, освен што од оваа година и тоа ќе се плаќа, т.е. веќе во маркетот има онлајн пас да купиш за 800 микрософт поени....
--- надополнето: 25 септември 2012 во 01:56 ---
Незнам како заборавив до сега, незнам дали сте приметиле ама судиите се ужас невиден. Во целиот гејмплеј тоа ми е најголем проблем. Даваат жолт картон ако сам се сопне играчот, даваат жолт и кога сам ќе излезам 1на1 со голман и од позади леџа ќе ме здрви некоја будала. Никаква перцепција за тоа што како да се суди, каде да се даде картон и каков. Опсајди скоро и да не постојат, или постојат само кога ги нема.