Најдобра слаткарница во Македонија?

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Во мојата маалска продавница носат слатки (тулумби, грклани, баклави, еклери) од Мики пром. Убаво се спакувани имаат солидна цена и квалитет.
За торти закон ми се Канела (иако услугата и не им е баш на ниво) а у последно време и Шарлота.
Супер им се во Шарлота тортите, големки, вкусни и со достава до дома.Вработените се љубезни и културни. :pipi:
Иако у последно време се испраксирав за торти, па си ги праам по дома за мерак :icon_lol:
Ситни колачи ретко купувам, пошо и тоа ми иде од рака. Си ги правам со мерак и постојано испробувам нови рецепти. Ако желудник не ги вари (а не ми се десило тоа до сеа) канта сигурно ќе ги јаде :pos:
Најубав сладолед и незаменлив за мој вкус има во Ескимо кај Беко.
Палма имаат супер сладолед, ама не се токму со цените. Се прецениле ептен.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:41 ---

Ги има во Шехерезада чоколадните глувчиња? :vozbud:
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:47 ---

Кај е оваа слаткарница поточно? :icon_lol:
Да,да и во Жито Лукс или како и да се вика сега има :)
 
Член од
13 март 2011
Мислења
68
Поени од реакции
12
Ех едно време имаше под МНТ Бисер.Горе беше хотелот Бисер а долу имаше слаткарница.Е таму имаше навистина огромен избор,а и хигиената беше на врвно ниво.Одев сигурно по 3 пати во неделата.Многу се разочарав последниот пат кога отидов и видов дека повеќе не работи.Навистина ми е криво.Луѓето навистина беа мајстори за слатки....Инаку сега не сум бил одамна никаде,не сметајќи го Џино каде со еден пријател земавме Џино торта.Ја имав пробано неколку пати и порано и нормално дека е со полош квалитет,а и цената им е 20 денари повисока.(n).Кога беше италијанецот газда,поубаво и поевтино беше:)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во Битола јадев едно слатко чуденце, вишна колач, пробав профитерол со крем од чоколада и брцнав захер торта во слаткарницата GT.
Фина услуга, убаво принесени слатките, цената таман... Ми се допадна што нема вообичаени благи, туку иновативни.

Во Скопје, одамна им имам речено НЕ на слатките од Апче. Причина - двапати имам повраќано, еднаш најдено влакно, друго што сите им се со ист вкус. Мамата, ако веќе давам 50 денари, поарно чоколадо ќе си купам!
Канела за торти рулз, Романса за ситни колачи, а во Палма Карпош ден денешен го јадам најдобриот чоколаден ролат со ореви.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Постои збор благар? Епа мераклија сум на благи работи, така да сум пробал од многу места низ градов (Скопје). Интересно што никој не го спомна Пастел. Имаат доста интересни ствари од кои скоро сите се вкусни, и не се класични тулумби, индијанки и слични ствари. Имаат еден чоколаден колач мислам дека се вика, и мислам дека тоа е врвот во градов како колаче, страшно нешто.
Палма има исто ок ствари, вкусни и генерално свежи (тазе) производи. Канелите (двете) имаат стандардно солидна торта, не најдобра, ама знаеш што добиваш. Романса исто така има солидни торти. Перфето (близу Ленинова) има ептен добри мали колачи (ги пакуваат во кутии од пола килограм), исто така имаат и многу вкусни торти.
Доколку вкусот е нешто класично, мора да се спомне Ригара во Чаршија. Квалитетни и исто така свежи благи производи, падобранецот им е врхунски! Дури слушнав и дека извезуваат за Истанбул (што мора да значи нешто, имајќи во предвид дека и тие се шербетлии).
Ова се горе- доле според мене поквалитетните слаткарници низ градов, со малку повисоки цени од останатите.

Од Шарлота два пати сум купувал торти, врска немале. Ако ептен сум го утнал тоа мастрафот тогаш сум малер, ама се сомневам.
Санчно ми е во маало, и за 10-20 денари од парче би рекол дека има солидни ствари. Далеку од најдобри, ама ако се земе во предвид цената, ок се.
Апче врска нема!
Во Малага престанав да одам одамна, изгубија квалитет некако, ако се поправиле последниве години, може грешам.

И во врска со муабетот за Палма. Таа што е во Аеродром е поснабдена и посетена. Цените и се повисоки од другата (како што кажаа погоре). Услугата им е спора, не дека се криви девојчињата, туку дека газдата вработил само две а надвор седат 200 души и кутриве не можат да постигнат, а често и да не ти донесат нешто или да измешаат.

Слушнав за некоја нова слаткарница во ГТЦ, ама не сум бил. Искуство некој?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Член од
1 март 2012
Мислења
53
Поени од реакции
10
Шехерезада(гтц-приземје) има најубава боровница.Нешто такво сеуште немам пробано на друго место.Слатките се убави иако може да бидат и поубави за таа цена.Не велам дека се скапи,но за разлика од порано,поскапи :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
^ Eдитирано мислењето на fidanmk фала богу сите не служи видот, не мора да се пишува со огромни букви за да прoчитаме. Тој шо сака да прочита и кинески да пишеш ќе прочита ;)
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Мора слатките од Апче да се пробаат :icon_lol:, глушец ако не прошета датибам слаткарницата стерилна.
Чоколадната од Аида (помина булдожерот ги истурка дуќаните ама дома ја прават по порачка), после Киндер Торта од Дизниленд, ролатите и ребро слатко од Алфа и то.

Хахахаххахахаха .... :)))))

Aбе апче до пред некое време супер си беше ( по мене ) индијанките им се одлични , и шо вика Acid боза у мое шише стриктно ... али ете , скоро година дена , како немам пробано благо од таму , а не се надевам дека скоро ќе пројдам од таму :) ептен ако дојде зорт , нема благо дома , ќе наминам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom