Во мојата маалска продавница носат слатки (тулумби, грклани, баклави, еклери) од Мики пром. Убаво се спакувани имаат солидна цена и квалитет.
За торти закон ми се Канела (иако услугата и не им е баш на ниво) а у последно време и Шарлота.
Супер им се во Шарлота тортите, големки, вкусни и со достава до дома.Вработените се љубезни и културни.
Иако у последно време се испраксирав за торти, па си ги праам по дома за мерак
Ситни колачи ретко купувам, пошо и тоа ми иде од рака. Си ги правам со мерак и постојано испробувам нови рецепти. Ако желудник не ги вари (а не ми се десило тоа до сеа) канта сигурно ќе ги јаде
Најубав сладолед и незаменлив за мој вкус има во Ескимо кај Беко.
Палма имаат супер сладолед, ама не се токму со цените. Се прецениле ептен.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:41 ---
Ги има во Шехерезада чоколадните глувчиња?
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:47 ---
Кај е оваа слаткарница поточно?