Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Извините може сум надвор од темата али само сакав да знам клима 3.5kw колку троши на час за греење и ладење.Фала однапред за одговорот :)
Тие клими се со машина со моќност 1200 W. Што значи за еден час работа максимално може да потроши 1,2 KWh.
Колку стварно ќе потроши зависи од надворешната температура. За оријентација просечно можеш да сметаш дека ќе потроши половина од ова.
Мое искуство ( јас имам три клими 3,5 ) за едно дено-ноќие, една клима просечно троши 10 - 15 KWh
 
1.Инаку ме "поздравија од топлификација" за овој месец треба да платам плус 500 ден повеќе од минатиот а тоа е над 10% они прво кажа дека ќе поскапат 3-4% а подоцна ќе поефтиниле заради тоа што ќе плаќаат и исклучените.
2.Еве ви ја математиката таа е не ја обвинувам само топлификација затоа што знам дека е сиромаштија и луѓето се иклучуваа и на 2 000 - 3 000 денари коа се плаќаше за 60-80 м2 стан сега тие што останаа уклучени заради помалку потрошувачи плаќаме повеќе (нерационално користена енергија).
3.Системот за парно за ефикасно да функционира трена 95% од потенцијалот да биде искористен.
4.ПРОБЛЕМОТ Е ШТО КУ* правеа овие реформаторите 7 години за подобрување на стандардот, каде се инвестициите во гасоводи (нафтовод) каде се стратешките партнери (као демек русија и сл) каде е економскиот раст и развој, каде е намалувањето на невработеноста, каде е намалувањето на сиромаштијата??? У време на "мрачната транзиција на БЦ(не дека беше сјајно ама)" станот ми беше бања луфтиравме на 30 мин од што беше жешко а плаќавме околу 1500-1700 денари парно, вода 400-500 струја 1200-300, храната беше дупло поефтина. Кој се резутатите од преродбата не само што не е подобро него е полошо а мислевме дека полошо не може да биде (епа можело)
Ave Caesar,
Cuisvis hominis est erarre, nullius nisi insipientis in errore preservere. Nec stultis solere sucurri sed errantibus .Error communis facit ius.
Она што го потцртав во твојот пост се заблуди, во кој, за жал, не си единствениот кој верува. Ако сите веруваат во заблуда - тоа ќе стане вистина. Затоа си земам за слобода да те информирам за следново:
1. Дали исклучените ќе почнат да плаќаат тоа се уште не е сигурно. Но и ако почнат да плаќаат, твојата фактура ќе биде намалена многу малку.
Еве ја пресметката: Исклучени се 25% од потошувачите, кои ќе плаќаат 14% од сметката што ти ја плаќаш 14 * .0,25 = 3, 5, што значи можеш да очекуваш намалување од 3,5 %.
Ако пак плаќаат повеќе, на пример 50%, можеш да се надеваш дека на намалување на цената за 12,5% ( 50 * 0.25 = 12,5%)
Ама не се грижи, Топлификација нема ни за толку да ги намали цените - во меѓувреме повторно ќе ги покачат цените.
2. 2000 - 3000 денари месечно за затоплување на еден стан воопшто не е малку - напротив се работи за астрономска цена, а ти велиш дека сега цените се повисоки . Ако се пресмета годишно тоа е 24000 - 36000 или во евра 400 до 600 евра. Реална цена за затоплување на еден метар квадратен во моментов е од 16 до 20 денари месечно, што значи за стан од 60 м2 реално е цената да е од 1000 до 1200 денари.Pretia rerum non ex affectione nec utilitate singulorum, sed communiter funguntur
3.Од каде ти е овој податок за 95%?. Системот на АД Топлификација, 90% од времето, работи со 10% од инсталираната моќност. Во ситемот во Железара, просечно, ниту третина од становите не се приклучени, а тоа воопшто не му пречи, да биде поефтин и да работи 24 часа нон - стоп.
4. Ова за преродбата... АД Топлификација е приватно АД, никаде во светот такво нешто нема - тоа се обично или јавни претпријатија или претпријатија во сопственост на корисниците кои се грижат да имаат поефтино затоплување. Ако вакво затоплување е поскапо од користење на струја или гас, како што е случајот сега, никаков смисол нема да се користи вакво греење.
АД Топлификација е приватизирана.... АД Топлификација, со сегашниве законски решенија е доведена во монополистичка со законските решенија донесени одамна, АД Топлификација потполно сама ги одредува цените - колку сака и колку и е потребно, а Регулаторна дава Амин
Тоа е се направено пред „ преродбениците “.
Сепак, сега е потребно виновниците за оваа состојба да се изведат пред лицето на правдата но, како што гледаш, ништо не се случува
А за стандардот ... Ако сме сиромашни и бедни, не значи дека некој треба да не дере со високи цени
 
Vo eden razgovor so serviser na klimi mi e napomenato deka treba da se promenuva freonot na sekoi 3 godini.Dali ima nekoj iskustvo od vakov vid?
 
Vo eden razgovor so serviser na klimi mi e napomenato deka treba da se promenuva freonot na sekoi 3 godini.Dali ima nekoj iskustvo od vakov vid?
За прв пат слушам вакво нешто.
Мислам дека погрешно си разбрал.
 
Јас во собава се греам со еден радијатор (полн е со нафта или незнам што) и работи на струја. Додека работе топле колку толку но воздухот се осеќа дека е ладен ?! Ако ја изгасам за 5 секунди исто како да не топлело ништо во собата,а ждере струја многу. Што предлагате за по мала соба (нз точна квадратура) ?
Клима некоја ? или др чаре ?
 
Клима...
За да биде пријатно - топло во собата климата или друго грелно тело, треба да работи нон - стоп. За затоплување на воздухот потребно е многу мало количество топлина, а за затоплување на стварите и ѕидовите со собата потребно е многу поголемо количество. Кога се ладни стварите и ѕидовите не е пријатно да се седи и ако воздухот е загреан.
Во почетокот и на крајот на грејната сезона ( ноември или март ) можеш да затоплуваш со прекини, но во главната сезона ( декември, јануари и февруари ) треба да затоплуваш нон - стоп или со кратки прекини. Ако сакаш да штедиш, можеш да ја наместиш климата за два - три степени на пониска температура,( кога не си во собата) од нормалната температура.
 
Не.Наводно ги губел карактеристиките со текот на времето затоа се врши промена за да се намали оптеретуванјето на компресорот.
нема логика...
Во фрижидерите исто се наоѓа фреон не сум за слушнал нешто такво.
Оптоварувањето на компресорот не знам како и зошто би се променило. Се работи за клипни компресори. На такви компресори оптоварувањето може да се промени, ако се промени бројот на вртежи и густината на гасот. Бројот на вртежи зависи од фрекфенцијата на струјата а густината на гасот се менува во зависност од температурата.
Наполно нема логика.
Ако некој менувал фреон нека каже
 
Vo eden razgovor so serviser na klimi mi e napomenato deka treba da se promenuva freonot na sekoi 3 godini.Dali ima nekoj iskustvo od vakov vid?
јас како сервисер на клими тврдам и стално велам дека не на 3 туку на максимум 2 години треба да се ПРОВЕРУВА нивото на фреон во клими, но никако да се ПРОМЕНУВА... нема потреба.. фреонот не е со променлив карактер и не ги менува карактериситиките со текот на годините. она што во еден климатизер се менува е компресијата на моторот т.е. клипот а тука неможеш ништо да смениш со менување на фреонот...

значи само дополна и проверка е потребно не и промена... незнам кој ти го кажал тоа, ама сигурно грешел или нешто не си разбрал добро...
еве читај за клими на овој мк сајт:

http://www.kanosistemi.com.mk/content.php?id=100
 
Јас во собава се греам со еден радијатор (полн е со нафта или незнам што) и работи на струја. Додека работе топле колку толку но воздухот се осеќа дека е ладен ?! Ако ја изгасам за 5 секунди исто како да не топлело ништо во собата,а ждере струја многу. Што предлагате за по мала соба (нз точна квадратура) ?
Клима некоја ? или др чаре ?
За да има ефект таквиот радиатор ( уљан ) треба постојано да е вклучен уште од почеток на грејна сезона да ја загрее собата а потоа само да ја одржува температурата.
 
ај вака тука да прашам ваљда ќе се најде некој?
ме работат од топлификација, т.е. од снабдување исток со овоа новиве правила за исклучување од парно, им доставив списоци од станари од мојата зграда, според ова новово треба согласност од сите станови на мерното место, па моето мерно место има 65 стана, 3 влеза по 20 и нешто станови, кај е ова ненормално барање, некако го завршив ми се потпишаа луѓево АМА од снабдување исток се јавувале случајно по телефон и на 4 стана од тие 65, станарите им кажале дека не се согласуваат а луѓево ми се потпишаа. Сега дали ме работат од снабдување (ми маваат блеф) дали луѓево се толку покварени, не ми е јасно?
нејсе дали некој има некој човек шо ќе може да ми заврши работа да се исклучам од ова проклетово парно? може и по пп да ми препорачате некој, частам пиво, ракија, ручек.. :)
 
Според мене, арамиите од Снабдување исток, си играат мајтап со тебе со цел те спречат да се спасиш од кражбата и да продолжат да те измауваат и пљачкосуваат. Кој се тие да оценуваат дали потписите се О.К. или не се?
Направи по една копија од собраните потписи и други документи и отиди кај Народниот правобранител и побарај помош да се јават по телефон во Топлификација за да те исклучат. Таму има готови формулари и таму ќе пополниш што треба. Сега Топлификација го полни системот, но ти пожали се кај Народниот правобранител дека те маткаат со недели само за да те спречат да се исклучиш.
Јави што си направил!
 
Една интересна понуда на квалитетни инвертери.
Мислам дека се поевтини од ‘‘Енергија‘‘ претпоставувам дека се изработени во Тајланд, но сепак квалитетни машини. Иако овие што огласуваат не кажуваат за кои модели се работи. http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1055664?searchID=1056909&Idx=4
 
По поскапувањето на струјата - огревното дрво станува нај атрактивно гориво за економично затоплување. На огревното дрво дури му е намалена цената.
Еве еден напис во Плусинфо:
http://www.plusinfo.mk/vest/57794/Makedonski-shumi-Imame-drva-za-site
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom