Котбус - ФСВ Франкфурт
Искрено не очекував да ги видам Котбус толку високо на табелата и без пораз после 4 кола во Цвајта. Ниту пак Франкфурт. И двете екипи се со ист скор, 3 победи , 1 нерешена , 2 примени гола и го делат 2-то и 3-тотоместо на табелата.
Котбус за денес е без ветеранот Банович ( стандарден првотимец , среден ред) , додека сите други се на број.
Франкфурт ќе има малце проблеми. Капитенот Шлике, вениот играч Леки и дефанивецот Јунг нема да можат да настапат на овој натпревар поради повреда. Првите двојца се клучни за тимот. Имат уште двојца кои се подолгро време во аут.
Не ми се многу допаѓа коеф на Котбус, ми делува дека и двата тима тука ќе пробат да останат непоразени и дека бод би ги задоволил. Франкфурт многу зависи од играта на двојцата Албанци: Каплани ( 4 гола ) и Роши, Роши играше за Албанија против Кипар и Швајцарија, па можеби кај него може да има замор.
Лани беше 1:1 во Франкфурт и 0:1 во Котбус. Мислам дека тука може да видеме нерешен исход. Мислам дека и нема да им многу голови, но сепак не сум ич сигурен во изборот на типот за овој натпревар. Одам со x2 на Франкфурт.
Тип : x2 @ 1.70
Инглоштад - Унион Берлин
Двете се непредвидливи екипи. Берлин има 3 порази и една нерешена , додека Инглоштад минатото коло ја оствари првата победа 1:3 на гости кај Падерборн.
Кај домаќините се враќат тројца играчи од повреда и ќе недостасува само еден кој е подолго време повреден, што практички значи за денес имат целосен ростер на располагање.
Играт офанзивен футбал и за утре се очекува исто, напаѓачки да тргнат од првата минута. Во првите 4 кола имат 3/4 ГГ.
Унион пак има добар состав , но има освоено само 1 бод досега од можни 12. Денес ќе имат огромни проблеми, поради повреда или болест ќе фалат : Паренсен ( клучен дефанзивец ), Зоунди ( клучен во средниот ред ), Колман ( дефанзивец ). Тоа се новите повреди, а веќе подолго време во аут се : Коплин ( дефанзивец ) , а вчера не тренираа и се неизвесни : Матушка ( среден ред , клучен) , Куиринг ( напаѓач, клучен ) и Галегос ( напад ).
Ова се веќе сериозни проблеми, посебно во дефанзивата.
И чудно е тоа што коеф рипа за Инглоштад, наместо да паѓа. Беше отворен @ 2.05 ,моментално е 2.10-2.15 ..
Лошата форма и големиот број на изостаноци од дефанзивната линија ми велат дека Унион ќе има проблеми со одбраната на овој натпревар. Двете екипи играт офанзивен футбал, Инглоштад на предходните натпревари креираше доста шанси за гол и даде гол на ¾ натпревари досега, додека Унион прими барем по едне гол на секој натпревар што го одигра досега. Сетоа тоа собрано ми дава две опции : Инглоштад Т1 2+ или 3+. Одам со двата типа :
Тип : Инглоштад Т1 2+ @ 2.30 и Тип : 3+ @ 1.85