Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве доказ дека не измислувам
Ти верувам....
Ми треба податок колку квадрати е станот во кој живееш и колку плаќаш сега - колку денари е сметката.
А јас ќе ти кажам колку са истиот стан се плаќало во грејната сезона 2007/2008, односно пред да почнат да мерат со калориметри
И ќе ти кажам колку реално вреди затоплувањето на твојот стан
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Еве доказ дека не измислувам
Нема што да измислуваш сите знаеме како тоа топлификација го прави туку дај кажи конкретно колку е твојата сметка? За колкава квадратура се работи да пресметаме колку годишно ќе се плаќа со новиве сметки за парно?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Вечер напис дека Топлификација наводно била во тешка ситуација должела пари на ТЕ - ТО. Овие новинари или се наивни или мислат дека ние сме наивни....
http://vecer.com.mk/?ItemID=A5E1FAC21121DD409667E2941223AE1F
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ти верувам....
Ми треба податок колку квадрати е станот во кој живееш и колку плаќаш сега - колку денари е сметката.
А јас ќе ти кажам колку са истиот стан се плаќало во грејната сезона 2007/2008, односно пред да почнат да мерат со калориметри
И ќе ти кажам колку реално вреди затоплувањето на твојот стан
Нема што да измислуваш сите знаеме како тоа топлификација го прави туку дај кажи конкретно колку е твојата сметка? За колкава квадратура се работи да пресметаме колку годишно ќе се плаќа со новиве сметки за парно?
За март имам 1697 денари, а за август 2032, за стан од 50 квадрати. Инаку порамнувачките сметки за мај, јуни, јули ми беа по 2303.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За март имам 1697 денари, а за август 2032, за стан од 50 квадрати. Инаку порамнувачките сметки за мај, јуни, јули ми беа по 2303.
Одлично... Кон тебе Топлификација е супер... Ти плаќаш како кај железарското парно, Таму се плаќа 40 денари за метар квадратен стан по покачувањето во март.
50 м2 * 40 денари = 2000 денари
А и кај тебе просечната цена е толку:
( 1697 + 2303 ) : 2 = 2000 - како некој да ги штелувал поравнувањата.
Инаку пред да се воведат калориметрите цената беше 23 денари за м2 па според тоа би било
50 м2 * 23 денари * 1,18 ДДВ = 1357 денари месечно
( толку си плаќал 2007/2008)
Во меѓувреме цената ти е покачена за 2032/1357 = 1,497 или за 49,7% што е умерено
Спореди го тоа што за стан од 72м2, во зградата во која живеам, - порано се плаќаше 1952 денари, а сега 5833 денари ( тоа е покачување 300%)
За затоплување е битна цената за една година
12 месеци * 2032 = 24384 денари или околу 400 евра
Може да се пресмета и колку ти наплатувале еден KWh
За затоплување на еден м2 за една сезона просечно се доволни 110 KWh
50 m2 * 110 KWh = 5500 KWh
Просечната цена за еден KWh се пресметува
24384 денари : 5500 = 4,43 денари за еден KWh
Минатата зима 1KWh струја по средна тарифа чинеше 4,49 ден
Ете, тоа е таа пресметка...
Инаку цената за затоплување на еден метар квадратен стан реално вреди од 16 до 20 денари пресемтано со сегашна цена на гасот 450 долари за илјада нормални метари кубни.
Што значи за затолување на твојот стан реална цена би била од 800 до 1000 денари месечно. Тоа би било кога во Регулаторна, Топлификација ... би седеле чесни луѓе.
Но тоа не е случај..
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Јас во едниот стан од 57м2 плаќам 3500 денари за парно,зградата има 120 стана и е на една топлотна потстаница.На сметката гледам дека од 120 корисници се исклучиле 11.
Цевките ми поминуваат низ стан и незнам дали да го откажам парното,а сакам. Секако се догревам со клима после 22ч зашто имам мало бебе.Зимно време после 11ч е веќе ладно ако не пуштам клима.Значи климата работеше од 22-06ч секој ден цел Јануари,Февруари,и ми дојде само 500 денари повеќе за струја месечно.Климата е инвертер 3.5кw.
Прашањето е зашто плаќам толкава сметка за парно за таа квадратура кога гледам други станови со слична квадратура плаќаат за 30% помалце. Калориметар немам,изолација одлична,сите околу мене се греат на парно.Можно ли е да е поради исклучените 11 станари?
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836

Друже, очигледно си добро информиран за некои работи. од искуство сум задоволен со конвекторите. и згреан и цена прифатлива. колку ќе потрошиш, толку ке си платиш. но имам прашање за тебе. а тоа е следново......... како го имаш извадено просекот за 110KW, и дали е тука прерачунато ефтина струја и времето кога не е вклучен апаратот (односно станот е празен преку денот).дај ми пресметка за стан од 40м2. колку би требало да очекувам сметка?
Чисто за пример, јас имам стан од 40м2, и мојот компшија има ист стан. јас сум исклучен а на него му стига сметка 2300 ден. јас вкупно лани зиното плаќав за струја која ја користам за сите потреби во станот, ..... греење, машина за перење, пеглање, бојлер и сл............ 3500 ден. а преку лето цената на сметкате ми е најмногу 1700 ден. (место греење се користи клима). е сега ај удри НЗС, .... :) како тоа комшијата уште си плаќа парно, цела година плус струја (и тој има клима хахахах)
П.С. и јас и комшијата по цел ден не сме дома, ... на работа нормално и се прибираме после 17часот
--- надополнето: 14 септември 2012 во 14:16 ---
Еве доказ дека не измислувам
Со кое право наплаќаат авансно??!!..Кој во МК зима плата авансно до Декември??? :facepalm:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ако не се реши проблемот дали е можно да ве остават без греење?

ПРЕД СТАРТОТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА
Топлификација, дефинитивно, блокирана. Што ќе биде со нас?
Нема веќе дилеми, Топлификација и нејзините фирми се пред банкрот, оптоварени со долгови кои не можат или не сакаат да ги платат, а лиценцата и монополот кој им се дадени не важат пет пари бидејки фирмата не е во можност да ја извршува целта за која добила лиценца. Следи ли темелна истрага против Хаџимишев и Топлификација или државата повторно ќе посегне по јавните пари и ќе го спасува овој срам на јавниот сектор? Едно од решенијата е сега, кога се создадени услови за тоа, државата да ја раздолжи Топлификација и да ја земе во државна сопственост, што би ја релаксирало опасноста скопјани да останат без греење веќе од оваа сезона.......
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Друже, очигледно си добро информиран за некои работи. од искуство сум задоволен со конвекторите. и згреан и цена прифатлива. колку ќе потрошиш, толку ке си платиш. но имам прашање за тебе. а тоа е следново......... како го имаш извадено просекот за 110KW,
Точен податок, колку е потрбно просечно да се потроши за затоплување на еден метар квадратен станбена површина го има Топлификација. Ама тоа никако од нив не можеш да го добиеш и го чуваат како најголема тајна, бидејќи на тој начин ги вадат огромните профити. Тоа се добива кога ќе се пресмета колку вкупно енергија на гориво е потрошено за една грејна сезона и таа вредност ќе се подели со површината на сите станови кој ги затоплува
На пример Топлификација годишно троши 24 000 тони мазут а се знае дека еден килограм мазут содржи 11,5 KWh енергија, Значи вкупната енегија која е потрошена е:
24 000 тони * 1000 кг во тон * 11,5 KWh од кг мазут тоа е еднакво на = 276 000 000 KWh годишно
Вкупната површина на станови се пресметува приближно на пример има 30 000 станови, со просечна површина 60 м2
Вкупната површина е
30 000 станови * 60 м2 = 1 800 000 м2 вкупно станови
И сега лесно се пресметува колку се троши за затоплување на еден м2
276 000 000 : 1 800 000 = 153 KWh затоплување на еден метар квадратен станбена површина. Ова е бруто заедно со загубите во системот на Топлификација.
Ако ова 153 го помножам 0,8 за загуби во мрежата и помножи со 0,9 за закуби во котларата се добива бројка од 110 KWh
153 * 0,8 * 0,9 = 110
Ова податоци се приближни, точните податоци колку гориво трошат и колку м2 станови затоплуваат тие тоа не го кажуваат ама тука е некаде
Инаку количината што се троши за еден ист стан е потполно иста секоја година. Ти можеш за себе да си пресметаш колку трошиш за една грејна сезона и колку трошиш на м2 и тоа секоја година ќе биде исто ако не го менуваш режимот на греење
Јас просечно трошам за затоплување на еден м2 околу 90 КWh годишно
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ако не се реши проблемот дали е можно да ве остават без греење?

ПРЕД СТАРТОТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА
Топлификација, дефинитивно, блокирана. Што ќе биде со нас?
Нема веќе дилеми, Топлификација и нејзините фирми се пред банкрот, оптоварени со долгови кои не можат или не сакаат да ги платат, а лиценцата и монополот кој им се дадени не важат пет пари бидејки фирмата не е во можност да ја извршува целта за која добила лиценца. Следи ли темелна истрага против Хаџимишев и Топлификација или државата повторно ќе посегне по јавните пари и ќе го спасува овој срам на јавниот сектор? Едно од решенијата е сега, кога се создадени услови за тоа, државата да ја раздолжи Топлификација и да ја земе во државна сопственост, што би ја релаксирало опасноста скопјани да останат без греење веќе од оваа сезона.......
Јас би идел дека во последен момент ќе влезе нов капитал од бизнисмени блиски до власта и ќе има греење.Приказните со банкротот ќе ги искористам за дополнително кревање на цените и ќе си бројат пари цела зима.

Гарант нема да остават добар монопол да си пропадне.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Па најверојатно е така, кога гледам кој ги започна и форсира овие информации во јавност.
Кога некој од владата ќе ти каже дај ми некаква моќ за да те заштитам од некој дел од економијата ( олигарси,монопол,високи цени) знај дека ќе го предизвика токму тоа од што ветил дека те штити.

А народот е секогаш глуп.Запази ЕЛЕМ и МЕПСО ( државни фирми ) бараат покачувања на струја,Регулаторната комисија ( избрана од собрание ) ги одобрува ,ЕВН ( која пак е најобична општинска компанија во Австрија која и е даден монопол во Македонија со лоша приватизација повторно од државата ) ја дистрибуира само.

И пази за се е крив реалниот/приватен сектор и бараат ЕВН да се национализира.

А во исто време 2-3 бизнисмени блиски до власта цела зима продаваа македонска струја надвор по поефтини цени од во Македонија за да увезуваат поскапа за да ја дигнат цената е да направат поголем профит.За да можеш воопшто да продаваш струја ти треба лиценца од владата исто како и за производство.:tapp:

Во Германија има 1 милион производители на струја и во исто време продавачи,во Австрија ЕВН е општинска компанија во која општина има дополнително други 4 компании за дистрибуција на струја.

Топлификација да не постоеше Регулаторната комисија никогаш немаше да и помине тоа исклучените да мораат да плаќаат.Тоа би било еднакво како Витаминка да направи правило секое дете да мора да јаде кеса стоби флипс секој ден.Невозможно.АЛИ СЕКОГАШ Е ТУКА ДОБРАТА ВЛАСТ ДА ПОМОГНЕ НА СИРОМАШНИОТ НАРОД.

И на крај од власта тврдат дека лиценците и регулаторната комисија се потребни за да нема монопол и високи цени .:гомце::гомце::гомце:
 
Член од
14 септември 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ја препрочитав темава од почеток до крај и сосема сум убедена дека ова околу нас е право лудило-си плаќаме за се и сешто. Во врска со проблемиве околу топлификација не сум многу запознаена, па би сакала да ве прашам оние кои сте поинформирани дали новиве правилници и начини на плаќање 50%, 20% или десет денари по метар квадратен (во случај на исклучување важат за сите!?). Нашата зграда е приклучена на парно (ние никогаш не се приклучивме!), но во мојот стан не поминуваат никакви вертикали- секој стан си е засебен систем. Ако треба да плаќам фиксна цена за некористење во овој случај ќе ми намести ли топлификација вертикали?!- да има барем што да ме подзагрее за да има за што да плаќам! :)
Патем... во правилникот прочитав дека нови договори требало да пристигнат до 01.09- јас такво нешто (фала богу) немам.
 
Нема што да им плаќаш плус нема цевки што ти поминуваат низ стан.
Јас во едниот стан од 57м2 плаќам 3500 денари за парно,зградата има 120 стана и е на една топлотна потстаница.На сметката гледам дека од 120 корисници се исклучиле 11.
Цевките ми поминуваат низ стан и незнам дали да го откажам парното,а сакам. Секако се догревам со клима после 22ч зашто имам мало бебе.Зимно време после 11ч е веќе ладно ако не пуштам клима.Значи климата работеше од 22-06ч секој ден цел Јануари,Февруари,и ми дојде само 500 денари повеќе за струја месечно.Климата е инвертер 3.5кw.
Прашањето е зашто плаќам толкава сметка за парно за таа квадратура кога гледам други станови со слична квадратура плаќаат за 30% помалце. Калориметар немам,изолација одлична,сите околу мене се греат на парно.Можно ли е да е поради исклучените 11 станари?
На инвентер со таа квадратура и конвектор немаш гајле не ти треба парно.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 16:50 ---
За март имам 1697 денари, а за август 2032, за стан од 50 квадрати. Инаку порамнувачките сметки за мај, јуни, јули ми беа по 2303.
50 квадрати со конвектори има бања да го направиш и тоа цела зима и цели 24 часа за тие пари ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom