А кој играше со Сампдорија? Уште на почеток изгубивме 3 бода од екипа од серија Б поради тие негови грешки да не ги набројувам сега знае се кои се.
Оваа сезона има доста конкурентни тимови и секои 3 бода скапо ќе не чинат.
Имаат тренинг нека ги воигрува таму, а не да изјавува дека не се доволно спремни.
Истата грешка му беше и со Дидач ниедна шанса не доби и го пратија на позајмица и го земаа марсовецот Таиво.
Они си имаат причина зошто сакаат да го сменат. Подобро 5 мил за раскинување на договорот отколку губење на титула поради тие негови форсирања на најголемите дрва пред подобрите играчи.
Минатата сезона направи некои катастрофални грешки од +6 отидовме на -4. И предминатата правеше грешки, но немавме конкуренти и освоивме. Интер ни се доближи на 5 бода, но веќе беше крај на сезона инаку и тогаш ќе посеревме.
Сега во секој натпревар мора да игра со најсилниот состав и да менува формација според достапноста на играчите, а не упорно со таа неговата 4-3-1-2.
Над 300 натпревари пропуштиле играчите откако Алегри е тренер. Премногу сомнително здрави ја звршат утакмицата и на тренинг тренираат, а потоа пред следниот натпревар се повредени.
Добро би било да дојде Гвардиола ќе зима голема плата, но добро е што со неговото присутво во тимот ќе повлече и добри играчи кои ќе прифатат да играат и за помала плата само да им е тренер.
Лани неколку пати барав со некои членови да дискутираме за тоа што Алегри прави на терен и како го води тимот, пред се тактичкиот квалитет кој го има. Често некои се фаќаа за ’тактичката едноличност’, а толку големи експерти не го видоа токму спротивното, како тимот се трансформираше во тек на игра, во зависност дали е напад, одбрана или што во моментот треба да одигра Милан. Секогаш дискусиите завршуваат на тоа дека играл Антонини, не направил добра замена и други некакви плитки гледања. Така и ќе продолжи тоа...
Ќе почнам од крајот, можеби поради Гвардиола ќе дојдат играчи за мала плата, но клубовите нема да ги пуштат за мала оштета.
Повредите се интересни за дискутирање и не бе го амнестирал целосно Алегри. Но, во клубот имаш експерти кои што треба да се грижат околу физичката подготовка на играчите. Има и друг интересен момент, за одредена повреда во друг клубови играч се враќа на тререн за побргу време, отколку играч со таква повреда во Милан. Нешто не сум сигурен и дека за тоа Алегри е крив.
Ај, да ги видиме повредите од оваа сезона. Шпанецот воопшто и не тренираше со Милан. Монтоливо беше повреден пред ЕП, беше и во прашање дали и ќе игра на него, се повреди и на припреми во САД бргу откако се приклучи на тимот, а еве сега повторно. Би било интересно доколку се работи за иста повреда, не знам. Пато е перманентно повреден, ако и за него вината е во Алегри, тогаш и за сите други повреди тој е виновен.
Робињо е последниот со мускулна повреда. Значи три мускулни повред, од кои едниот постојано се повредува. И двете повреди да му ги препишеш на Алегри, не верувам дека отскокнуваат од просек. Колку играчи се повредија во Јуве (од припреми до сега) и во другите клубови, гледам и Манчестер се мачи со повреди. Другите повреди, како таа на Боатенг не може никој да му ја препише на Алегри.
Знаеш како не се ’посравме’ кога ни се доближи Интер? Така што Милан ги исплеска и нив и Наполи, меѓу другите. Минатата сезона е приказна за себе, со многу освоени бодови, штета што не зема Милан титула, но тоа е спортот, да имаше тимот среќа барем со повреди, а и судиски одлуки сега поинаку ќе се збореше. И не заборавај, Милан изгуби титула од клуб кој немаше ниту еден пораз целата сезона. И кои тоа најголеми дрва беа форсирани пред подобри играчи? Антонини пред Таиво? Се фативте за дрвото Таиво, а за ништо не го биваше. А и гледам сите се потепаа за него, како и за Шпанецот.
А бе, не може да кењате по Галијани и Берлускони дека го напуниле тимот со лоши играчи, а потоа да барате Алегри да го сменат затоа што не направил успех со нив, а што е најжалосно сеозната уште здраво не ни почнала. И место да се собере целиот клуб позади тимот во овој тежок момент, и управата оди на рака на оние кои што сакаат уште поголеми тензии да создадат.
И кратко за дефанзивците против Сампдорија. А бе, неколку пати имам пишано дека ниеден нормален клуб и тренер, посебно во Италија не рискираат на таа позиција. И колку да ти звучи чудно или глупо, во тој момент најзихерашко решение беше Јепес-Бонера, а на тој наптревар најголем проблем беше што Милан не даде гол. Гледаш дека постепено ги вметнува другие во тим, Ачерби играше. Сега што Мексес цело лето не тренираше, а и Запата дојде неподготвен е друга приказна. И јас сакам да го видам Запата, но зошто не играше и за Колумбија (барем јас колку што видов на нет)?
Но, нека се продолжи уште повеќе со притисок врз тимот, па така несигурните и не многу квалитетните играчи уште потешко ќе стигнуваат до победа. Последно нешто што е потребно врз млади фудбелри и врз нов тим е да се создава притисок.
едит... Нека го сменат Алегри, нека донесат некој друг, се надевам подобар, но од имањата што се вртат, а и кои реално може да се очекуваат, не гледам подобри решенија.