Makedonec_7 те тагнувам да не ти го цитирам цело мислење. Се слагам со голем дел од тоа шо го пиша, само не ми се свиѓа начинот на кој го пишуваш, како ние да сме луѓе шо исто размислуваат цело време. Секој си има своја идеја како би требало да се постапи со нашиот клуб, тоа муабетите за Хоџсон беа заебанција чисто. Ја на пример на сите менаџери досеа им дадов шанса. Не верував слепо дека можеме да се докопаме до титула од Хоџсон навака за разлика од некои, напротив оттогаш тврдев дека треба малце да се стабилизираме. И со Хоџсон бев трпелив долго време, све дур не изгубивме од Њукасл, Волвс и Блекбурн и сфатив дека мора нешто да се смени. За среќа и сопствениците исто изреагираа. За Кени имав најголема поддршка, само проблемот со Кени беше направен што газдиве сакале млад менаџер, а му дадоа договор на Кени и ги послушаа фановите. Кога веќе му понудија договор на Кени, не требаше да го шутнат по една сезона со патетичен изговор. Или најди нов од старт или кога више си го земал задржи го. Али ете и тоа помина и го донесовме Роџерс. Јас за него давам огромна поддршка, навистина верувам и се надевам дека може да биде голем менаџер за нас ако му се даде доволно добра поддршка, делумно од фановите, делумно од газдите (финансиска поддршка од вториве). За жал и на него има товар оставен од претходно раководење кое него не му одговара, па ќе треба време додека он си го состави тоа што го сака.
А тоа со притисокот ја го зборам од крајот на зимскиот трансфер период во кој ги донесовме Керол и Суарез. Над нас како клуб со богата историја и огромни очекувања секогаш ќе има притисок и тоа нема да може да се смени. Оној кој ќе биде донесен да не исправи мора да биде способен да се справи со притисокот. Треба време, секако дека мора време да му се даде на Роџерс, само не треба ниту да се верува слепо у нешто (титула у ПЛ сезонава), нити пак да сме огромни песимисти (дека ќе се бориме за опстанок). Треба да се најде баланс на поддршката, само нормално како што кажав на почетокот, ние не сме фанови што исто размислуваме и не можеме сите на ист начин да поддржуваме. Според мене со поддршка, трпение и конструктивни критики упатени кон Роџерс и раководењето на клубот ќе се постигне тоа што се бара, според друг со неверување во менаџерот, Роџерс ќе ги демантира сите, според трет не знам што ли ти таму. Ја немам ништо против тоа да му дадам време да си состави состав каков што сака, според неговите изјави и идеи за тоа како треба да се води еден клуб, ја бев импресиониран пошто не очекував такви ствари од него, па ако он стварно ги оствари тие идеи јас мислам дека може да стане големо име кај нас. Едноставно се е припремено, останува уште да се види идејата реализирана на дело, а за тоа мора време и соодветна поддршка, не слепо верување, не песимизам од старт, туку соодветна поддршка.