Фала ти за одговорот сега ме замисли.Сега изгледа ке треба да менувам се.
Какви и колку клими треба за 3 спрата кука 6 соби две купатила и внатрешни скали ( спрат со се скали е околу 50м2.има дупли ѕид со тервол ама сеуште нема фасада).За ладење е лесно на третиот спрат во ходникот ке ставам една голема клима од 5-6 или повеќе??? киловати и бидејќи топлиот воздух е полесен од ладниот куќата со една клима поголема ќе ја ладам,ама со истата нема да можам да ја грејам.ЧАРЕ??????ОПЦИИ????Ама не некој скапи
За куќа на 3 спрата би требал сепак да прашаш професионалци на пример од фирмите специјализирани за ова: Хидросет и Енергија.... тоа е сепак комплексна материја и секоја импровизација и грешка може многу да чини. Сепак моите искуства и познавања се од форуми, сајтови специјализирани за ладење-гфреење и од пријатели кои веќе со години користат термални возд. пумпи или како ги нарекуваме инвертери.... кои без исклучок се сложни во едно, а тоа е дека се презадоволни од квалитетот кој го добиле во греењето (дури и на оние ниски температури кои ги имавме минатата зима) и секако изненадени од ниските сметки за струја споредено со сметките кои ги плаќале предходно греејки се на пример на ТА печки.... значи ако читаше предходно на форумов за тоа е дискутирано, а верувам и повеќето луѓе го знаат тоа дека топлотните пумпи овозможуваат да искористената енергија за нивното работење е 4 па и 5 пати помала од испорачаната, така наречен COP-фактор, па излегува дека еден инвертер кој испорачува топлотна енергија од 4 Kw со COP-factor 4 троши просечно 1Kw на час... значи ке топли како ТА печка, а ќе троши како помал калорифер....
Е сега, кога ме праша ќе ти кажам како би играл јас во твојот случај, што секако немора да биде и најдоброто решение... тоа реков од професионалци можеш да го добиеш. Значи за сендвич зидови со тервол изолација, сметам дека е многу добра иако надворешната изолација - онаа на фасадата позната како ‘‘демит‘‘ е најдобра... но и оваа со сендвич ѕидови е исто така солидна... претпоставувам имаш и квалитетна столарија со термопан стакло... најдобра е повеќекоморна 5-6 и оригинал т-пан стакло со аргонско полнење, па доколку е и троструко стакло (мислам на 4-14-4-14-4) тогаш е идеално... но сепак и било каков ПВЦ со вообичаен термопан 4-16-4 е солидна изолација... во тој случај во оние простории во кои се престојува највеќе: дневна, детска, работна кујна.... а кои се од 20-25М2 би поставил инвертер, а во оние соби во кои не се задржуваш премногу, а верувам се и помали спална, ходник WC (ако имаш потреба) би поставил конвектор од 1 до 1,5 Kw.... добро изолирана просторија од 10-15М2 спална на пример еден конвектор 1,5 Kw од брендот Thermor без проблем може да ја загрее само за 15 минути на 20-22 степени (термометарот на 6-ка) а при легнување на пример ја ставиш на 4-4,5 (зависно колку е ладно надвор) при што можеш да сметаш на пријатни за спиење 18-19 степени... Ова што ти го кажувам е ПРОВЕРЕНО и функционира!
За салон како реков поголем од 20м2 или што знам детска да речеме.... би го земал моделот на Fujitsu ASYG 12 LEC 3,5 кој чини околу 680 Евра (со монтажа и 3 ми се чини години гаранција)... многу добар уред на реномираниот производител на топлотни пумпи... иако произведен во Кина сепак познатиот бренд гарантира квалитет. Знаеш во претходните постови и за тоа пишувавме, дека најдобри брендови во светски рамки се Daikin, Toshiba, Fujitsu Mitsubishi.. а оние нам познати марки иако јапонски фирми како Panasonic, Hitachi.... особено овие кои се продаваат во Техномаркет или Нептун се сепак трета лига кај производувачите на топлинските пумпи.... оние пак маде ин Кореа као Samsung, Hunday, LG... се уште една класа подоле, а кинеските како Quart, Midea, Neo - meo.... и тн се сепак осма класа во однос на оние прво набројаните.... но никако не значи дека една Midea на пример која чини 25-6,000 со моќ од 3,8Kw неможе да си исполни како задача, а пред се квалитетно и економично да загрее една добро изолирана просторија од 20-25м2 ..... може и тоа како! Но нели не сакаме сите Фиќо... некој ќе посака и Опел да речеме... Мерцедесите се сепак далеку од МК, но ако човек има многу пари може и да си приушти да речеме Daiseikai V Superinvertor модел на Toshiba ... но да се вратам јас на оној кој јас го преферирам и ако побараш ќе се увериш и многумина на форумов... дури мислам и дека некои веќе го користат... моделот значи ASYG 12LEC бројката кажува 12,000 BTU проток, со карактеристики: за ладење 3,4KW(0,9-3,9KW) а за греење 4 Kw (0.9-5.6 Kw) како и секој инвертер нели работи и на температури до -15 степени наменет е и специфицирано од производителот за греење простории до 30м2... со извонреден COP фактор од 4, што значи, како што посочив погоре испорачува топлотна енергија колку што би испорачало грејно тело од 4Kw, додека просечната потрошувачка му е само 1 Kw, што пак овозможува месечна потрошувачка од 500-600Kw што и не е така многу споредено со останатите грејни тела на струја.... еве ти линк, па прочитај.
http://www.fujitsu-general.de/air-conditioners/residential-use/wall-types/asyg-12-lec.html
Но како што реков и останатите термо-пумпи би ја вршеле работата за многу помали износи кои ќе се дадат за да се набави уредот нели... Споменатиот кинез Midea, потоа инвертер од хрватските кинези Vivax.... чии уреди се под 30,000.... исто така и Samsung, LG, Panasonic..... значително поскапи.... и тн и тн. Скапи се како уреди да се набават... но сега-засега најекономични за греење (од електричните уреди)....
Некој ќе ти рече и наместо скап инвертер обична клима да ставиш... го почитувам и тоа мислење, но не го препорачувам. Не за друго, туку ако за овој тип имам слушнато лично и прочитано за еден двајца задоволни, за греење со инвертери имам слушнато од десетина и повеќе корисници задоволни и од квалитетот и особено од економичноста на истите... единствено на ваков конвенционален (не-инвертер) клима уред можам да му верувам дека греењето може да го изврши беспрекорно (специфицирано е работи до -10*Ц!!!) .
http://www.klimacentar.com/vmchk/mitsubishi-electric/ne-inverter-kucna-serija/mitsubishi-msc-35ge35vb/muh-ga35vb.html
Тоа би било моето мислење.