Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
D
Пред 5-6 год.гледал на саем проточни греачи од подморници,се грее водата без котел,кружи нон-стоп.
Се согласувам со МКД Владе - Кано - еко - системи се занимава со таков начин на греење.
 
Пред 5-6 год.гледал на саем проточни греачи од подморници,се грее водата без котел,кружи нон-стоп.

испратено пп со појаснување...

п.с. благодарам владе и смрт за зони...
 
Ми треба греење за соба од околу 20 м2.Кои вид од панелкиве што ги продаваат низ градот да земам,бидејќи ги има доста фирми и колку вати е доволно за собата од 20 м2.ПОЗДРАВ ДАЈТЕ СОВЕТ
 
Земи си било која клима од 2,5 киловати, по можност инвертер. Ќе плаќаш најмногу по 2000 денари месечно за струја за неа (И тоа само ако сакаш гол по дома да шеташ).
 
Ми треба греење за соба од околу 20 м2.Кои вид од панелкиве што ги продаваат низ градот да земам,бидејќи ги има доста фирми и колку вати е доволно за собата од 20 м2.ПОЗДРАВ ДАЈТЕ СОВЕТ
Ма какви панелки!? Мислиш на конвекторите веројатно што се нудат на пазарот од француските Thermor или германски AEG или Vailant.... ништо од тоа! Со сегашните цени на струја овие ти се неекономични.
Се сложувам со ‘‘некој таму‘‘ што ти предложи инвертер доколку сакаш квалитетно и релативно евтино греење... ги имаш на пазаров од 25,000 па нагоре. Единствено само не сум сигурен дека во сите услови би биле доволни 2,5 Kw.... доколку имаш одлична изолација и надворешна столарија секако толкава моќност е доволна, во спротивно размисли за нешто појако!
 
Здраво. Ме интересира дали некој има искуство конкретно со овој модел на инвертер- Panasonic CS/CU-E12NKE-3.
Некои тврдат дека е постар модел, а на интернет пишува дека е од 2012г. производство.
Или дали некој знае друг добар модел од Panasonic (3.5kw) и каде може да се набави. Ми треба за простор од околу 35 м2.
 
Ма какви панелки!? Мислиш на конвекторите веројатно што се нудат на пазарот од француските Thermor или германски AEG или Vailant.... ништо од тоа! Со сегашните цени на струја овие ти се неекономични.
Се сложувам со ‘‘некој таму‘‘ што ти предложи инвертер доколку сакаш квалитетно и релативно евтино греење... ги имаш на пазаров од 25,000 па нагоре. Единствено само не сум сигурен дека во сите услови би биле доволни 2,5 Kw.... доколку имаш одлична изолација и надворешна столарија секако толкава моќност е доволна, во спротивно размисли за нешто појако!
Фала ти за одговорот сега ме замисли.Сега изгледа ке треба да менувам се.
Какви и колку клими треба за 3 спрата кука 6 соби две купатила и внатрешни скали ( спрат со се скали е околу 50м2.има дупли ѕид со тервол ама сеуште нема фасада).За ладење е лесно на третиот спрат во ходникот ке ставам една голема клима од 5-6 или повеќе??? киловати и бидејќи топлиот воздух е полесен од ладниот куќата со една клима поголема ќе ја ладам,ама со истата нема да можам да ја грејам.ЧАРЕ??????ОПЦИИ????Ама не некој скапи
 
Подобро повеќе помали клими одколку една поголема за цел спрат
Немаш избор климите се или 2,5 или 3,5 КВ
за соби од 25 - 30 м2 - 2,5
за соби од 35 - 40 м2 - 3,5
ов се оријентациони вредности
 
Дечки не се разбирам многу во техничките)механички перфоманси на уредите за греење ама се разбирам во финанансиски и трговски работи затоа од струја бегајте како ѓавол од крст! Секоја инвестиција на греење со струја на подолг рок е неисплатлива. Во сооднос на цената спрема квалитетот и траењето на греењето топлификација ви е најисплатлива добивата топол стан цел ден. Затоплување со таков квалитет на струја ќе ве чини поскапо. Но ако сакате да заштедитеи да греете само дел од домот и опреден временски периодтогаш најдобра алтернатива;
1. Плин
2. Дрва
3. Нафта
со тоа што првите две се далеку најдобри , и најисплатливи, јас кога би живеел во куќа би инвестирал во сопствен парно систем на дрва со мошност за адаптација на плин (ваљда и во ск за некоја година ќе има гасовод како што има во струмица и куманово) поздрав
 
Во сооднос на цената спрема квалитетот и траењето на греењето топлификација ви е најисплатлива добивата топол стан цел ден. З
Се се се можам да прифатам - ама ова за топлификација ти е ...
Каде живееш? Од скопска Топлификација нема ништо што е поскапо и по не квалитетно
За стан од 72м2 се плаќа месечно 5833 денари ( пред да поскапи ) тоа е цела година што значи вкупно околу 70 000 денари годишно. За тие пари можеш да купиш 30 кубици дрва. Најди некој кој за затоплување на стан троши 30 кубици дрва..
А греат..., што да ти кажам... од 6 до 21мцел ден луѓето седат со греалка
 
Дечки не се разбирам многу во техничките)механички перфоманси на уредите за греење ама се разбирам во финанансиски и трговски работи затоа од струја бегајте како ѓавол од крст! Секоја инвестиција на греење со струја на подолг рок е неисплатлива. Во сооднос на цената спрема квалитетот и траењето на греењето топлификација ви е најисплатлива добивата топол стан цел ден. Затоплување со таков квалитет на струја ќе ве чини поскапо. Но ако сакате да заштедитеи да греете само дел од домот и опреден временски периодтогаш најдобра алтернатива;
1. Плин
2. Дрва
3. Нафта
со тоа што првите две се далеку најдобри , и најисплатливи, јас кога би живеел во куќа би инвестирал во сопствен парно систем на дрва со мошност за адаптација на плин (ваљда и во ск за некоја година ќе има гасовод како што има во струмица и куманово) поздрав
Така би требало да биде, парното да е најефтино. Но кај нас не е така затоа што Топлификација е монопол. И плус јас не сакам да имам ништо со фирма каде не се разграничени обврските на давателот на услугата и цената на услугата, макар и да плаќам поскапо.

На пример јас за интернет, ТВ и телефон имам склучено договор на 1 година за која ја знам цената. Со Топлификација немам таков договор, колку ќе побараат толку им плаќав и плус не бев задоволен од услугата. Ако не ми чини интернетот јас можам
- да го раскинам предвреме договорот и да плаќам пенали поради тоа
- да чекам да истече договорот
Со Топлификација немам такви можности и затоа ги откачив.
 
Фала ти за одговорот сега ме замисли.Сега изгледа ке треба да менувам се.
Какви и колку клими треба за 3 спрата кука 6 соби две купатила и внатрешни скали ( спрат со се скали е околу 50м2.има дупли ѕид со тервол ама сеуште нема фасада).За ладење е лесно на третиот спрат во ходникот ке ставам една голема клима од 5-6 или повеќе??? киловати и бидејќи топлиот воздух е полесен од ладниот куќата со една клима поголема ќе ја ладам,ама со истата нема да можам да ја грејам.ЧАРЕ??????ОПЦИИ????Ама не некој скапи
За куќа на 3 спрата би требал сепак да прашаш професионалци на пример од фирмите специјализирани за ова: Хидросет и Енергија.... тоа е сепак комплексна материја и секоја импровизација и грешка може многу да чини. Сепак моите искуства и познавања се од форуми, сајтови специјализирани за ладење-гфреење и од пријатели кои веќе со години користат термални возд. пумпи или како ги нарекуваме инвертери.... кои без исклучок се сложни во едно, а тоа е дека се презадоволни од квалитетот кој го добиле во греењето (дури и на оние ниски температури кои ги имавме минатата зима) и секако изненадени од ниските сметки за струја споредено со сметките кои ги плаќале предходно греејки се на пример на ТА печки.... значи ако читаше предходно на форумов за тоа е дискутирано, а верувам и повеќето луѓе го знаат тоа дека топлотните пумпи овозможуваат да искористената енергија за нивното работење е 4 па и 5 пати помала од испорачаната, така наречен COP-фактор, па излегува дека еден инвертер кој испорачува топлотна енергија од 4 Kw со COP-factor 4 троши просечно 1Kw на час... значи ке топли како ТА печка, а ќе троши како помал калорифер....
Е сега, кога ме праша ќе ти кажам како би играл јас во твојот случај, што секако немора да биде и најдоброто решение... тоа реков од професионалци можеш да го добиеш. Значи за сендвич зидови со тервол изолација, сметам дека е многу добра иако надворешната изолација - онаа на фасадата позната како ‘‘демит‘‘ е најдобра... но и оваа со сендвич ѕидови е исто така солидна... претпоставувам имаш и квалитетна столарија со термопан стакло... најдобра е повеќекоморна 5-6 и оригинал т-пан стакло со аргонско полнење, па доколку е и троструко стакло (мислам на 4-14-4-14-4) тогаш е идеално... но сепак и било каков ПВЦ со вообичаен термопан 4-16-4 е солидна изолација... во тој случај во оние простории во кои се престојува највеќе: дневна, детска, работна кујна.... а кои се од 20-25М2 би поставил инвертер, а во оние соби во кои не се задржуваш премногу, а верувам се и помали спална, ходник WC (ако имаш потреба) би поставил конвектор од 1 до 1,5 Kw.... добро изолирана просторија од 10-15М2 спална на пример еден конвектор 1,5 Kw од брендот Thermor без проблем може да ја загрее само за 15 минути на 20-22 степени (термометарот на 6-ка) а при легнување на пример ја ставиш на 4-4,5 (зависно колку е ладно надвор) при што можеш да сметаш на пријатни за спиење 18-19 степени... Ова што ти го кажувам е ПРОВЕРЕНО и функционира!
За салон како реков поголем од 20м2 или што знам детска да речеме.... би го земал моделот на Fujitsu ASYG 12 LEC 3,5 кој чини околу 680 Евра (со монтажа и 3 ми се чини години гаранција)... многу добар уред на реномираниот производител на топлотни пумпи... иако произведен во Кина сепак познатиот бренд гарантира квалитет. Знаеш во претходните постови и за тоа пишувавме, дека најдобри брендови во светски рамки се Daikin, Toshiba, Fujitsu Mitsubishi.. а оние нам познати марки иако јапонски фирми како Panasonic, Hitachi.... особено овие кои се продаваат во Техномаркет или Нептун се сепак трета лига кај производувачите на топлинските пумпи.... оние пак маде ин Кореа као Samsung, Hunday, LG... се уште една класа подоле, а кинеските како Quart, Midea, Neo - meo.... и тн се сепак осма класа во однос на оние прво набројаните.... но никако не значи дека една Midea на пример која чини 25-6,000 со моќ од 3,8Kw неможе да си исполни како задача, а пред се квалитетно и економично да загрее една добро изолирана просторија од 20-25м2 ..... може и тоа како! Но нели не сакаме сите Фиќо... некој ќе посака и Опел да речеме... Мерцедесите се сепак далеку од МК, но ако човек има многу пари може и да си приушти да речеме Daiseikai V Superinvertor модел на Toshiba ... но да се вратам јас на оној кој јас го преферирам и ако побараш ќе се увериш и многумина на форумов... дури мислам и дека некои веќе го користат... моделот значи ASYG 12LEC бројката кажува 12,000 BTU проток, со карактеристики: за ладење 3,4KW(0,9-3,9KW) а за греење 4 Kw (0.9-5.6 Kw) како и секој инвертер нели работи и на температури до -15 степени наменет е и специфицирано од производителот за греење простории до 30м2... со извонреден COP фактор од 4, што значи, како што посочив погоре испорачува топлотна енергија колку што би испорачало грејно тело од 4Kw, додека просечната потрошувачка му е само 1 Kw, што пак овозможува месечна потрошувачка од 500-600Kw што и не е така многу споредено со останатите грејни тела на струја.... еве ти линк, па прочитај. http://www.fujitsu-general.de/air-conditioners/residential-use/wall-types/asyg-12-lec.html
Но како што реков и останатите термо-пумпи би ја вршеле работата за многу помали износи кои ќе се дадат за да се набави уредот нели... Споменатиот кинез Midea, потоа инвертер од хрватските кинези Vivax.... чии уреди се под 30,000.... исто така и Samsung, LG, Panasonic..... значително поскапи.... и тн и тн. Скапи се како уреди да се набават... но сега-засега најекономични за греење (од електричните уреди)....
Некој ќе ти рече и наместо скап инвертер обична клима да ставиш... го почитувам и тоа мислење, но не го препорачувам. Не за друго, туку ако за овој тип имам слушнато лично и прочитано за еден двајца задоволни, за греење со инвертери имам слушнато од десетина и повеќе корисници задоволни и од квалитетот и особено од економичноста на истите... единствено на ваков конвенционален (не-инвертер) клима уред можам да му верувам дека греењето може да го изврши беспрекорно (специфицирано е работи до -10*Ц!!!) . http://www.klimacentar.com/vmchk/mi...erija/mitsubishi-msc-35ge35vb/muh-ga35vb.html
Тоа би било моето мислење.
 
Него една работа ме интересира. Како може да се добие COP на останатите електрични грејни тела, освен на топлотните пумпи. Кварцна греалка, калорифер и конвертор од 1КW не греат баш исто, а трошат исто.
 
..исти се бидејќи принципот е ист..електричен отпор...со мали разлики во однос на конфигурацијата на пасивното струење на воздухот...калориферот плус има вентилатор кој исто нешто троши така да и тој нешто одзема, но и дава:) ..... топлинската пумпа е нешто сосема друго...тука веќе термодинамиката на флуидите е во игра...
 
Така би требало да биде, парното да е најефтино. Но кај нас не е така затоа што Топлификација е монопол. И плус јас не сакам да имам ништо со фирма каде не се разграничени обврските на давателот на услугата и цената на услугата, макар и да плаќам поскапо.

На пример јас за интернет, ТВ и телефон имам склучено договор на 1 година за која ја знам цената. Со Топлификација немам таков договор, колку ќе побараат толку им плаќав и плус не бев задоволен од услугата. Ако не ми чини интернетот јас можам
- да го раскинам предвреме договорот и да плаќам пенали поради тоа
- да чекам да истече договорот
Со Топлификација немам такви можности и затоа ги откачив.
toplifikacija e priroden monopol, nemoze da ime konkurencija da imame doma po 50 cefki pa od koja sakam firma od taa? taka e i so patista i struja, zatoa postoi regulatorna komisija treba gi kontrolira, da cenite se visoki zaradi niskiot standard a za toa se vinovni vlastite ovie 20 godini kakoi kapacitetot priroden i covecki so koi raspolagame vo ovaa nasa zemja...
--- надополнето: 5 септември 2012 во 16:46 ---
Се се се можам да прифатам - ама ова за топлификација ти е ...
Каде живееш? Од скопска Топлификација нема ништо што е поскапо и по не квалитетно
За стан од 72м2 се плаќа месечно 5833 денари ( пред да поскапи ) тоа е цела година што значи вкупно околу 70 000 денари годишно. За тие пари можеш да купиш 30 кубици дрва. Најди некој кој за затоплување на стан троши 30 кубици дрва..
А греат..., што да ти кажам... од 6 до 21мцел ден луѓето седат со греалка
verojatno plakas tolku zatoa sto pola zgrada ti se ima iskluceno, jas za skoro 80m2 plakam 4600, ziveam vo centar mozebi eden dvajca ako se imaat iskluceno
--- надополнето: 5 септември 2012 во 16:53 ---
kako sakate taka, nemora da prifatite sto vi pisuvam, frlete im gi parite na nekoi mali firmicki sto mestat klimi, ili stavaat grejaci vo radiojatori ili prodavaat panelki ili elektricni pumpi za sopstveno parno (zamisli toa ti e kako da imas mini fabrika za celik i mislis deka mozes da si poeftin od makstil da kazeme), posle ke plakate pomalku da ama mesecno plus 3000 za struja a ke toplite edna do dve sobi (znaci ke se mrznes koa ke ides u wc) ke ti stoi pola stan laden i ne iskoristen, i koga ke mavnes amortizacija na investicijata ispaga kako da si na toplifikacija i da ti bide banja cel stan cel den. pa kako sakate taka, kazav bolje alternativa e parno na drva ili plin (ako imas gasovod) drugo nema, ILI TOA ILI PRODADETE GO STANOT KUPETE SI GARSONJERA ILI MAL STAN I AVTOMATSKI KE GI NAMALITE TROSOCITE. isto vi e dali ke vi bide laden cel stan od 80m ili topol 40m isto vi e, samo plakarite ke se mrznat, taka ke imate pari od stanot i za biznis sopstven ili slicno nesto
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom