Најекономично греење и ладење

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На сопругот му рекле дека има некои проточни греачи:)
Не знам што е тоа...
Постојат електрични греачи за проточни бојлери за подготвување на топла вода за туширање.
Постојат електрични греачи што се ставаат во обичен радијатор.
Има и греачи што се наменети за котли за парно
Но, за ова не сум слушнал... прашај го Сопругот, што сака да постигне со таквите греачи... за што се наменети греачите...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263

Најверојатно мисли на Кано системот , пошто тие ми се некако најблиску до проточни.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Пред 5-6 год.гледал на саем проточни греачи од подморници,се грее водата без котел,кружи нон-стоп.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Пред 5-6 год.гледал на саем проточни греачи од подморници,се грее водата без котел,кружи нон-стоп.
Членот kano-eko-systemi ке го прашаш, тој монтира слични на нив системи, па најдобро тој би ти објаснил.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Анализирав, пустев, праев, потрошив 300 евреи за парното на струја (додадов радијатори + некои други заебанции), и на крајот решив ќе земам fujitsu inverter. Како и да го вртиш, трошиш 400-500 вати а добиваш 4 киловати греење. Разбери како сакаш, ама поевтино е само на дрва ( и многу по прљаво).
Мислам дека сепак си се определил за една од најдобрите опции... инверт. Fujitsu во случајот, ако си решил се разбира!.... но сепак не е хипер-инвертер, за испорачани 4 Kw да троши 0,5 Kw/h... ќе да е некаде просечно околу 1-1,1Kw/h што и не е така лошо нели!? Или ти мислеше месечно 400-500 Kw? Е да, толку би оделе со Fujitsu, но и тоа не е многу... се што е над 1000 е многу, бар така мислам! А за истата просторија (простории) доколку користиш ТА или конвектор(и) наместо инвертерот... сигурно ќе ги направиш дебело над иљада кв!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
D
Пред 5-6 год.гледал на саем проточни греачи од подморници,се грее водата без котел,кружи нон-стоп.
Се согласувам со МКД Владе - Кано - еко - системи се занимава со таков начин на греење.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Пред 5-6 год.гледал на саем проточни греачи од подморници,се грее водата без котел,кружи нон-стоп.
испратено пп со појаснување...

п.с. благодарам владе и смрт за зони...
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Ми треба греење за соба од околу 20 м2.Кои вид од панелкиве што ги продаваат низ градот да земам,бидејќи ги има доста фирми и колку вати е доволно за собата од 20 м2.ПОЗДРАВ ДАЈТЕ СОВЕТ
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Земи си било која клима од 2,5 киловати, по можност инвертер. Ќе плаќаш најмногу по 2000 денари месечно за струја за неа (И тоа само ако сакаш гол по дома да шеташ).
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ми треба греење за соба од околу 20 м2.Кои вид од панелкиве што ги продаваат низ градот да земам,бидејќи ги има доста фирми и колку вати е доволно за собата од 20 м2.ПОЗДРАВ ДАЈТЕ СОВЕТ
Ма какви панелки!? Мислиш на конвекторите веројатно што се нудат на пазарот од француските Thermor или германски AEG или Vailant.... ништо од тоа! Со сегашните цени на струја овие ти се неекономични.
Се сложувам со ‘‘некој таму‘‘ што ти предложи инвертер доколку сакаш квалитетно и релативно евтино греење... ги имаш на пазаров од 25,000 па нагоре. Единствено само не сум сигурен дека во сите услови би биле доволни 2,5 Kw.... доколку имаш одлична изолација и надворешна столарија секако толкава моќност е доволна, во спротивно размисли за нешто појако!
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво. Ме интересира дали некој има искуство конкретно со овој модел на инвертер- Panasonic CS/CU-E12NKE-3.
Некои тврдат дека е постар модел, а на интернет пишува дека е од 2012г. производство.
Или дали некој знае друг добар модел од Panasonic (3.5kw) и каде може да се набави. Ми треба за простор од околу 35 м2.
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Ма какви панелки!? Мислиш на конвекторите веројатно што се нудат на пазарот од француските Thermor или германски AEG или Vailant.... ништо од тоа! Со сегашните цени на струја овие ти се неекономични.
Се сложувам со ‘‘некој таму‘‘ што ти предложи инвертер доколку сакаш квалитетно и релативно евтино греење... ги имаш на пазаров од 25,000 па нагоре. Единствено само не сум сигурен дека во сите услови би биле доволни 2,5 Kw.... доколку имаш одлична изолација и надворешна столарија секако толкава моќност е доволна, во спротивно размисли за нешто појако!
Фала ти за одговорот сега ме замисли.Сега изгледа ке треба да менувам се.
Какви и колку клими треба за 3 спрата кука 6 соби две купатила и внатрешни скали ( спрат со се скали е околу 50м2.има дупли ѕид со тервол ама сеуште нема фасада).За ладење е лесно на третиот спрат во ходникот ке ставам една голема клима од 5-6 или повеќе??? киловати и бидејќи топлиот воздух е полесен од ладниот куќата со една клима поголема ќе ја ладам,ама со истата нема да можам да ја грејам.ЧАРЕ??????ОПЦИИ????Ама не некој скапи
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Фала ти за одговорот сега ме замисли.Сега изгледа ке треба да менувам се.
Какви и колку клими треба за 3 спрата кука 6 соби две купатила и внатрешни скали ( спрат со се скали е околу 50м2.има дупли ѕид со тервол ама сеуште нема фасада).За ладење е лесно на третиот спрат во ходникот ке ставам една голема клима од 5-6 или повеќе??? киловати и бидејќи топлиот воздух е полесен од ладниот куќата со една клима поголема ќе ја ладам,ама со истата нема да можам да ја грејам.ЧАРЕ??????ОПЦИИ????Ама не некој скапи
Подобро повеќе помали клими одколку една поголема за цел спрат
Немаш избор климите се или 2,5 или 3,5 КВ
за соби од 25 - 30 м2 - 2,5
за соби од 35 - 40 м2 - 3,5
ов се оријентациони вредности
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Дечки не се разбирам многу во техничките)механички перфоманси на уредите за греење ама се разбирам во финанансиски и трговски работи затоа од струја бегајте како ѓавол од крст! Секоја инвестиција на греење со струја на подолг рок е неисплатлива. Во сооднос на цената спрема квалитетот и траењето на греењето топлификација ви е најисплатлива добивата топол стан цел ден. Затоплување со таков квалитет на струја ќе ве чини поскапо. Но ако сакате да заштедитеи да греете само дел од домот и опреден временски периодтогаш најдобра алтернатива;
1. Плин
2. Дрва
3. Нафта
со тоа што првите две се далеку најдобри , и најисплатливи, јас кога би живеел во куќа би инвестирал во сопствен парно систем на дрва со мошност за адаптација на плин (ваљда и во ск за некоја година ќе има гасовод како што има во струмица и куманово) поздрав
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во сооднос на цената спрема квалитетот и траењето на греењето топлификација ви е најисплатлива добивата топол стан цел ден. З
Се се се можам да прифатам - ама ова за топлификација ти е ...
Каде живееш? Од скопска Топлификација нема ништо што е поскапо и по не квалитетно
За стан од 72м2 се плаќа месечно 5833 денари ( пред да поскапи ) тоа е цела година што значи вкупно околу 70 000 денари годишно. За тие пари можеш да купиш 30 кубици дрва. Најди некој кој за затоплување на стан троши 30 кубици дрва..
А греат..., што да ти кажам... од 6 до 21мцел ден луѓето седат со греалка
 
Kajgana Shop

На врв Bottom