Кога би можел да одлучувам, со овој состав би излегол вечерва.
Валдес
Дани - Пујол - Бартра - Алба
Бускетс
Чави - Иниеста
Цеск
Меси - Виља
Иако кога ќе размислам подобро, би го избрал Пинто пред Валдес, со оглед на формата во која е нашиот бр.1.
Дани се враќа и е сигурен на десната страна. Доколку не може да стартува од 1та мин, Монтоја би бил стартер. На стоперските позиции, не се заебавам. На Пике и Маскерано им треба одреден период да се вратат во нормала после траумите од Кристијано во средата. Бартра е едното решение, а доколку Капитенот не е доволно опоравен за да стартува, на неговото место нека игра Сонг. Алба стабдард лево.
Триаголникот во средина треба да стартува и во овој важен натпревар.
Веднаш пред нив, а позади напаѓачите, редно е и Цеск да заигра. После лошата партија против Осасуна и преседувањето цел натпревар на клупа во Мадрид, редно е Фабрегас да започне во прв тим.
Нашите најдобри напаѓачи треба да го сочинуваат напаѓачкото дуо во најтешките натпревари. Доколку Виља и овојпат не може да го започне натпреварот во првите 11, на неговото место го очекувам Педро. Алексис мора да започне од клупата. Тељо треба да одмори малку
Неколку збора за противникот. Досега не забележаа ниедна победа, ниту пораз. Двата натпревари ги одиграа нерешено. Во првото коло одиграа храбро и извадија 1-1 на Бернабе. Во второто коло, во екстра одличен натпревар, одиграа 3-3 со Депортиво на Местаља, откако паднаа во второто полувреме.
Иако имаат само 2 бода и се на 13то место после 2то коло, Валенсија покажа одлична игра досега.
Посебно се добри во нападот, имаат одлични играчи кои можат да постигнат гол против секоја екипа. Солдадо, Нелсон Валдес, Фегули, Гвардадо, Жонас, Пиати... Со оглед на тоа каква ни е одбраната и голманот, очекувам вечерва да примиме најмалку 1 гол.