Рок музика и рокерски бендови

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.846
Поени од реакции
23.515
Нема проблем, ајде да споредиме продажба.
1.Но, од првите 10 години на фајтерси и првите 10 на цепелин.
2. Пејџ и компанија беа револуционери кога се појавија, сега не се.
3. Сега 13 годишњаци свират боље од него (прогрес)
4. За музичка структура да не зборуваме.
5. Идол не значи да се угледуваш ама никад да не станеш таков. Идол значи, учиш и стануваш подобар.
1. Зепелин не постојат од 1980-та. Направија бум уште со првиот албум ем тоа ем башка што светот знаеше кој е Дејв Грол кога се формираше Фу Фајтерс ради историјатот а Зепелин членуваа во некои анонимни бендови.

2. Тоа е исто како да кажеш Тесла може ја измислил струјата ама што не го измислил Интернетот? Спореди технологија тогаш и сега, рифови и солажи тогаш и сега, маркетинг и организација на концерти тогаш и сега. колку за пример тогаш плочи се нарачувале од Сплит Југотон и се чекало 1-2 месеца. Па дур го дистрибуираат во Америка па дур сите критичари на весници и емисии да го прочитаат па скапиот трошок мали примери од многуте. Денес од Интернет Дет Магнетик на Металика сите ватрени Метикарци го имаа за 24 саата.

3. Види точка 2

4. Па и нема ако почнеме со тоа што Зепелин се една од ретките групи како Дрим Тиатер и Мејден каде што сите членови од бендот се врвни музичари во својата струка.

5. Точно, точно ама дали ги надминале најверојатно ќе покаже времето бидејќи ракa на срце Грол не е Кобејн, ја нема таа харизма па ни таа кретивност. Тоа што сепак ми се допадна кај него е фактот што ја има скромноста иако е одличен музичар и што направи свое дело а не остана бледа копија на Нирвана, грешка што многу други музичари ја прават кога ќе излезат од матичниот бенд. Имаат уште километри за одење и се додека рок ен рол светот (љубителите на рок ен ролот и рок критичарите) не се изјаснат дека групата имала огромен придонес во таа музика поголем и од онаа на Лед Зепелин нема да можам да ги прифатам како подобар бенд. Бидејќи и јас и ти знаеме дека ранг листите и артиклите се релативно (но сепак пристојно) точни и имаат багови. А таму води Зепелин. Значи оставаме на историјата. Едните го отсвиреа своето, другите уште не. Кога ќе го отсвират ќе го кажеме конечниот збор. А до тогаш Зепелин се Зепелин.
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Дејв го ковал занатат кај курт (ултимативниот бог на рокенролот) така да од старо време, се почитувам и се слушам. Само апсолутно (уште еднаш) квалитетот го немале-од денешна гледна точка. А во нивно време си биле боговои.
Курт-бог на рокот,е сега кажа се:pos2:
Муабетов не води никаде,сите си имаме субјективни гледишта а за вкусовите не се дискутира.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Курт-бог на рокот,е сега кажа се:pos2:
Муабетов не води никаде,сите си имаме субјективни гледишта а за вкусовите не се дискутира.
Со деца на деЦки начин се разговара:helou:
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Јоцо ко прво и сам знаеш дека Дејв не знае да отсвири како и Џими Пејџ, зашто Џими има бајаги свој стил вметнато во рокот, а и доста техника што малку знаат да ја свират денес. Од таа страна Џими си е револуционерен до ден денес.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Јоцо ко прво и сам знаеш дека Дејв не знае да отсвири како и Џими Пејџ, зашто Џими има бајаги свој стил вметнато во рокот, а и доста техника што малку знаат да ја свират денес. Од таа страна Џими си е револуционерен до ден денес.
Гижо, настапот што го гледавме за Stairway To Heaven беше зезање од страна на Dave.
Поентата беше, демек ова е една од тие "тешки" работи. Џими бил своевремено револуционерен. А Дејв свири и гитара, и бас, и тапани, и клавир, и пее...извини и во квалитет и во квантитет предноста е на модерната страна.
Не едека стариве се лоши, но тоа што го правело било во нивно време нешто магично, во ова време да се појават нема да остават некаков впечаток.
 
Член од
25 ноември 2007
Мислења
464
Поени од реакции
19
Како можеш Цепелин со продадени 300 милиони албуми. Кој го создадоа хеви металот и хард рокот да ги споредуваш со фајтерс ?
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Гижо, настапот што го гледавме за Stairway To Heaven беше зезање од страна на Dave.
Поентата беше, демек ова е една од тие "тешки" работи. Џими бил своевремено револуционерен. А Дејв свири и гитара, и бас, и тапани, и клавир, и пее...извини и во квалитет и во квантитет предноста е на модерната страна.
Не едека стариве се лоши, но тоа што го правело било во нивно време нешто магично, во ова време да се појават нема да остават некаков впечаток.
Ако сакав на тој настап да алудирам ке го спомнев. Џими има пичке си материне техники што не му ги користат.

А тоа што Дејв свири поише инструменти немора ништо да значи. Збориме за свирењето на гитара, и кој колку е успешен во тоа.
 
Ако е за свирење на појше инструменти John Paul Jones свири на све и сешто
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Гижо, настапот што го гледавме за Stairway To Heaven беше зезање од страна на Dave.
Поентата беше, демек ова е една од тие "тешки" работи. Џими бил своевремено револуционерен. А Дејв свири и гитара, и бас, и тапани, и клавир, и пее...извини и во квалитет и во квантитет предноста е на модерната страна.
Не едека стариве се лоши, но тоа што го правело било во нивно време нешто магично, во ова време да се појават нема да остават некаков впечаток.
Пејџ бил студио музичар и крка бас солидно.

И во квалитет и во квантитет Џими Пејџ е 100 пати поголем музичар од Дејв Грол. И ќе остане така уште долго време.

Заеби Нирвана (со ултимативниот бог на рокот, нели), заеби Фу Фајтерс (супер се, ама за Цеплин), Џими Пејџ, Џон Пол Џонс, Роберт Плант и Џон Бонам се луѓето кои го разнесоа рокот низ светот.

Кој Грол кои бакрачи чоеку, тој им се крсти на нив.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ако сакав на тој настап да алудирам ке го спомнев. Џими има пичке си материне техники што не му ги користат.

А тоа што Дејв свири поише инструменти немора ништо да значи. Збориме за свирењето на гитара, и кој колку е успешен во тоа.
Пејџ бил студио музичар и крка бас солидно.

И во квалитет и во квантитет Џими Пејџ е 100 пати поголем музичар од Дејв Грол. И ќе остане така уште долго време.

Заеби Нирвана (со ултимативниот бог на рокот, нели), заеби Фу Фајтерс (супер се, ама за Цеплин), Џими Пејџ, Џон Пол Џонс, Роберт Плант и Џон Бонам се луѓето кои го разнесоа рокот низ светот.

Кој Грол кои бакрачи чоеку, тој им се крсти на нив.
Иронично го реков тоа бог на рокот...ама ај!
Него...премногу влијаат старци.
Јебем ти филозофии за шо е рок од 60 годишњаци, поминало нивното-добри се и се тие пропратни работи. Но нормално е, нити вие ќе ме разубедите нити јас вас.

После ова ако некој рече (посебно иван) дека тоа е зашо сум инает а тие несе...нек си сечат вените и нек слушаат емо-ај отидов ја кај шефот
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Јоцо нишо не кажа сеа. Ај те чекам кај шефот.
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Нишо не викам ја. :))

Ама озбилно, луѓето напраиле нешто, еј 300 милиона албуми.

И што разлика прави тоа ако Дејв свири 3-4 инструменти? Да не се биле Цеплин чоекот ќе свирел Арктик Манкис музика. Не заебавајте. :)
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Зависи што слушаш, да ти скратам процес на мачење-курт не се враќа-и нема да најдеш никој сличен на него.
Па не мислев на Курт само. Мислев на целокупната музика што се произведувала порано и што се произведува сега. Не велам дека нема нешто добро и сега, ама процентуално гледано тоа е многу помалку од пред 10 20 или 30 години. Земи ги за пример 60' те или 70' те. Најквалитетната музика сепак доага од тоа време. Иако, кој сака да си најде добра музика и сега може да ја најде, сепак групите и изведувачите кои денес се квалитетни можат да се избројат на една рака.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
HIM-се наjдобри.GUNS N ROSES,CORN.И многу други.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom