Barclays Premier League Season 2012-2013

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе се пакува за у Европа?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве ги новите засилувања на поранешната голема 4ка.
531158_465518813488340_1045552499_n.jpg


Инаку кога гледам сите давате свои предикшнс и јас да дадам мои.

Очекувам Сити,Јунајтед и Челзи да се борат за титула. Пред да дојде РВП Јунајтед ги сметав за фаворити за титулата ама од кога дојде кај мене се намалија нивните шанси малце. Сепак уште мислам дека Јунајтед може да ја освојат лигата.
Сити второ место ама може и ептен да кикснат и на крај 3ти да завршат.
Челзи 3то место освен ако не се повампират.
Годинава очекувам Арсенал да падне од топ4 места.
Ливерпул ќе има многу подобра сезона од минатата и ќе се бори за 4то место а можеби и на крај ќе бидат 4ти.
ЊуКасл немаат шанси да го повторат успехот од лани.
Тотенхем нема да имаат голем успех во првата сезона на АВБ.5то/6то место на крај.
Најдобар стрелец Торес,Најдобар асистент Силва. Исто интересно ќе биде кој прв ќе стигне до 10,20,30 гола. Мислам Торес ќе стигне прв до 10 и 20 гола а нема никој да постигне 30 гола.
 
На анкетата гласав за Сити ,но со последново засилување на Јунајтед мислам дека ја превземаат улогата на најголем и главен фаворит.Тука некаде ке им парираат Сити (немаат звучни засилувања како претходните сезони но се воиграа) и Челзи (доколку се донесе Хулк и десен бекк).. За влез во ЛШ борбата ке биде помеѓу Арсенал,Тотенхем и Ливерпул и со тоа се комплетира сегашната голема 6ка во ПЛ.. Евертон и Њукасл имаат квалитет но не за повеке од Европа Лига..
 
Што сите толку против Арсенал ? Одма го отпишувате од топ 4 ццц ... што ако си отишол Ван Перси? Демек Подолски и Жиру не се добри играчи ? Казорла не е добар ?
 
Арсенал со Артета и Казорла ќе има многу креативна средина, можеби и најкреативна во лигата. Штета што Росељ ќе им го земе Сонг, многу појака екипа ќе беа со него. Овој Журу не знам дали е добар ама Подолски иако има квалитет сепак во поголемите клубови не се снаоѓа баш. Се надевам Арсенал ќе му лежи. Не го отпишувајте Арсенал од топ 4, глупо е тоа. Мислам дека топ 3 не им бега, за титула малку потешко.
 
Никогаш не прочитав мислење од фан на Арсенал против Подолски и Жиру. Ги величат ко Меси и Иниеста да се.
 
Никогаш не прочитав мислење од фан на Арсенал против Подолски и Жиру. Ги величат ко Меси и Иниеста да се.

Ако ние неможеме со Подолски,што можете вие пак со Борини,Даунинг,Адам,Ален,Лукас,Шкртел ?
 
Според мене Јунајтед прв, Сити втор.

3. Арсенал
4.Челзи
5.Ливерпул
...
 
Подолски на 27 години(ги наполни пред 2 месеца) има 101 и 44 гола за репрезентација на ГЕРМАНИЈА ! Ти кажува тоа нешто ? Што има лошо да се зборува против него ?!
 
Ако ние неможеме со Подолски,што можете вие пак со Борини,Даунинг,Адам,Ален,Лукас,Шкртел ?
За Даунинг и Адам разбирам да пишеш ама за Борини Лукас и Шкртел не ти ја сфакам поентата. А и Адам и Даунинг пред да дојдат во Ливерпул беа најдобри поединци во нивните тимови. Врз истата таа основа вие ги величите Подолски и Жиру.
 
Подолски на 27 години(ги наполни пред 2 месеца) има 101 и 44 гола за репрезентација на ГЕРМАНИЈА ! Ти кажува тоа нешто ? Што има лошо да се зборува против него ?!
Тоа ми кажува дека игра добро во репрезентација на Германија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom