- Ало?
- Срце, јас сам. Извини шо ти се јавувам толку касно, немој да мислиш оти те шпиунирам. Знаеш дека не би те будила толку касно ако не е нешчо битно.
- Да, да, знам.
- Знаеш, денеска сам цал ден нервозна и ногу осетлива. Дури три пати плачах. Маминие ручок не можех ни да го чепна, а знаеш колку искам леќа. И како врх на се цал ден по телевизијата пушчаа некои емисии за бебиња, како да знаат. Срце? ‘Рчиш ле? Срам да те е свињо бесчуствителна. КАСНИ МИ!
- Чекај застани. Како касни? Зашо касни? Сигурна ле си?
- 100%, сите симптоми на бременост ги имам, не ме ни слушаш ти.
- Добро, полека. Само без паника.
- Не панича!!!
- Слушај, утрото е попаметно од вечерта. Легни си да спиеш, па утре че го решиме това. Ако ле?
- Како мислиш това да го решиме? Това? Бебето за тебе е ТОВА? Сакаш да абортирам еле? Како знаеме се месец дена и тија приказни? Нема шанси, че си го рода!!!
- Ало, ало…Елена?
Ок. Спушчи ми слушалаката. Нема врска. Поарно е така.И шо сега у пичку матер. Имам само 22 години, ошче сам на факултет, мојте ме издржаваа. Ма нема шанси, не мога да ја жена. Знаеме се еден месец. Не сме ни еден за друг. Не знам ни како и се вика кучето, дали има брат или сестра, не знам дури ни бојата на портата. Па ја не знам нишчо за неа! Смири се Никола, смири се. Обиди се да спиеш, три ипол е, а треба да станеш фоф седум.
Чекај, ама дека че живееме. Кај мене нема место. Шо ако носи тројка? Че мора да работа градежништво кај тато. ТАТО! Мале че ме убие! Добро, па и он ме е направил на 20. Знам дека че рече, това беа други времиња и бла бла бла. Како да му кажа уствари, има слабо срце, нема да издржи. Вчера му се слоши кај комшијата на свадбата. Свадба! Сигурно че сака голема свадба, кажува ми оти има ногу роднини. Мраза ја таа општонародна веселба! А бе не, нема да се зимаме. Че признаа детето и готово. Че плашчам алиментација, че го виждам за викенди, че го носа и на градинка ако треба. Па кога го одведам прв пат на рибарење, а он толку малечок, 5 годинки, че се радува покрај водата.Па че го носа на првие школски ден. Јунако на тато, ранецо поголем од него. Гушка ме фоф ходнико и ме гледа сос тија негови очички и ми вика: “Добар че сам, тато! Тато! Па ја сам нечиј тато. Уффф мора да запала цигара, разби ми се сон.
Добро морам да им кажа на мојте. Че се лутат неколку дена, ама че им помине. Така се лутија и кога паднах година и кога полицијата ме уапси после Дербито. Дерби! Едвај чекам да го одведам прв пат на стадион. Че му купа шал и дуксер. Че е вистински мал навивач. А шо ако е женско, шо тогај? Никогаш не сам се видел како татко на момичка. Ама слатки са, така малечки, фоф фустанче и шнолки фоф косата. Че е убава момичка. Само да не го земе од мене големие нос. Принцеза татина. Пеперутка маленка, со долга црна коса. Че ме замара да ја носа на балет и ритмичка гимнастика, ама ако тато че ја носи. Че ја уча од малечка шо е вистинска музика. Јас че и го извада првие млечен заб и че го става под јастуко. Че и читам бајки пред запивање.
Никола, шо размислуваш ти? Ојде ногу далеко. Ништо ошче не е сигурно. Нема веза, раздени се, морам да одспија барем тове пола саат шо ми остана…..
А шо ако ми забрани да си виждам детето? Ако се пресели фоф друг град? Не дај боже да се омажи за некој друг? Некој клошар да ми воспитува детето! Нема шанси! Че ја ожена! Не е она толку лоша. Не е ни грозна. Ако занемариме клапавите уши и кривите нозе. Добро и говорната маана. Ама имав убав осмех. И очите са и убави. Има некое килце вишок ама и това не е проблем. Добар пар сме така кога застанеме еден покрај друг. Не е ни љубоморна. Претерано. Само два пати прави сцени до сега. Не е ногу. Дури и палачинки прави на мојте другаре кога се собрахме да гледаме утакмица. А слатка е… Това е! Реших! Че го поминам со неа живото. Че ми роди маленко бебенце. Имам план. Че им кажа на мојте сабајле, па шо иска нека се деси. Они сигурно нема да ни одмогнат. Че се вселиме фоф бабиние стан. На станарето че им откажеме наредние месец. Ја сам че го окреча. Мичо че ми направи столаријата, Небојша купатилото. Детската соба че ја направиме ние двујцата. Че го сруша кривие ѕид. Че направа шанк. Стано че ни е бонбона. ЖЕНА СЕ! Ако треба свадба, че добие и голема свадба. Мора утре да им кажа на другарето. А бе еднаш се живее. Прв татко че сам фоф друштвото. Горд сам на себе. Че тража да присуствувам на пораѓајо. Аларм?! Кога бе? Толку од спањето! Нема веза, средих си живото. САКАМ ЈА! Совршена е! Запросувам ја. Денеска! Одмах! Морам да и се јава!
- Ало, љубави! Разбудих ле те? Не? Добро е. Слушај, се испланирах. Доода час кај тебе. Зашо? Излазиш сос другарките? Па добро, че дојда попладне да се договориме нешчо. Од дека са това? Да не доода? Боли те коремо? Нема веза, това не може да чека, реших да те….аха, добила си, па доб…ШО?! ДОБИЛА СИ! Како добила? Зашо добила? Сигурна ле си? Не викам! Сношчи доби? Како можеш това да ми направиш? Како шо? Па знаеш ле сега шо ми направи? Знаеш ле? Сите соништа ми ги уништи! Да, ти на мене! Сношчи ми рече дека ти касни! Колку?! Каснило ти е два дена?! ДВА ДЕНА?! Ееееј! Па ти нормална ле си?! НЕ ВИКАМ!!! Ја сношчи водих децата на балет, а ти сега ми кажуваш дека ти е каснило само два дена? Ти си играш со мојте чуства! Не мога да се смира! Како да се смира?! Не знам кога че се видиме. Че ти се јава. Ајде.
И шо сега. Немам вече дете. Нема ни свадба…ништо нема. Па сам сам. Сос подочњаци од непреспиената ноч. Нема врска. Кога размислам….и не е баш некоја риба.