Barclays Premier League Season 2012-2013

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе се пакува за у Европа?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Како тоа Роман го поддржува ФФП? Со трошење над 80 милиони фунти во еден трансфер период? (за летово зборувам)
Плус ако ги земете Мозес и Азпиликуета до стотка ќе ви се качи трошокот. Тие пари не ги враќате па и три години по ред тројни круни да освоите.
Од стадионот останаа уште 100-120 милиони фунти за отплаќање, и во рок од 12-15 месеци би требало да бидат отплатени.
Јас лично плукав само по лажговци, знам дека има играчи кои бегаат за пари, знам дека трансфер политиката на Арсенал не усреќува многу играчи, но мразам кога по интервјуа тврдат како го сакале Арсенал, како не им се важни парите, па после го уценуваат клубот, бојкотираат и бегаат во Барса/Сити/Челзи за дупло повисоки плати.
Мислеше на тоа што и дава подршка на иницијативата ФФП.
Челзи освојува титули така да колку толку има од каде да ги отплати парите. Мене ме чуди освен од спонзори и продавање играчи од каде ќе најдат пари Арсенал за да го отплатат стадионот.
 
И од тв правата имаат доста пари, сепак Арсенал се атрактивна екипа за гледање, увек се во живо на SS.
 
Мислеше на тоа што и дава подршка на иницијативата ФФП.
Челзи освојува титули така да колку толку има од каде да ги отплати парите. Мене ме чуди освен од спонзори и продавање играчи од каде ќе најдат пари Арсенал за да го отплатат стадионот.

Хајбери го пренаменија во апартмани, а исто и во околината на Хајбери имаат станови и згради.Сеуште се во изградба и доопремување, просечно еден стан ќе е од £2m па нагоре, па ти види од каде ќе најдат пари. :D

history.jpg
 
Ван Перси до петок, официјално, во Манчестер Јунајтед. Верувајте ми.
 
Ван Перси до петок, официјално, во Манчестер Јунајтед. Верувајте ми.
Ванѓо, а акциите на Јунајтед деновиве како, ќе пропаднат како на Фејсбук или ќе се качуваат, да знам да инвестирам, чисто од финансиски аспект. :D
 
Мислеше на тоа што и дава подршка на иницијативата ФФП.
Челзи освојува титули така да колку толку има од каде да ги отплати парите. Мене ме чуди освен од спонзори и продавање играчи од каде ќе најдат пари Арсенал за да го отплатат стадионот.

Тв права, влезници, награди, спонзорства, дресови(и слично), недвижнини..
 
Ванѓо, а акциите на Јунајтед деновиве како, ќе пропаднат како на Фејсбук или ќе се качуваат, да знам да инвестирам, чисто од финансиски аспект. :D

Хахаха, на то се ми оди, дека така ќе биди. Но, не вервам дека ќе биди нешто спектакуларно. По свирежите на негова сметка на мечот со Келн и не може да се очекува да остане. То е то.
 
Another medical booked in Bridgewater Hospital by MUFC in Friday 1 pm. :)
 
Хахаха, на то се ми оди, дека така ќе биди. Но, не вервам дека ќе биди нешто спектакуларно. По свирежите на негова сметка на мечот со Келн и не може да се очекува да остане. То е то.
Не си го видел клипот по мечот во кој навивачите на Арсенал му аплаудираа на РвП откако тој отиде до нив да го подари дресот и капитенската лента на навивачите, немаше свирежи.
Доста симболичен гест од него, и јас сум сигурен дека си оди, но не се избрзувам пред да видам ништо официјално, да не си ги јадам зборовите после тоа.
 
Чекај сеа ја да ви кажам нешто. Сите вие фанови на Арсенал само јадите буреци дека ако Ван Перси отиде во Јунајтед не ви е гајле и дека тимот може и без него. Може и без него, ама по која цена, каков е тој клуб кој ги губи најдобрите играчи секоја година? Не може да ви е сеедно, мене ич не ми е сеедно, гарант на Венгер ептен не му е сеедно, ја не знам какви морони го водат клубот ама очигледно има големи мани во водењето.

Како може да не ми е битно ако Ван Перси отишол во Јунајтед. Капитенот, најдобриот играч на клубот, најдобриот играч во ПЛ лани да отиде во традиционално најголемиот ривал на Арсенал во ерата на Венгер.

Претходните капитени се тепаа со играчи на Јунајтед, какви борби не се воделе во и надвор од теренот, а сегашниот капитен како некоја подмолна пичка треба да им го дадеме на Јунајтед.

Никакви заблуди да нема, ќе не боли ова ако се случи и тоа многу, исто како 8-2 од лани, исто како многу други работи, оти знам дека многу навивачи на Јунајтед реално не ни сакаат да дојде РВП кај нив и оти знаат како ќе им беше нив ако Руни отидеше во Сити.

Сепак сеуште имам неква надеж во Венгер и само во Венгер дека некако ќе го спречи ова најлошто сценарио да се случи, ако веќе не може да го задржи РВП не смее во никој случај да им го даде на Манчестер Јунајтед.

Не ни навлегував до муабетот кој клуб можел а кој не можел да освои титула. 2007/2008 титулата ни беше речиси во раце, барем три во последниве шест години реално се боревме за титулата. Точно си има клубот и мани и проблеми, особено од вакви нелојални играчи, а ретки се тие кои по Арсенал успеаа во нивните кариери. Всушност единствено Цеск ќе направи големи успеси надвор од Арсенал тоа сум сигурен. Како што сум и сигурен дека Цеск ќе ја има мојата почит многу повеќе од РВП ако го направи овој беден потег кој се најавува. Затоа што Цеск го гледав сите овие години и многу добро знам со каков жар играше и дека вистински го сакаше клубот, за наша несреќа сакаше и еден друг клуб, за наша несреќа негов матичен клуб беше Барселона, а не Спортинг Хихон.

И најискрено не го разбирам и нема да го разберам Ван Перси ако до толку напне за насила да го реализира трансферот во Јунајтед? Како може некој кој се прокламира како навивач на Арсенал, кој го сакал клубот да направи такво нешто. Баш во Јунајтед, или стана премногу очаен кога виде дека баш и не вредел толку многу за големите екипи оти никој, ни Реал ни Барса со прст не мрднаа да го донесат.
 
Попунети се нападите на Барса, Реал, инаку одма ќе го земеа Реал. За Барса не верувам.
 
Добро , значи РВП оди во Ман.Јун за титули...Тоа дека ќе му даваат 220 000 фунти неделно , а у Арсенал 130 000 фунти нема везе,мање битно,

На ова така гледат само ограничените луѓе.
 
Znaci pokraj siti I barselona, venger ce uspee da go izgori I junajted. Ja ne go razbiram ni ferguson, so tolkavo iskustvo kupuva rizicen igrac koj ocigledno gledz da si ja obezbedi finansiskata idnina. Neka mu e so sreca pa barton da mu gi skrsi nozete!
 
Добро , значи РВП оди во Ман.Јун за титули...Тоа дека ќе му даваат 220 000 фунти неделно , а у Арсенал 130 000 фунти нема везе,мање битно,

На ова така гледат само ограничените луѓе.
Па не е дека само за Титули..али со Јунајтед пре би освоил титула него ли со арсенал...и колку и да сакате тешете се али изгубивте класа играч...
 
РВП еднаш да се повреди и толку, никогаш нема да биде во таква форма како сезонава. Ќе се заебат Ман Ју ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom