The Dark Knight Rises

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Диши диши посрана посрана, диши диши посрана посрана! или диши диши од страна од страна, сеедно...

Сериозно, саундтраков е ептен епик...
А саундтракот од кога ќе биде во пештерата и ќе се искачува по тоа бунарот го знаеш?
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
.. тука и завршува приказната? 4 дел нема?
 
Член од
30 октомври 2009
Мислења
363
Поени од реакции
261
Ќе има. И тој ќе биде последен. Но изгледа нема да го режира Нолан. :( И Кристијан Бејл нема да го глуми Бетмен.
Нема да има 4 дел, доколку има нешто, тоа ке биде нешто ново без Бејл и Нолан.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
This is the movie what we need, but not the one we deserves. И у смисла дека добивме филм за кој очекувавме повеќе.

Акцијата - 10, тука немам коментар освен дека брилијантно си ја завршиле работата. Атмосферата и кастингот брилијантен, Ен Хетвеј пријатно ме изненади како добро си ја обработи својата улога. Приказната беше ок, очекувана сепак но ок. Не добивме Марвел крај но не добивме и Нолан крај, го добивме у минатите 2 дела.

Проблемот е во другото. Изработката на ликовите. Низ целиот филм имав чувство дека нешто фали во дејствието. Нешто не ми е објаснето до крај. Се дур сфатам дека ликовите не се до крај обработени и објаснети. Како да се гребнати сите по малце на површина и толку, со тоа мора да се задоволиме. Пример со Catwoman. Зашто она постоеше во филмов, освен да биде девојка на Бетмен? Уствари, зашто се поврзува со мачки? Иако го знаеме тоа од старите филмови, сепак требаше тоа да се објасни и тука. Потоа емоционалниот дел на падот и нели, издигнувањето, на Брус беше многу слабо објаснето. Скршена кичма, си ја опраи, се издигна и го истепа. Не видовме ниту еден момент на подлабоки чувства од Брус кон сето тоа, туку едноставно многу лесно го прифати тој факт и почна да се крева преку дупката. Дали овие дупки во карактерите е зашто имаше премногу ликови или пак не доволно време за сите - не знам.

Моја оценка е 8/10.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
The Dark Knight Rises


Тотално го усраа Бетмен... како ли само успеаја... овој филм нема ништо заедничко со ликот Бетмен.
Криво ми е за изгубеното време на гледање на филмот.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.284
Ех Бетмен... колку бев среќен дека ќе го гледам филмов. Го гледав пред 2 дена, и мислам дека пред да влезам во Милениум ми се тресеа рацете од толку што бев возбуден.
А кога излегов после три саати, друга приказна - излегов некако недоволно исполнет и по малку разочаран. Не зборувам за тоа дека филмот не вреди, напротив, филмот МОРА да се гледа барем еднаш затоа што е едно убаво и незаборавно искуство. Сепак, мојата разочараност произлегува од тоа што јас очекував премногу од филмот. И мислам дека со право, затоа што сите рецензии, оценки и критики беа отприлика 9ки или 10ки за филмот.
За мене TDKR е далеку од совршен филм, далеку од онаа 9ка или 10ка. TDK ги заслужува тие оценки многу повеќе последниов дел.

Како недостатоци, филмот ги има многу. Знам дека е СФ, и дека е акција, ама што можеше за олку преголем буџет - можеше многу повеќе.
Да не испаднам хејтер и хипстер, Бејн е еден од најдобрите негативци кои некогаш сум ги виде. Гласот му го обожавав. Насилните сцени каде што кршеше раце, нозе и кичми - исто. Бејн беше негативец кој може да ти влее страв, беше мистериозен поради приказната која се криеше зад неговата маска и се повеќе како се развиваше филмот Бејн стануваше се поинтересен и лик за кој искрено навивав, се додека не се случи оној "пресврт" каде што всушност Бејн е претставен како марионета на мастермајндод на операцијата за уништување на Готам. Не сум ги читал стриповите и не знам каква е оригиналната приказна, ама цел филм се посвети на градење на ликот на Бејн, за крајот да му биде најглупавиот можен во цела Бетмен историја и општо во историјата на филмови со суперхерои.
И тука е тој најголем пропуст според мене во TDKR. Бејн, човекот кој сееше страв и трепет замина со едно "пуф" и се заборави на него во рок од секундата. Многу ми е жал што не успеаја да го испратат ликот како што му доликуваше - храбро, емотивно и со многу адреналин.

Акција ко акција, акционите сцени беа супер, само ми сметаше пребрзото префрлање од една сцена во друга. Ок е да се запознаеме со поголемата околина, ама брзото фрцкање од ваму па таму некогаш ми беше тешко да го пратам.
Приказната е полна со клишеа, Бетмен се шета со бастун веќе 8 години, а за само 3 месеци му се оправа "на брат му му ја скршија кичмата". Кетвоман и нејзините мотиви - да се избрише нејзиното минато, преоѓањето од злото кон доброто и спасителот на денот, се тоа беше предвидливо.
Тука доаѓам до крајот, кој беше најхоливудскиот хепиенд некогаш. Да можеше Нолан да го убие Бетмен, филмот ќе добиеше многу повеќе.

Од друга страна, саундтракот беше нешто феноменално. Сцената кога излегуваше од бунарот беше најдобрата во цел филм.
Најлошата сцена, и мислам тука беше кулминацијата на глупавоста на филмот - моментот кога Бетмен му се дери на Бејн - WHEEEEEEERE'S THE DETONETAAAAAAAAAAAAAA???
Таков момент да очекувам во Експендаблс, ајде де, ама во "мрачната" трилогија на Нолан изгледаше смешно.

Пак ќе речам, филмот мора да се изгледа барем еднаш. Ама за да биде 10ка и да биде најдобар филм на годината, треба многу повеќе од прост дијалог и веќе видени работи.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
This is the movie what we need, but not the one we deserves. И у смисла дека добивме филм за кој очекувавме повеќе.

Акцијата - 10, тука немам коментар освен дека брилијантно си ја завршиле работата. Атмосферата и кастингот брилијантен, Ен Хетвеј пријатно ме изненади како добро си ја обработи својата улога. Приказната беше ок, очекувана сепак но ок. Не добивме Марвел крај но не добивме и Нолан крај, го добивме у минатите 2 дела.

Проблемот е во другото. Изработката на ликовите. Низ целиот филм имав чувство дека нешто фали во дејствието. Нешто не ми е објаснето до крај. Се дур сфатам дека ликовите не се до крај обработени и објаснети. Како да се гребнати сите по малце на површина и толку, со тоа мора да се задоволиме. Пример со Catwoman. Зашто она постоеше во филмов, освен да биде девојка на Бетмен? Уствари, зашто се поврзува со мачки? Иако го знаеме тоа од старите филмови, сепак требаше тоа да се објасни и тука. Потоа емоционалниот дел на падот и нели, издигнувањето, на Брус беше многу слабо објаснето. Скршена кичма, си ја опраи, се издигна и го истепа. Не видовме ниту еден момент на подлабоки чувства од Брус кон сето тоа, туку едноставно многу лесно го прифати тој факт и почна да се крева преку дупката. Дали овие дупки во карактерите е зашто имаше премногу ликови или пак не доволно време за сите - не знам.

Моја оценка е 8/10.
значи вчера го изгледав филмот и ја имав истата констатација.
разговараме со другар ми се согласивме во едно нешто, билдањето на приказната беше добро и споро до половина филм после се наеднаш во последните 30 минути се напука и се настега,последните 30 минути плус холивудскиот стил и клишеата го нурна филмот според мене за 2-3 оценки, а имаше според мене 9.5 и го рамнев дотогаш со предходниот дел. а исто така и градењето на бејн беше безначајно кога неговото дело прпоадна за 2-3 минути плус беше убиен како обичен статист во филмот.
дури ми падна идеја последнив дел да беше поделен за два дела како хари потер и хобитот со цел убаво да се објаснеше се и да се завршеше приказната споро и феноменално, али и тоа има некој недостатоци.:coffee:
за саундтракот немам зборови, си идев со воз веќерта и ми се слушаше од топањето DESHI DESHI BASARA BASARA цел пат, секоја чест за зимер. ќе напишам подетална рецензија заедно со предходните два дела
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Како јас гледам на работите, сите негативни работи во филмот се компензирани со присуството на



и според тоа нема што ја да бамбурам многу многу.
Е, добро шо ме потсети, единствениот момент кога ме заинтересира Кетвоман беше кога се навали на моторот таму негде при крај, убав кадар имаше :vozbud::icon_mrgr:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Е, добро шо ме потсети, единствениот момент кога ме заинтересира Кетвоман беше кога се навали на моторот таму негде при крај, убав кадар имаше :vozbud::icon_mrgr:
арна беше кетвомен според мене, имаше добри моменти иначе кој сакаше да експолдира бомбата со бетмен заедно во готам ??
јас да
кренете руке кој е за да :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom