Ех Бетмен... колку бев среќен дека ќе го гледам филмов. Го гледав пред 2 дена, и мислам дека пред да влезам во Милениум ми се тресеа рацете од толку што бев возбуден.
А кога излегов после три саати, друга приказна - излегов некако недоволно исполнет и по малку разочаран. Не зборувам за тоа дека филмот не вреди, напротив, филмот МОРА да се гледа барем еднаш затоа што е едно убаво и незаборавно искуство. Сепак, мојата разочараност произлегува од тоа што јас очекував премногу од филмот. И мислам дека со право, затоа што сите рецензии, оценки и критики беа отприлика 9ки или 10ки за филмот.
За мене TDKR е далеку од совршен филм, далеку од онаа 9ка или 10ка. TDK ги заслужува тие оценки многу повеќе последниов дел.
Како недостатоци, филмот ги има многу. Знам дека е СФ, и дека е акција, ама што можеше за олку преголем буџет - можеше многу повеќе.
Да не испаднам хејтер и хипстер, Бејн е еден од најдобрите негативци кои некогаш сум ги виде. Гласот му го обожавав. Насилните сцени каде што кршеше раце, нозе и кичми - исто. Бејн беше негативец кој може да ти влее страв, беше мистериозен поради приказната која се криеше зад неговата маска и се повеќе како се развиваше филмот Бејн стануваше се поинтересен и лик за кој искрено навивав, се додека не се случи оној "пресврт" каде што всушност Бејн е претставен како марионета на мастермајндод на операцијата за уништување на Готам. Не сум ги читал стриповите и не знам каква е оригиналната приказна, ама цел филм се посвети на градење на ликот на Бејн, за крајот да му биде најглупавиот можен во цела Бетмен историја и општо во историјата на филмови со суперхерои.
И тука е тој најголем пропуст според мене во TDKR. Бејн, човекот кој сееше страв и трепет замина со едно "пуф" и се заборави на него во рок од секундата. Многу ми е жал што не успеаја да го испратат ликот како што му доликуваше - храбро, емотивно и со многу адреналин.
Акција ко акција, акционите сцени беа супер, само ми сметаше пребрзото префрлање од една сцена во друга. Ок е да се запознаеме со поголемата околина, ама брзото фрцкање од ваму па таму некогаш ми беше тешко да го пратам.
Приказната е полна со клишеа, Бетмен се шета со бастун веќе 8 години, а за само 3 месеци му се оправа "на брат му му ја скршија кичмата". Кетвоман и нејзините мотиви - да се избрише нејзиното минато, преоѓањето од злото кон доброто и спасителот на денот, се тоа беше предвидливо.
Тука доаѓам до крајот, кој беше најхоливудскиот хепиенд некогаш. Да можеше Нолан да го убие Бетмен, филмот ќе добиеше многу повеќе.
Од друга страна, саундтракот беше нешто феноменално. Сцената кога излегуваше од бунарот беше најдобрата во цел филм.
Најлошата сцена, и мислам тука беше кулминацијата на глупавоста на филмот - моментот кога Бетмен му се дери на Бејн - WHEEEEEEERE'S THE DETONETAAAAAAAAAAAAAA???
Таков момент да очекувам во Експендаблс, ајде де, ама во "мрачната" трилогија на Нолан изгледаше смешно.
Пак ќе речам, филмот мора да се изгледа барем еднаш. Ама за да биде 10ка и да биде најдобар филм на годината, треба многу повеќе од прост дијалог и веќе видени работи.