Летни Олимписки Игри - Лондон 2012 [генерална дискусија]

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
какви завршници изгледав денес кај жениве 1/4 финалињава
одбојка
јапан - кина 3-2
бразил - русија 3-2
ракомет
црна гора - франција 23-22
:cuc::cuc::cuc:

На сите мечеви последните 2-3 минути ги гледав , ама сите беа сташно возбудливи . Е ова е олимпијада (y)
А по се изгледа и Кореја-Италија ќе биде изедначена. 1-1 засега ;)
--- надополнето: 7 август 2012 во 23:32 ---
2-1 ;)
--- надополнето: 8 август 2012 во 00:03 ---
Поен, сет, меч :cuc:



10-ката е чудо, каков играч (y). Падна Италија, 4-то рангираната репрезентација во светот. Уште едно 1/2 финале во екипен спорт за Ј. Кореја.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Русите сепак на крајот ќе бидат четврти по злата и трети по број на медали... Англија нема шанса да ја минат по злата, Кореја ќе падне веројатно за таа трета позиција... А ако продолжат вака Кинезиве следните Олимпијади може слободно да се прогласат за Кинески им нема крај...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Накратко, ова се олимписките игри.
И затоа повеќе ми се допаѓаат од светските првенства. Зошто не направат, да ги укинат светските? Која е смислата да се биде светски првак, кога олимпиското злато е неспоредливо со било кое континентално или светско првенство. Секако ова е собир на сите земји од светот, се е тука концентрирано, сите се дојдени најспремни, најмотивирани, со најдобрите состави и тн... Таман ќе си изиграат човеците во сите спортови и ќе се види кој е најдобар. А пласманот на Игрите да се обезбедува преку континенталните првенства, нели круговите ги симболизираат континентите, па подобар формат на натпреварување за да се види кој е најдобар во светот од Игрите, НЕМА :cuc: Нема никаква потреба од светски првенства и онака спортистите се доволно оптеретени со клупските настапи и континенталните првенства.
--- надополнето: 8 август 2012 во 12:49 ---

:cuc: :cuc: :cuc:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Член од
23 август 2010
Мислења
39.430
Поени од реакции
114.041
Продолженија на ракометниот натпревар Унгарија-Исланд. Одамна не сум гледал ваков натпревар.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Русите сепак на крајот ќе бидат четврти по злата и трети по број на медали... Англија нема шанса да ја минат по злата, Кореја ќе падне веројатно за таа трета позиција... А ако продолжат вака Кинезиве следните Олимпијади може слободно да се прогласат за Кинески им нема крај...
Кинезите во Лондон имаат помалку медали него во Пекинг , им требаат уште 17 златни. Ја не гледам кај ќе соберат уште толку , пинг-понгот , бадминтонот , скокови во вода итн завршија.

САД моментално имаат 30 златни , а во Пекинг имаа 36.
Верувам во кошарка ќе бидат златни и во машка и во женска категорија , во одбојка на песок жени американките ќе имаат злато и сребро , пошто се игра американско финале , во ватерполо жените ќе играат во финале со шпанија. Плус и во атлетика можат да земат уште некое злато.

Русите не знам кај згрешија толку многу , далеку се од успехот во Пекинг.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Кога викам јас огромно влијание има домашната публика... 80,000 да урлаат за тебе, аплаузи да ти даваат ќе собереш сила и за рекорд не па за злато. Еден обичен скопски маратон каде што на некој километар двајца без тројца ќе ти дадат аплауз те мотивира да продолжиш и да завршиш, што останува за полни објекти со навивачи.
--- надополнето: 8 август 2012 во 13:43 ---
Британија све собра од велосипедизам, триатлони, веслања, едрења и остало, имаше право типот, го владеат транспортов :pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.430
Поени од реакции
114.041
Кој е спортист знае што значи публиката. Шо вика Фросе, нека го извикаат 80 000 твоето име па да те видам дали нема да се мотивираш и да не напраиш добар резултат.

Ау каков натпревар. Унгарија во 1/2 финале после второто продолжение, славеа со 34-33. 80 минутен ракометен натпревар, прв пат гледам вакво нешто да бидам искрен. :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кој е спортист знае што значи публиката. Шо вика Фросе, нека го извикаат 80 000 твоето име па да те видам дали нема да се мотивираш и да не напраиш добар резултат.

Ау каков натпревар. Унгарија во 1/2 финале после второто продолжение, славеа со 34-33. 80 минутен ракометен натпревар, прв пат гледам вакво нешто да бидам искрен. :)
Да се одржува кај нас нема една медаља да земеме. Припремите се најбитни баш Енглезиве долго време ја чекаа и се припремаа за Олимпијадава исто како Кинезите кога збувнаа во Пекинг. Сепак за четири години и повеќе од кога се доделува домаќинство има време за подготовки и тоа е клучно кај големите нации и секако условите кои ги имаат. Само со публика не се освојуваат 22 злата а пред тоа пола од нив биле пијаници.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Исинбаева потврди дека ќе скока во Сочи 2016. 34 години ќе има тогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom