Малку се клубовите што сериозно купуваа ова лето, не сме само ние. Незнам дали некој се сетил ама уште малце стапува на сила и FFP (Financial Fair Play) правилото. Дури и еден City нема уште трансфер направено исто и Barcelona а и Real Madrid (или имаат по некој?
) само за да можат да се вклопат во FFP. Исто така и моменталната економска криза си го прави своето и во фудбалот, така да освен PSG и Chelsea не гледам некој што сериозно се зајакнал, а сите знаеме од каде се парите на Chelsea за трансфери годинава.
Да се вратам на нашиот играчки кадар. Не мислам дека Agger ќе си иде туку напротив сака нов договор што и го заслужува заедно со Skrtel, а газдите сакаат да ги средат платите и да се воспостави ред, така да со тоа што се ослободивме од некои играчи на високи плати како Kuyt, Maxi, Aquilani (на кој му плаќавме дел од платата додека беше на позајмици) а на ред е и Bellamy кој е исто на висока плата (искрено повеќе сакам Cole да си иде а Bellers да остане), ќе може да им се овозможат повисоки плати на играчи кои заслужуваат како што се Agger и Skrtel.
Инаку тоа за Allen, колку и да сакаат да зборуваат за цена по медиумите, неговата откупна клаузула колку што се сеќавам беше 15M така да повисоко од тоа неможе, а јас би дал и мислам дека вреди. Ги гледав сите натпревари на Team GB и Allen беше класа над сите, ѕвезда во тимот, играч кој веќе го познава системот на Rodgers а и начинот на кој игра и техниката која што ја поседува за играч на 22 год. е феноменална.
P.S. Можеби постот ми е преоптимистички, тоа е само моја надеж и се надевам дека така ќе испадне, но и јас полека ја губам довербата во америве и целата управа на клубот, и се надевам оти ќе ме демантираат.
P.P.S. Agger ми омилен играч у клубот така да не ни сакам да помислам на негова продажба...