Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
АЛО, ПРАВНИЦИ, КАДЕ СТЕ???
Страни и страни се изнапишаа, а за жал, досега не (ми) се јави НИЕДЕН правник со желба активно да се вклучи и помогне во изготување на граѓанска иницијатива против ЕВН и Топлификација (не, не се важи тоа што сте лајкнале мое мислење, а пак си молчите).
Малку чудно, пошто знам дека има многу мои колеги на Кајганава. И на другите теми во врска со струјата апелирав, ништо.
Срамота!!!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Вечер, донесува напис за реагирањето на Организацијата на потрошувачи.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=84DE2332C13F0C4F96DE2720F895F1B3
Во Утрински два написи, во вториот Регулаторна ја врти работата на политички води
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E5175DDBE15FC542BB32AFA3CD0B229B
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4B74B560103B5B45B4EDB1D0D43736F1
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија, ОПМ, велат дека официјално ќе реагираат в понеделник
За овие актуелни состојби поврзани со струјата и парното греење народниот правобранител на РМ најави дека во понеделник ќе го каже својот официјален став

Ај да видиме што ќе кажат во понеделник?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес ја предадов иницијативата до Уставен суд. Брзав за да бидам меѓу првите. Сега можете да ја прочитате. Но ред е да Ви кажам дека иницијативата е на 10 страни и има 5200 збора.
Мораше да биде голема бидејќи во неа се повикувам на Меѓународните правни акти за заштита на човековите права.
Причината за ова веќе ја најавив: - СТРАЗБУР
 

Attachments

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Законот за енергетика и овозможува на регулаторната комисија да им наредува на граѓаните на што да се греат.
Тоа е проблематичен, неконзистентен и тешко спроведлив закон кој мора да претпри измени. Уставот го гарантира правото на избор на секој граѓанин. Народниот правобранител со став дека новиот правилник за топлинска енергија треба да ги штитат домаќинствата а не да ја зацврстува монополската позиција на Топлификација.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/naroden-pravobranitel-investiciite-ke-gi-spasat-gragjanite
 
H

HITCH

Гостин
Еден од многуте начини за повисока сметка за парно греење:

„Системска грешка при мерењето на количеството испорачана топлинска енергија е причината за тоа што од пред три години постојано растат сметките за парно.“

- Особеност на системот што го користи „Топлификација“ е тоа што размената на топлинската енергија меѓу мрежата и потстаниците е со директно мешање на водата. Системот се регулира со промена на температурата на доводната вода и има секојдневни ноќни прекини на работата. Тоа се главните фактори за појавата на грешката. Kалориметрите како уреди можеби се исправни, но поради наведените особености покажуваат неточни вредности. Висината на грешката, односно на отстапувањето зависи од разликите на температурите на доводната вода и на водата што веќе е во системот. Kолку е поголема разликата и отстапувањето ќе биде поголемо. Теоретски, ако температурата се зголеми, па потоа се намали за истата вредност, отстапувањето ќе биде еднакво на нула. Но во практиката, „Топлификација“ нагло ја зголемува температурата со довод на жешка вода, а потоа ја остава водата самата да се олади полека. Значи, отстапувањето во плус е поголемо од тоа во минус. Згора на тоа, секое утро „Топлификација“ почнува да работи со систем што е сосема оладен, што создава огромно отстапување во плус, а навечер кога треба да се врати отстапувањето, го гаси системот со прекинување на доводот на вода, а со тоа и го прекинува мерењето. Така отстапување во минус воопшто нема. За да се врати ова утринско отстапување во плус, би требало навечер во системот да се пушти сосема ладна вода – објаснува Стрезовски.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
За да се врати ова утринско отстапување во плус, би требало навечер во системот да се пушти сосема ладна вода – објаснува Стрезовски.
Не фала...Вака парното е топло уште 1-2 саати така би било камен ладно веднаш и е тотално ирационално уништување на топлина.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не фала...Вака парното е топло уште 1-2 саати така би било камен ладно веднаш и е тотално ирационално уништување на топлина.
Не тоа...
Претерано погрешно си разбрал....
Не чини мерењето, тоа треба да се исфли..
А ладна вода не е ниту можно да се уфрли во системот.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Не тоа...
Претерано погрешно си разбрал....
Не чини мерењето, тоа треба да се исфли..
А ладна вода не е ниту можно да се уфрли во системот.
Meрењето е ОК нема ништо погрешно во него. Уклучуваат и мерат после гасат и прекинуваат да мерат. Ова е систем за затоплување а не за разладување и неможе да се мерат негативни вредности. Затоа нема никава логика да се пушта ладна вода во топол систем освен ако не мислат летно време да не ладат со парното...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.881
Поени од реакции
6.942
Еден од многуте начини за повисока сметка за парно греење:

„Системска грешка при мерењето на количеството испорачана топлинска енергија е причината за тоа што од пред три години постојано растат сметките за парно.“

- Особеност на системот што го користи „Топлификација“ е тоа што размената на топлинската енергија меѓу мрежата и потстаниците е со директно мешање на водата. Системот се регулира со промена на температурата на доводната вода и има секојдневни ноќни прекини на работата. Тоа се главните фактори за појавата на грешката. Kалориметрите како уреди можеби се исправни, но поради наведените особености покажуваат неточни вредности. Висината на грешката, односно на отстапувањето зависи од разликите на температурите на доводната вода и на водата што веќе е во системот. Kолку е поголема разликата и отстапувањето ќе биде поголемо. Теоретски, ако температурата се зголеми, па потоа се намали за истата вредност, отстапувањето ќе биде еднакво на нула. Но во практиката, „Топлификација“ нагло ја зголемува температурата со довод на жешка вода, а потоа ја остава водата самата да се олади полека. Значи, отстапувањето во плус е поголемо од тоа во минус. Згора на тоа, секое утро „Топлификација“ почнува да работи со систем што е сосема оладен, што создава огромно отстапување во плус, а навечер кога треба да се врати отстапувањето, го гаси системот со прекинување на доводот на вода, а со тоа и го прекинува мерењето. Така отстапување во минус воопшто нема. За да се врати ова утринско отстапување во плус, би требало навечер во системот да се пушти сосема ладна вода – објаснува Стрезовски.

Еве...инженерски објаснето...Па ако знаењето е сила, знаењето е моќ, нека му овозможи системот на овој човек да го докаже јавно пред сите своето тврдење и ако е точно да се превземат најостри мерки...

....ама за жал тој филм нема да го гледаме...барем не во оваа држава...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom