Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Зошто тврдиш такво нешто?
Уклучуваат и мерат после гасат и прекинуваат да мерат. Ова е систем за затоплување а не за разладување и неможе да се мерат негативни вредности. Затоа нема никава логика да се пушта ладна вода во топол систем освен ако не мислат летно време да не ладат со парното...
Тоа што го кажува Стрезовски нема никаква логика.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Уклучуваат и мерат после гасат и прекинуваат да мерат. Ова е систем за затоплување а не за разладување и неможе да се мерат негативни вредности. Затоа нема никава логика да се пушта ладна вода во топол систем освен ако не мислат летно време да не ладат со парното...
Тоа што го кажува Стрезовски нема никаква логика.
Ти не ја разбра поентата...
Секоја наредна грејна сезона, еден ист стан троши исто количество топлинска енергија. Тоа е закон на физиката и нема шанса да е поинаку. А Топлификација праќа сметки повисоки за 30, 50, 70, 100 и повеќе % повисоки
А еве ги последиците:
http://www.alfa.mk/default.aspx?mid=37&eventid=4268

http://www.time.mk/read/c6be518837/b6cd3374cd/index.html
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Ти не ја разбра поентата...
Секоја наредна грејна сезона, еден ист стан троши исто количество топлинска енергија. Тоа е закон на физиката и нема шанса да е поинаку. А Топлификација праќа сметки повисоки за 30, 50, 70, 100 и повеќе % повисоки
А еве ги последиците:
http://www.alfa.mk/default.aspx?mid=37&eventid=4268

http://www.time.mk/read/c6be518837/b6cd3374cd/index.html
Јас само коментирав на објаснувањето на Стрезовски кое нема баш логика од технички аспект.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Либерално демократската партија поднесе иницијатива до Уставниот суд.
Браво за ЛДП....

http://www.ldp.org.mk/PresoviSoopstenija.asp?rb=371

Сител објави вест за Топлификација, во која е пренесена изјава на еден директор од Топлификација и на Професорот Зоран Шапуриќ

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/toplifikacija-gi-otvori-vratite-za-novinarite
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Либерално демократската партија поднесе иницијатива до Уставниот суд.
Браво за ЛДП....

http://www.ldp.org.mk/PresoviSoopstenija.asp?rb=371
Мислиш постои можност да се изрече времена мерка? Тоа би било супер неќам да ми стигаат тие гнасните сметки на топлификација пак!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислиш постои можност да се изрече времена мерка? Тоа би било супер неќам да ми стигаат тие гнасните сметки на топлификација пак!
Постои, сигурно постои... Ако ја читаше иницијативата која јас ја поднесов, ќе видиш дека јас се повикувам на член 50 од Уставот и член 27 од Деловникот на Уставниот суд.
Член 50 гласи: „ Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита. “
Но Уставниот суд е моментално на годишен одмор.
Регулаторна ова намерно го направи и ако јас уште во април барав од нив веднаш да го објават новиот правилник за да можам веднаш и да се жалам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Под написот во денешен Утрински весник е објавен коментар на читател кој бара, да плаќа помалку за парно. Еве го неговото мислење:
hugo, 09.08.2012 11:11:59
јас сум граѓанин кој сеуште се грее на парно во колективен станбен објект... поради голем број на исклучени соседи, сметките на оние кои се греат на парно пораснаа, зашто ние го плаќаме и делот на исклучените... дали има некоја од партиите која ќе застане на наша страна или ние сме доволно „богати“ штом можеме да си го плаќаме парното и не сме доволно интересни за популистичките политики на партиите? сметав дека опозицијата се опамети и ќе се зафати со вистинско решавање на проблемите (што во овој случај би значело залагање за поставување на индивидуални мерни тела од страна на „топлификација“), но тие продолжија со предлагање на „козметички“ и привремени мерки... разочаран сум од ваквите нивни постапки и три пати ќе се помислам дали и за кого ќе гласам на следните избори, локални или парламентарни....
Како на овој наш Сограѓанин, да му се објасни кои се вистинските причини што плаќа огромна цена, четри пати поскапа од колку што вреди, за парно? Ако сакате помогнете?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На фејсбук, страницата која се однесува на Протестите во вторник, најдов урнек на жалба до Комисијата за жалби во областа на енергетиката. Си направив copy - paste, допишав неколку пасоси во врска со човековите права, да ми се најдат за во Стразбур и ја поднесов во Министерството за економија
Погледнете како испадна ( има 4 страни ):
 

Attachments

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
,,Имаме проблем: Топлификација е пред банкрот‘‘

13.08.2012 - 17:36 |
Работата на Топлификација пред следната сезона е сосема неизвесна. Компанијата чија вредност се проценува на околу 30 милиони евра, има долгови кон банки кои се поголеми од вредноста и се ценат на 32-35 милиони евра.
Топлификација и Директорот Хаџимишев немаат пари за греење од 18 октомври, ниту пак има од каде да земат кредит поради претходната презадолженост. Лани, државата им гарантираше за околу 4 милиони евра, но нов државен кредит оваа презадолжена компанија неможе да добие.
Од ова произлегува дека акциите на Топлификација не вредат ништо, бидејки фирмата има долгови кои се поголеми од нејзината вредност.
Освен ова, и акциите на дел од акционерите се под хипотека.
Вложувањата на Топлификација во гасната централа Те-То се покрени со кредит од Комерцијална Банка, а како осигурување на кредитот ставени се 80.000 акции. Дел од акциите се обезбедени од вработените, а дел од надворешни акционери.
Кога ги давале акциите за залог, акционерите се сложиле на 5 годишен Договор со кој ке добиваат по 2 евра од акција за секоја календарска година, со грејс период од 2 години. Тоа значи дека надоместокот акционерите би го добиле кумулативно во третата година.
Кредитот од Комерцијална е земен во 2008 година, а простата математика кажува дека досега на акционерите би требало да имаат земено надомест од 480.000 евра. Но, тие акционери до сега немаат земено ниту денар. Само неколку надворешни акционери лани добиле дел од парите и тоа само за една година.
Ова значи дека акционерите вработени во Топлификација се во подредена положба. Ако вака е постапено уште во 2008 година, што може да се очекува да се случи сега и во иднина по повикот на Управниот одбор за формирање мнозински пакет акции за да се задржи контролата на владеење во Топлификација Скопје од страна на сегашниот управе одбор кој ја презадолжил компанијата, ги довел акционерите во ситуација да немаат реален имот во компанија која должи повеќе отколку што вреди, а граѓаните на скопје управниот одбор ги довел во ситуација наредната есен и зима да останат без греење бидејки нема пари за набавка на гас и мазут.
Ивона Талевска
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/imame-problem-toplifikacija-e-pred-bankrot‘‘
:vozbud::vozbud::cuc:(y) :ROFLMAO:
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
кој напишал и за кој медиум, како да кажам... да излезе хаџимишев химселф да каже у микрофон на ивона: пред банкрот сме, нема да верувам. ќе мислам дека под маса ивона држи полн пиштол наслонет кај него на препони.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Нема врска, ова е на Сител информација, кај другите медиуми нема вакво нешто. А според тоа колкави приходи имаат, колку и да работат недомакински неможат да банкротираат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom