Тенис, Лондон 2012

Статус
Затворена за нови мислења.
R

Rigel Kent

Гостин
Затоа Рафа не играше во Лондон, им остаи малце простор и на другите, иначе со три злата по ред апла најдобар ќе беше. :D Шала на страна има цели 4 години до Бразил, таму 100% на земја ќе се игра, доколку биде здрав Рафа тешко дека некој ќе му го одземе второто злато од ОИ. Али има време до тогаш да не забегуваме натака. :)
Ke izleze nekoj Brazilec kako Kuerten do togas :D
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
druze iskacaj od temava i idi komentiraj sah podobro bi ti odelo tamu...i pocni da navivas za rusevski ako. ne ne go osporuvam tvoeto '' navivanje'' za Del Po i Marej samo ako najmalku navivas za golemava 3ka togas nz so da ti kazam djabe go gleas ovoj sport
Значи неможам да гледам некој спорт без да навивам за некој од најдобрите? Еве на пример вечер ке биде трката на 100 метри и се очекува дуел помеѓу Болт и Блејк па ја треба да не гледам оти сакам некој трет да тепа? Ја не мислам дека е така.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.191
Ај не мешајте баби и жаби, не ги мешајте Пекинг и Лондон. Само ќе кажам дека не се согласувам со Син за поклопувањето на коцките пошо јас под поклопување на коцки сфаќам да ти се падне ептен лесен ждреб и да ги избегнеш најдобрите, у случајов на пример Мареј со Ферере да играше у 1/2 финале. Ама да ги победиш Ноле и Федекс и да ги остаиш на 0 сетови не е баш поклопување на коцките, тоа е резултат на добра и константна игра. Е сеа дали ќе продолжи и понатаму со оваа игра или ќе се испосере одма на следниот турнир тоа неможе никој да го знае додека не го види. И да, малоумен муабет е дека Федерер е за во пензија, прв е сеуште и актуелен освојувач на Вимблдон и сребрениот медал од ОИ.
Незнам дали го гледаше мечот со Ноле, кај Ноле не функционираше најдоброто негово оружје, ритрнот, кој прати тенис знае Ноле каков ритрн има, Надал на АО самиот кажа, он го има најдобриот ритрн во светот, против Мареј у минус беше влезен во тој сегмент од играта и тоа при лоши негови први сервиси и нормално, спори втори, потоа тука доаѓаат и другите сегменти од играта кои воопшто не му функционираа и изнудуваа глупи неизнудени грешки, инаку топ 3 играч во 95 % од случајите бар еден брејк прави по толку укажани шанси од противникот, во таков меч да не направиш брејк а да имаш толку многу шанси многу говор каков бил Ноле тука, а тоа нема никаква врска со играта на Мареј.

За Федерер нема што многу да се дискутира, да не се повторувам само, нема теоретска можност и он и Ноле да му се погодат вакви на некој следен голем турнир, едноподруго да му изиграат скалила и скалика подоле од нивниот максимум. Во тој контекст велам дека му се поклопија коцките, играше прво против број 2 у Свет, потоа и против број 1, во ниту еден момент не му беше истестирана психата, зборам на она што пример му се случи во вториот сет на Вимболдон против Федерер, момент од мечот по кој Мареј тонеше, тонеше и тонеше, во ниту еден момент ниту Ноле ниту Федерер изиграа на ниво за број 2 и број 1 во Свет што е One in a million ситуација ...

Олимпијада е, вистинското од секој тенисер доаѓа на големите турнири каде секој меч се игра во минимум 3 сета, многумина мислат дека олимпијадава е репер за нешто, ова поготово оние кои слабо пратат тенис, за некој месец ќе се уверат во каква заблуда биле, бар во контекст на Мареј, со овој став сум зашто бар мене со ништо не ми покажал дека напреднал во поглед на психата, со ништо, а тоа е главен услов за да дојде он до нешто големо, дури и кога водеше, дури и кога беше евидентно кој е кој на теренот, он си удираше шамари у глава и фрлаше рекет по некоја неизнудена грешка, само ете, сега имаше огромна среќа што тоа оние од другата страна не го искористија.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
За Мареј и Дел Потро итн. А најмалку за Федерер Џокович и Надал .
Ок, зашто тогаш го потиш во секој втор пост за тоа дека Федерер плачел заради Надал, кога не си негов фан? :facepalm:

Да те потсетам само како твојот Мареј за разлика од Федрер (1) 2 пати ронеше солзи....заради поразите од Федерер, и тоа ова го постирам само заради тоа што ги истакнуваш солзите како негативност на спортистите, јасно е каков човек си и колку разбираш што значи за еден спортист кој животот го вложил во одреден спорт да изгуби во неизвесен и пред се меч во кој нијанси го решеваат победникот, немаш осет.




Знаеш каде е разликата? разликата е што во овие ситуации никој овде не му се ситеше на Мареј, напротив сите викавме дека ни е жал и дека сочуствуваме со Мареј, зборевме за тоа дека заслужува да освои слем, или некој голем турнир што е факт.

Ама знаеш како викаат, тоа ги дели вистинските тенис фанови од хејтерите и провокаторите, сега кога ќе размислам требаше да прифатам да бидам модератор кога ми се понуди, еден немаше да оставам од вас, ќе беше и понатака овој подфорум најпријатниот за дискусија, не вака секој втор пост да биде провокација и омалажување на големи шампиони како што е Федерер.

Колку и да сакам да ве игнорирам неможам затоа што сум голем фан и ме погодуваат вакви ниски постови и јадење бурек за играчишта без разлика дали е Федерер или пак некој трет.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Значи неможам да гледам некој спорт без да навивам за некој од најдобрите? Еве на пример вечер ке биде трката на 100 метри и се очекува дуел помеѓу Болт и Блејк па ја треба да не гледам оти сакам некој трет да тепа? Ја не мислам дека е така.
Не можам да те сфатам другар, те нервира очигледно големата тројка, навиваш за помалку познати да речеме тенисери, а од друга страна навиваш за еден од најглобално познатите брендови од клубови во фудбалот. Треба да си негде за Евертон на пример :Р Нема логика. Интересно ми е само, обично има некоја поврзаност, каква таква :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Олимпијада е, вистинското од секој тенисер доаѓа на големите турнири каде секој меч се игра во минимум 3 сета, многумина мислат дека олимпијадава е репер за нешто, ова поготово оние кои слабо пратат тенис, за некој месец ќе се уверат во каква заблуда биле, бар во контекст на Мареј, со овој став сум зашто бар мене со ништо не ми покажал дека напреднал во поглед на психата, со ништо, а тоа е главен услов за да дојде он до нешто големо, дури и кога водеше, дури и кога беше евидентно кој е кој на теренот, он си удираше шамари у глава и фрлаше рекет по некоја неизнудена грешка, само ете, сега имаше огромна среќа што тоа оние од другата страна не го искористија.
(y)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.664
Поени од реакции
11.816
Не можам да те сфатам другар, те нервира очигледно големата тројка, навиваш за помалку познати да речеме тенисери, а од друга страна навиваш за еден од најглобално познатите брендови од клубови во фудбалот. Треба да си негде за Евертон на пример :Р Нема логика. Интересно ми е само, обично има некоја поврзаност, каква таква :)
Затоа вака како мене за најтрофејните ќе си навиваш :icon_lol::sneaky:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ете добра поента.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.396
Поени од реакции
113.871
Syn
Океј, го делам мислењето со тебе у глобала само изглеа погрешно те разбрав за поклопувањето на коцките, али нема везе битно ја најдовме поентата. Е сеа за разлика од тебе и Псај ја не гледам до толку песимистички на Мареј, оставам времето да покаже, иако многу веројатно е да се покаже после месец дена дека вие ќе бидете во право. Ја сеа за сеа ќе ќутам, не прогнозирам ништо, за 20 и нешто дена почиња УС Опен и тогаш ќе го добиеме одговорот за Енди.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Да не се повторуваме, се согласувам со поголемиот дел од постовите, само за едно ќе ми биде криво , во првиот гејм Федерер имаше 30-0 на сервис на Мареј, кој тогаш изгледаше премногу нервозно и потпаѓаше под целиот притисок. Со мала помош од среќата го доби гејмот, ама ако уште тогаш направеше Федерер брејк мислам дека цел натпревар ќе тргнеше во друга насока, ама тоа е што би било кога би било.
Овој пораз не ја намалува големината на Федерер, пак останува играчот што ги држи сите рекорди во тенискот свет.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Баш ќе беше добар турниров и Надал да настапуваше
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
А ако додатно го мотивира Мареј ова злато што правиме? Ок, се нервира, го лупа рекетот и слично. Ама ЛОИ не беа репер ни за фудбал ама генерацијата на Меси, Лавеци, Агуеро, Ди Марија и останати отскокна тогаш кога го освои златото, други фудбалери станаа по тоа, како да созреаа наеднаш. Можеби и Мареј ќе биде друг по ова.
И јас го сметав овој за губитник и не мислев дека некад ќе стигне до финале ама ете стигна и еве сега со златен медал. Патот му е трасиран за гренд слем, дали ќе стигне до него ќе видиме.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Олимписко злато во тенис е голем успех, но победа на Гренд Слем е поважна работа во тенисот.

На психолошки план ова многу ќе значи за Мареј, но никако не значи дека сега Гренд Слем титулити ќе почнат да доаѓаат. До УС Опен има уште два мастерси, Торонто и Синсинати, и многу работи ќе се сменат дотогаш. Факт е меѓутоа, дека вториот дел од Американската турнеја, овој летниот е секогаш добар период за Мареј.

И јас мислам дека Мареј може до финалето на УС Опен, со оглед на тоа дека Новак се загина малку, а Надал е повреден. Проблемот со Мареј е што тој може да изгуби и од неколку други тенисери кои не се топ 3, како на пример Бердих, Дел Потро, Тсонга...

Новак, Надал и Федерер скоро никогаш не испаѓаат на Гренд Слемовите од такви играчи...

А да, повикот до Федерер да се повлече, затоа што е готов е :pos:.

Број еден е на АТП и актуелен освојувач на Вимблдон. Ужасни резултати, навистина...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
А ако додатно го мотивира Мареј ова злато што правиме? Ок, се нервира, го лупа рекетот и слично. Ама ЛОИ не беа репер ни за фудбал ама генерацијата на Меси, Лавеци, Агуеро, Ди Марија и останати отскокна тогаш кога го освои златото, други фудбалери станаа по тоа, како да созреаа наеднаш. Можеби и Мареј ќе биде друг по ова.
И јас го сметав овој за губитник и не мислев дека некад ќе стигне до финале ама ете стигна и еве сега со златен медал. Патот му е трасиран за гренд слем, дали ќе стигне до него ќе видиме.
Погрешно го свативте Syn, он не вика дека олимијадата не значи ништо, од само истакнува дека од поглед на важност во тенискиот свет не е на толку големо ниво како другите турнири како на пример слемовите, или WTF.

Никој несака да фрли дамка на Мареј, ама мора да разберете дека тука Мареј играше целосно растеретен, за разлика од Федерер и Ноле кои играа под голем притисок, затоа го делам мислењето со Syn дека ќе го видите другото лице на Мареј на USO, таму со сосема поинаков план на игра ќе излезат и Федерер, Ноле како и Надал (ако се опорави од поврдета на време) истото важи и за Делпо кој игра се подобро.

Значи ова денес и вчера беше Мареј во идеални услови на игра, но кога ќе дојде на слем ќе видите дека психички сеуште не е каде што треба да биде, чим 10 минути сервираше на 2-0 во сетови за да освои гем, против очаен Федерер јасно е све.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom