Ај не мешајте баби и жаби, не ги мешајте Пекинг и Лондон. Само ќе кажам дека не се согласувам со Син за поклопувањето на коцките пошо јас под поклопување на коцки сфаќам да ти се падне ептен лесен ждреб и да ги избегнеш најдобрите, у случајов на пример Мареј со Ферере да играше у 1/2 финале. Ама да ги победиш Ноле и Федекс и да ги остаиш на 0 сетови не е баш поклопување на коцките, тоа е резултат на добра и константна игра. Е сеа дали ќе продолжи и понатаму со оваа игра или ќе се испосере одма на следниот турнир тоа неможе никој да го знае додека не го види. И да, малоумен муабет е дека Федерер е за во пензија, прв е сеуште и актуелен освојувач на Вимблдон и сребрениот медал од ОИ.
Незнам дали го гледаше мечот со Ноле, кај Ноле не функционираше најдоброто негово оружје, ритрнот, кој прати тенис знае Ноле каков ритрн има, Надал на АО самиот кажа, он го има најдобриот ритрн во светот, против Мареј у минус беше влезен во тој сегмент од играта и тоа при лоши негови први сервиси и нормално, спори втори, потоа тука доаѓаат и другите сегменти од играта кои воопшто не му функционираа и изнудуваа глупи неизнудени грешки, инаку топ 3 играч во 95 % од случајите бар еден брејк прави по толку укажани шанси од противникот, во таков меч да не направиш брејк а да имаш толку многу шанси многу говор каков бил Ноле тука, а тоа нема никаква врска со играта на Мареј.
За Федерер нема што многу да се дискутира, да не се повторувам само, нема теоретска можност и он и Ноле да му се погодат вакви на некој следен голем турнир, едноподруго да му изиграат скалила и скалика подоле од нивниот максимум. Во тој контекст велам дека му се поклопија коцките, играше прво против број 2 у Свет, потоа и против број 1, во ниту еден момент не му беше истестирана психата, зборам на она што пример му се случи во вториот сет на Вимболдон против Федерер, момент од мечот по кој Мареј тонеше, тонеше и тонеше, во ниту еден момент ниту Ноле ниту Федерер изиграа на ниво за број 2 и број 1 во Свет што е One in a million ситуација ...
Олимпијада е, вистинското од секој тенисер доаѓа на големите турнири каде секој меч се игра во минимум 3 сета, многумина мислат дека олимпијадава е репер за нешто, ова поготово оние кои слабо пратат тенис, за некој месец ќе се уверат во каква заблуда биле, бар во контекст на Мареј, со овој став сум зашто бар мене со ништо не ми покажал дека напреднал во поглед на психата, со ништо, а тоа е главен услов за да дојде он до нешто големо, дури и кога водеше, дури и кога беше евидентно кој е кој на теренот, он си удираше шамари у глава и фрлаше рекет по некоја неизнудена грешка, само ете, сега имаше огромна среќа што тоа оние од другата страна не го искористија.