Добар е потег овај на Венгер.
Роберто Мартинез знае да ра боти со млади играчи, знае да ги развие во добри фудбалери кои имаат талент (Мијачи дефинитивно е талентиран), и после позајмицата во Виган, наредната година можеби и ќе влета во првиот тим на Венгер....
--- надополнето: 4 август 2012 во 13:53 ---
Еве ви добра тема за дискусија.....досегашните трансфери во ПЛ....како сте задоволни од трансферите на вашите тимови, која екипа според вас најдобро се засили досега, итн итн....
само престанете со тие препукувања кој клуб е поуспешен, оти ко деца мали сте
Поздрав
За мене, Мартинез е најталентираниот млад менаџер. Има визија за тоа каков сака да му биде тимот. На моменти, си мислиш дека можат да победат секој и секого, а во друг момент, како да сака да покажи некои други замисли или идеи, кои не вродуваат со плод. Муабетот ми е, како да сакат да кажат дека во некои момент, можат да победат секого. Лани го покажаја тоа.
--- надополнето: 4 август 2012 во 20:28 ---
Едит: Денеска Бет анд Вин, Спортлајф, Моцарт, Спортко и други кладилници, излегоја со квоти за тоа кој прв ќе ја бојкотира темата на Кајгана форумот, подфорум Премиер Лига 2012/13. Под бојкот се подразбира тотално напуштање на темата, заради немање аргументи за правилна дискусија или пак заради „шигарење“ (заебавање) за (не)успесите на некој од тимовите, од страна на други членови. Квотите се распоредени по моментално, првите 5 тима во Премиер Лигата за минатата сезона, и тоа:
Навивачите на Манчестер Сити, квота: 500
Навивачите на Манчестер Јунајтед, квота: 500
Навивачите на Арсенал, квота 500
Навивачите на Тотенхем, квота 500
Навивачите на Њукасал, квота 500.
Имено, обложувалниците му излегоја во пресрет на Најтрофејниот клуб од Англија, и направија исклучок за 8мо пласираниот тим од минатата сезона.
Навивачите на Ливерпул, квота 1.01.