Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Ќе се организира првата парада на гордоста во МакедонијаОдборот на ЛГБТ Јунајтед во четврток одлучи да се формира одговорно тело за организирање на првата парада на гордоста во Македонија, идната година.„Во ова работно тело ќе бидат повикани да се вклучат сите заинтересирани релевантни организации и институции коиработат на полето на човековите права, како што се различни амбасади, државни агенции, народниот правобранител и ЛГБТ организации од регионот и пошироко“ стои во соопштението на ЛГБТ Јунајтед./крај/со/мфCopyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
По примерот на Србија, Хрватска и други држави на Балканот, се најавува парада на гордоста во Македонија за 2013 година.
Овие дебати секогаш биле присутни во Македонија, секогаш се одело со прашањето “за или против?“
Што мислите како ќе се одекне и помине ова во Македонија?
Кој е вашиот личен став?
Да видиме какво е форумџиското размислување за овој настан.
И држете ја дебатата со аргументи, не постирајте видеа од Јутуб со тепачки и слични ствари, пошто знам дека на тоа ќе се сведе, а не е тоа поентата.
Едит: Претходната тема имаше грешка со анкетата, повторно ја отворив, а ја избришав старата. Извинете.