Еве ја истата вест и на А1, на тајм мк има список на повеќе медиуми кои ја пренесуваат оваа вест
http://a1on.mk/wordpress/archives/24009
http://www.time.mk/cluster/7e9895d1bf/buntovnicite-so-odluka-povtorno-ke-se-priklucuvaat-na-parno.html
--- надополнето: 1 август 2012 во 15:23 ---
Eве ги новите правила за снабдување со топлинска енергија
објавени на интернет страницата на Регулаторна:
http://www.erc.org.mk/Uploads/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
За исклучените е битен член 53 кој гласи:
Исклучување по барање на потрошувачите во колективни објекти
Член 53
(1) Во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши
преку еден колективен мерен уред може да се врши поединечно исклучување на
потрошувачите по нивно барање, по претходно добиена согласност од вкупниот број на
потрошувачи на тој колективен објект.
(2) Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на
надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој
се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Доколку сите потрошувачи од исто мерно место писмено побараат исклучување од
топлификациониот систем за цела грејна сезона или повеќе грејни сезони истите не се
задолжуваат со надоместок доколку за пресметковниот период на мерниот уред не е
регистрирана потрошувачка на топлинска енергија.
_____________
Регулаторна има одобрено нови Мрежни правила но тие сеуште ги нема на интернет страницата на Топлификација
http://www.erc.org.mk/vertikal.asp?verID=16