Ивана Рожман: Одлуката на МОК ме уништи и ме натера да се откажам од атлетиката

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Никој не рекол дека Рожман е професионална атлетичарка, напротив, самиот факт дека не остварила олимписка норма говори повеќе од доволно дека не е професионална атлетичарка, но ти прво измери за колку време ќе ги истрчаш тие 100 метри и ако ги истрчаш за повеќе од 12.92 секунди, тогаш таа е ПОДОБАР АМАТЕР, А НЕ ИСТ АМАТЕР колку и ти, а доколку ги истрчаш тие 100 метри за помалку од 12.92 секунди, е тогаш ти би бил подобар аматер од Рожман, а не ист колку и таа.

Трагично, но вистинито, аматер или како сакаш нарекувај ја, официјално, Ивана Рожман е најдобра македонска атлетичарка, достави доказ дека тоа не е така и јас веднаш ќе се согласам со тебе околу тоа дека таквите како нејзе не треба да се праќаат на Олимпијада.
Ако е најдобра македонска атлетичарка (уфф колку ми е мизерно ова) таа си добила како шо гледам учесва на Балкански/Европски првенства. Да не ја искривуваме сликата, типката била поддржувана многу повеќе од други „професионалци “ во други професии во Македонија. Значи да сумирам, била најдобра, атлетската федерација ја пуштила да не претставува лево десно каде што имала пласман, никаде не била осакатена, видете профил на фб била хелсинки или стокхолм и шо ти знам каде. Е сега ако не била способна да си исполни норма за олимпијада то е нејзин проблем.

п.с ми текна една идеја ај прајме репрезентација во Карлинг. Глава клавам дека ќе бидиме најдобри не само во Македонија туку и на Балканот. По логиката на типкава ако не фатиме норма ќе лапниме некоја вајлдкарта.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.877
Поени од реакции
10.401
Треба да се ориентираме на спортови кои не се толку популарни за да можеме да пратиме барем 20ина спортисти на ОИ. Читам кралицата правела муабет со претседателот наш за нашите олимпијци, сигурно 2 саата потрошиле. Срамота е да сме скоро единствени во Европа без обезбедена олимписка норма за ниту еден спортист. Дај да направиме добра репрезентација во стрелање, бадминтон итн. да имаме повеќе шанси за Олимпијада. Ова плус да се задржи континуитетот на групните спортови (кошарка, ракомет, ватерполо) на европските и светските првенства и може да дојдеме до добра бројка во квалификации за ОИ. Таму малку посериозно и Че биди работата.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
814
Поени од реакции
1.055
Став на атлетичарот Александар Кираџиев: Ивана Рожман ја извртува вистината
Ивана Рожман со своето писмо кое го објави во јавноста очигледно ги разгоре страстите и кај останатите атлетичари во Македонија. Со писмен став во редакцијата на ЕКИПА се обрати Александар Кираџиев, со молба да биде јавно објавен, а во него се вели дека Ивана Рожман се обидува да ја изврти вистината.

Редакцијата на ЕКИПА интегрално го објавува ставот на македонскиот атлетичар Александар Кираџиев.



Почитувани,

пред се сакам да ви се заблагодарам што будно ја следите 'кралицата на спортовите' и сте еден од неколкуте медиуми што ја тангираат оваа област и пласираат известувања навремено и ажурно.


Да се претставам: јас сум Александар Кираџиев, атлетичар на средни и долги патеки, ко-основач на АК 'БЕЗБЕДНОСТ' - Скопје и 14 години активен на нашата скромна атлетска сцена. Овој допис го пишувам до вас со една цел: да се обидам да ја исправам вистината.


Имено, во еден од вашите последни постови, прочитав изјава од една домашна атлетичарка, која е незадоволна од одлука да не отпатува во Лондон. Нема да толерирам од било која страна, од било која причина, да се омаловажуваат сите останати атлетичари од Македонија, на сметка на величење на нејзиниот лик и дело или било чии атлетски (не)успеси. Не е коректно, пред се од страна на медиумите, што објавуваат вакви нереферентни изјави, без претходно да се филтрираат и да се провери нивната веродостојност.

Внимателно го прочитав нејзиното писмо и сметам дека не е фер и не е коректно да се искривува вистината, да се манипулира пошироката маса која го следи вашиот медиум и да се напаѓа некој или некои без никакви аргументи, односно со измислени муабети и зборување од памет. Нормално е луѓе што не се упатени во оваа област, а сме во олимписка година, за нас крајно слаба и неуспешна, да се трујат со невистини и притоа, сето тоа да биде поверувано.

Поентата ми е следнава: во изјавата пишува дека наводно МОК или Директорот на МОК не и дозволил, т.е. го узурпирал нејзиното учество на ОИ. Да појаснам за тие што недоволно се упатени. Правилата ги носи и е регулатор Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК). Тоа правило што два пати еден ист атлетичар не е дозволиво да настапува на Олимпијади е крајно исправно според мене. И тоа е донесено од ИОК. Не е донесено ниту од МОК, ниту од АФМ, ниту за тоа одлучува било кој друг, ОСВЕН ИОК. МОК е само извршител, односно ги спроведува правилата што ги налага ИОК. И крај. Премногу е јасно и не знам зашто упорно некој сака да оди против тоа и кажува дека МОК се коси со правилата на ИААФ или со ИОК.

Правилата ги носи највисоката инстанца, а МОК само ги спроведува. Тука не навлегувам во делот дали и колку МОК дал влог, помогнал на спортистите или не помогнал, дали имало услови или не, тоа е друга приказна и премногу долгометражна и чувствителна.

Друго и исто така многу битно - незнам по кои критериуми е декларирана за најдобра атлетичарка во земјава. Тоа што има највеќе бодови по фамозната ИААФ таблица на бодови, не значи дека треба да се промовира како најдобра атлетичарка. Таа фамозна таблица НЕ е меродавна за различни дисциплини, а особено не се однесува на Македонија и на нашите услови. Тоа сум се обидел да го објаснам мал милион пати, но никој не успева или не сака да го сфати. Очигледно така им одговара, се со цел да може да се прошетаат тренерите со своите пулени со дисциплини кои КАЈ НАС бараат многу малку труд и работа. Како за илустрација, минатата година е направен државен рекорд во маратон кај жените, оваа година - државен рекорд во полумаратон исто така кај жените, резултатите се повеќе и се почесто се подобруваат кај атлетичарите на средни и долги патеки, а за тоа никој не води грижа и не ги наградува.

Напротив, плукаат по атлетичарите НЕкомпетентни лица инволвирани во атлетиката. Понатаму, за тие што сакаат уште повеќе да си ги објаснат работите, можат да пролистаат по интернет за нејзините 'успеси' изминатиот четиригодишен циклус. Едвај има истрчано под 13 секунди на 100м (ко за илустрација, светскиот рекорд е 10.49сек.), а е праќана на сите големи меѓународни натпревари. Имаше безброј прилики, да обезбеди 'барем' Б олимписка норма. Таков беше случајот и со прошетката на Европското првенство во Хелсинки пред 3-4 недели, таков е случајот и со сите претходни големи настани, каде се изоставуваат сите останати атлетичари од земјава, за да се прати дотичнава атлетичарка и на НИТУ ЕДЕН натпревар не е ни приближно до остварување на олимписка Б норма.

Понатаму околу резултатот - постои одреден временски интервал кога се признаваат резултатите кои се верификуваат како олимписки норми. Тој резултат од 12.01 е истрчан пред 3 години (НЕ Е ОЛИМПИСКА НОРМА. ДАЛЕКУ ОД ТОА) и сите добри 'резултати' се прават ко за чудо во Бугарија, која има чуден воздух уште од времето на Јорданка Донкова и Стевка Костадинова. Не сакам да кажам дека од нашите актуелни олимписки преставници очекувам којзнае какви резултати, нормално тоа е прашање на услови, а тоа е обемна тема, но кога веќе некој е пратен со вајлд карта, зошто тоа да биде веќе еднаш пратената, која на никаков начин не го подобрила својот резултат, а имала 4 години пред неа.

Тоа нема никаква смисла !!!

Се надевам дека успеав колку толку да појаснам на тие што не се толку упатени - НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ПРАТЕНА АТЛЕТИЧАРКА СО ПОСЛАБ РЕЗУЛТАТ, СИТЕ СМЕ НИЕ СЛАБИ АТЛЕТИЧАРИ ВО ОВАА ЗЕМЈА, НАСПРЕМА РЕЗУЛТАТИТЕ НА ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ И НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ОДЗЕМЕНА ПРИЛИКА НА АТЛЕТИЧАР/КА ПРЕТЕНДЕНТ ЗА ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ. СЕ РАБОТИ ЗА ЕДНАШ ИЛИ ДВА ПАТИ ПРОШЕТКА НА ОИ, А ОД ДРУГА СТРАНА СЕ РАБОТИ ЗА КОСЕЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ НА ИОК.

Никој не ја дискриминил неа што не е пратена по втор пат да се прошета на Олимпијада. Во обратен случај ќе бевме СИТЕ останати атлетичари од оваа земја оштетени и разочарани, доколку се одиграше на таков начин.

И конечно: кој го интересираат тие приватни одлуки дали некој се откажувал од спортската, музичката, филмската кариера или не ?!? Секој со своите желби, амбиции и одлуки, немора јавноста да чита дезинформации и да сожалува некој за кого ништо незнае. Толку големи ликови се повлекле од сцената, па не кренале ваква прашина како оваа во писмото.

Единствено би ме радувало доколку знам дека писмото е напишано од нејзина страна, а не е повторно некоја нечиста игра од нејзиниот близок атлетски соработник.

Ви благодарам за објавувањето на дописов во јавноста.


Спортски поздрав !!!
Код:
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=10163
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Прво мешате други спортови со атлетиката.Спринтовите ако не знаете се многу стресни за организмот и трошат највеќе калории.За било кој да истрча 12 секунди спринт треба да има многу добра мускулатура(генетика+многу ниско ниво на телесни масти),многу добри тренинзи и тренер кој кошта пари,добра кондиција,експлозивност и издржливост,кординација и балансирање помеѓу животот и спортот.Спринтовите се едни од најтешките спортови затоа што за тие 12 секунди бара како сите спортови во едно.Секој не може да истрча 12 секунди камоли па 15.Сите големи атлетичари за да стигнат до тоа ниво имаат специјални тренинзи не само спринтови,трчање на планина,зголемување на капацитетот на гликоген се со цел повеќе да можат да издржат анеробично за да го зголемат капацитетот на фосфокреатин кој им дава експлозивност и издржливост.Се е многу комплицирано од колку што вие мислите.Секој атлетичар во Македонија колку и да е талентиран без знаењето и тренинзите што треба да ги има и подршката од државата нема да успее.Атлетиката не е како другите спортови Усеин Болт 8 години му требаше да стигне до тој резултат 9.64 за 100 метри.Крива е државата што воопшто не инвестира во градење на атлетиката и било кој друг спорт во Македонија како еден начин да се покаже каква се нашите потенцијали.Јамајка живее од атлетиката и од спортот и ги величат како херои и имаат право многу повеќе е атлетиката од било кој спорт.Затоа што како што кажав во тие секунди ги вклучува сите спортови во едно а верувајте дека не така лесно да истрчаш 12 секунди спринт...
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Многу "спортисти" кај нас не се водат според тоа "само работи и држи ја устата затворена". Спортот е таков, колку ќе вложиш толку ќе добиеш. Не велам дека тоа за лошите услови не е точно, тоа е така условите се лоши сите го знаеме тоа, али ова е премногу сере*е да ми извините а многу малце работење и тоа е тоа.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Stef Angel... Никој не кажа дека е лесно да се истрчаат 12 секунди, ама ако таа како атлетичарка не е способна да истрча под 12 секунди не гледам што тука се буни, напишав порано, најдоброто време на Рожман е за 0,7 секунди послабо од Б нормата за Олимпијада... т.е. според тебе би и требале неколку години за да исполни норма.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Stef Angel... Никој не кажа дека е лесно да се истрчаат 12 секунди, ама ако таа како атлетичарка не е способна да истрча под 12 секунди не гледам што тука се буни, напишав порано, најдоброто време на Рожман е за 0,7 секунди послабо од Б нормата за Олимпијада... т.е. според тебе би и требале неколку години за да исполни норма.
Јас видов како тренираат на кеј на асфалт.Незнам ништо како се хранат и дали земаат суплементација,но сигурно девојкава би била подобра ако и се даде шанса.Разликата помеѓу асфалт и атлетска патека е голема.Трчај на земја сигурно побрзо ќе трчаш.Јас случајно трчав спринтови и ми беше уклучен GPS максимална брзина што сум ја постигнал на трева е 40 км/час за разлика од асфалт 33/35 км/ч.Плус да ја одржуваш таа брзина е голема работа.Јас сум ја одржувал една секунда а атлетичар треба констатно.Двете страни се криви но државата не изградила една штафета да можеш реално да вежбаш,па затоа и имаме 4 спортисти на ОИ 2012.Што е срамота за една држава како нашата.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Двете страни се криви но државата не изградила една штафета да можеш реално да вежбаш,па затоа и имаме 4 спортисти на ОИ 2012.Што е срамота за една држава како нас.
Aтлетска патека Стеф.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Реално гледано, бидејќи не се вложува кај нас во атлетика не треба и да очекуваме резултати, ама некој да го користи спортот за да може да се прошета е тоа е веќе испод секое човечко ниво, не дека ако си добар спортист нема да бидеш прошетан, на светско, европско или незнам какво натпреварување, ама притоа таму да одиш само за забава, треба самата федерација да ти даде отказ заради не сериозност. Ама и самата федерација е несериозна т.е не вложува пари, така муабетот е кокошката или јајцето.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
џабе, што ако ја пратевме неа место некој друг, само различен човек ќе се прошета до Лондон и назад! Срамота е да бидеме една од двете држави на ОИ без ниедна норма, едноставно трагедија!
Муабетов е место да се замараат тие од МОК или ИОК или што и да е со поединци нека земат да инвестираат малу во луѓево па да имаме во рио не само норма туку барем и едно бронзиче :гик:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.349
Поени од реакции
26.351
Јас случајно трчав спринтови и ми беше уклучен GPS максимална брзина што сум ја постигнал на трева е 40 км/час за разлика од асфалт 33/35 км/ч.
40 км/час е 11,11 метри во секунда. Болд при рушењето на светскиот рекорд достигнал максимална брзина од негде 44 км/час. Сигурен си дека не беше качен на скутер кога ја измери брзинава?
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
40 км/час е 11,11 метри во секунда. Болд при рушењето на светскиот рекорд достигнал максимална брзина од негде 44 км/час. Сигурен си дека не беше качен на скутер кога ја измери брзинава?
Викаш дека мастер Стеф лаже ??? :eek::eek::eek: NOoooooooooooooooooooooooooooooooo!!!!!!!!1111111111111
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
АТЛЕТСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

http://www.afm.org.mk

Ефремов и Рожман ќе ја представуваат Македонија на ЛОИ 2012


Согласно циркуларното писмо од ИААФ М/35/11 од 31.10.2011, кое се однесува за Летните Олимписки Игри – Лондон 2012, во кое се наведува дека националните федерации кои немаат атлетичари-ки без олимписка норма, имаат право да ги пријават најдобрите атлетичари-ки без норма: едно машко и едно женско, ИО на АФМ донесе одлука дека на предстојните ЛОИ ќе учествуваат атлетичар-ка со најдобар резултат (според ИААФ табелата) кој ќе биде постигнат најдоцна до 10 јуни 2012. Согласно горенаведеното АФМ до Македонскиот Олимписки Комитет (надлежен за испраќање на пријава до ИОК) ги пријави следниве атлетичари и тренер:
Атлетичарка


Ивана РОЖМАН
Датум на раѓање: 14/07/1989
Дисциплина: 100 метри
Најдобар личен резултат: 12.01 сек. (02 јули 2011, Сливен, Бугарија)
Најдобар резултат во 2012: 12.42 сек. (09 јуни 2012, Софија, Бугарија)
Атлетичар
Кристиан ЕФРЕМОВ
Датум на раѓање: 31/08/1990
Дисциплина: 400 метри
Најдобар личен резултат: 48.26 сек. (09 јуни 2012, Софија, Бугарија)
Најдобар резултат во 2012: 48.26 сек. (09 јуни 2012, Софија, Бугарија)
Тренер
Ѓорѓи Вучков, тренер на Ивана Рожман и Кристиан Ефремов

(14 јуни 2012) --------------------------------------------------------------------------------------------НЕ ЗНАМ ШТО НЕ и Е ЈАСНО НА простата и неписмена македонска раја На 14 јуни (месец дена пред Олимпијадава) се носи одлукава од АФМ ,според правилата од IAAF се прака најдоброто време во ситуација кога е wild card (многу логично и просто !) . Девојчето =Ивана по овој критерум треба да оди (најдобро време) и точка ( ама вака ама така....)


Е арно ама, на оваа одлука , во MOK, на некој од подебеливе "атлетичари", шампиони во дисциплината "ширење гз во кожна фотелја, без пречки", му се сонило/прднало (од инает, его /комплекси, му фрлиле кеш/мито.......) и во последен момент се бира друг да оди , без никакво образложение (Македонска работа , учени сме ние да не е--т убооооо на тивок оган)





Така да, баталете тие прикаски дека девојчево било со Wild во Кина 2008 еднаш веке и затоа не требала да оди , и поминал неа веке редот :pos:(кое дебилско размислување) , требало да оди некој друг, макар и да бил со послабо моментално време од нејзиното (времето во ИААФ нема веза :pos:) Девојчето е криво што и тогаш (2008) и сега си имаа најдобро време и си има ксмет, ке си се "шета" (тикви) и во Лондон

важно на http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10163 се јавија еден куп неоткриени таленти за атлетика во Македонија, шампиони во дисциплина 100 keystrokes/min free style и сите објаснуваат од facebook со дебелите гaзови како требало да биде, му држат часови и за атлетика и пред се бонтон на девојчево и плукаат, а не им текна у тоа тиквата да отворат официјлна страна на АФМ и да ја прочитаат одлукава, која е поништена безвеза=КОНТРАДИКТОРНОСТ !

Нити ја познавам Ивана лично , ни сум пријател/роднина, нити атлетичар ни некој засегнат од целава оваа далавера и ујдурма, ни прва ни последна............едноставно девојчето се буни со право дека ја заебале и ја заебале и тоа на големо во четири очи и уши те прават будал , во Македонски препознатлив стил (n) и затоа и ја има мојата поддршка. И да, не дека ке ја дупне во Лондон, но по правилата треба да оди Ивана во Лондон, а тоа што на некој од другиве атлетичари им смета и просто и завидуваат и им е криво што 2 Олимпијади со ред, некој дури и со Wild Card ке си се шета, само ке им препорачам "Тренирајте повеке, извадите подобро време и резултати и ке си шетате и вие. Исхраната е многу битен сегмент од режимот на еден спортист за врни резултати (нема дилема) ама Само со јадење лајна и трици, тешко до резултати "
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ватевр, турист е оваа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom