Според мене најдобрата церемонија досега. Можеа да прикажат кралеви и витези, флоти и Британската Империја и остали истории, но наместо тоа се одлучија за општествени проблеми и прашања кои започнаа во нивната земја и се пренесоа низ целиот свет - работниците, нивните права, жените и нивните права итн. Тоа е тоа што Кина го нема, Грција го нема...одлика на малите е да се фалат со историја, големите размислуваат глобално иако имаат повеќе историја од претходно наведените. Пекинг беше ЦГИ и тапани и некоја непозната кинеска песна. Британија е земјата со Пинк Флојд, Ролинг Стоунс, Квин, Лед Цепелин, Битлси и 90% од најпознатите бендови - секако дека ќе се фалат со нив. Супер изведба, неколку комични моменти за да ни го доловат британскиот хумор и тоа е тоа. Сега ќе го чекаме факелот, сигурен сум дека ќе имаат нешто специјално спремено и за тоа. Со 1/4 од буџетот на церемонијата во Пекинг направија спектакл (барем за оние што гледаат и сваќаат што гледаат, не дечурлана што се пали на ЦГИ и огномет).