Летни Олимписки Игри - Лондон 2012 [генерална дискусија]

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Бугариве со облеката во нивните традиционални бои... :pos:
 
Се фино се облечени овие. Нашиве у тренерки ќе бидат, така?
 
Според мене најдобрата церемонија досега. Можеа да прикажат кралеви и витези, флоти и Британската Империја и остали истории, но наместо тоа се одлучија за општествени проблеми и прашања кои започнаа во нивната земја и се пренесоа низ целиот свет - работниците, нивните права, жените и нивните права итн. Тоа е тоа што Кина го нема, Грција го нема...одлика на малите е да се фалат со историја, големите размислуваат глобално иако имаат повеќе историја од претходно наведените. Пекинг беше ЦГИ и тапани и некоја непозната кинеска песна. Британија е земјата со Пинк Флојд, Ролинг Стоунс, Квин, Лед Цепелин, Битлси и 90% од најпознатите бендови - секако дека ќе се фалат со нив. Супер изведба, неколку комични моменти за да ни го доловат британскиот хумор и тоа е тоа. Сега ќе го чекаме факелот, сигурен сум дека ќе имаат нешто специјално спремено и за тоа. Со 1/4 од буџетот на церемонијата во Пекинг направија спектакл (барем за оние што гледаат и сваќаат што гледаат, не дечурлана што се пали на ЦГИ и огномет).

Трет пат организираат Олимпијада. Нема врска со мали и големи, прикажале што треба на другите две, третата е поурбана и со поблиска историја.
 
зошто гејциве беа први?

Затоа што тие ги основале ОИ во 773 пне и секогаш како основачи дефилираат први. После тоа ги модернизирал Пјер де Кубертен во 1896 и затоа и најпрво се зборува на француски па после на англиски.
 
Ќе биде интересно кога ќе излезат американците. Сигурно ги има над 150-200 :D
--- надополнето: 27 јули 2012 во 23:41 ---
Колку собира стадионов ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom