Летни Олимписки Игри - Лондон 2012 [генерална дискусија]

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе биде интересно кога ќе излезат американците. Сигурно ги има над 150-200 :D
--- надополнето: 27 јули 2012 во 23:41 ---
Колку собира стадионов ??
530 спортиски имаат, ама не верувам сите да излезат, цел круг нема да ги собере...:D
 
Multivitamin

бате не зезај, тотално самобендисана е и оваа манифестација, впрочем сосема нормално за Британци, самобендисан народ се, факт. :)

Разликата е во тоа што наместо да ја прикажуваат нивната историја и да се фалат со фактот дека цел свет го збори нивниот јазик поради тоа што долго време беа најголемата империја, тие се фалат со работи што му ги дале на светот - книжевноста (имаше извадоци од Шекспир, делот посветен на јунаците од литературата со ЈК Роулинг), музиката и пред се индустрализацијата и работничките права, издигањето на средната класа и останатите општествени аспекти. Ми се допадна што почетокот беше тмурен и реален - ги прикажаа дури и имигрантите. Тоа е тоа - не креираат перфектна слика за себе со коњаници и паради за нивната историја, нешто што ама баш секоја земја го направи досега. А за самобендисаност незнам, можеби таков е впечатокот бидејќи останатите немаа што да покажат во тој дел - кој бенд ќе го покаже Кина? Не ги сакам многу британците, но ми се допадна церемонијава поради глобалноста на работите што ги прикажаа. Многу подобро од 2 часа војсководци и коњи.
 
Многу женски бе Колумбија.
 
Ќе биде интересно кога ќе излезат американците. Сигурно ги има над 150-200 :D
--- надополнето: 27 јули 2012 во 23:41 ---
Колку собира стадионов ??

60,000.
 
Затоа што тие ги основале ОИ во 773 пне и секогаш како основачи дефилираат први. После тоа ги модернизирал Пјер де Кубертен во 1896 и затоа и најпрво се зборува на француски па после на англиски.
Јас мислев не сакале да бидат после нас :D нели F па G ( се зезам.... )
 
530 спортиски имаат, ама не верувам сите да излезат, цел круг нема да ги собере...:D

Ќе излезат сите, немај гајле. Сите спортисти од сите земји ќе биде на стадионот коа ќе се запали факелот.
 
Ако сакате фотографија од дефилето на некоја држава, изволте, тука ги ставаат https://twitter.com/Olympics
 
Ќе излезат сите, немај гајле. Сите спортисти од сите земји ќе биде на стадионот коа ќе се запали факелот.
Па не баш, некои имаат настап рано наутро, па нема да присуствуваат :) .. ама у глобала 90% ќе се.
 
Ќе биде интересно кога ќе излезат американците. Сигурно ги има над 150-200 :D
--- надополнето: 27 јули 2012 во 23:41 ---

Да Австралија беа над 400, па сега ти пак размисли колку ќе се УСА.
Деца бе, мислете пред да тресните нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom