Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.321
Неееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее, не идам веќе на стадион :cautious:
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.094
Неееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее, не идам веќе на стадион :cautious:
Ne se pali
--- надополнето: 26 јули 2012 во 17:56 ---
http://www.youtube.com/watch?v=GCqeYVhDZx4
Saber Rider RedBlack еве ја Марија бе и за нас навива :pos:
Kako ne ja vidov tamu ja c c c
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
И ја да дадам еден осврт за дуелот со БАТЕ. Она од што најмногу се плашев пред реваншот во Скопје, се покажа како точно. Вардар не е кадарен да брка резултат на домашен терен. Посакував нерешено во Белорусија со даден гол затоа што Вардар ќе играше многу послободно. Вака се потврдија очекувањата дека нема да се снајде во улогата што му е наметната. Мечот во Борисов веројатно ни даде погрешна слика за силата на Вардар. Вчера, откако очигледно не потценија на домашен терен, Вардар мака мачеше да склопи посериозна акција, а камоли да даде гол. Илчо очигледно беше прочитан во своите намери, а богами и не е тешко затоа што форсира едноличен фудбал во офанзива. Едноставно не покажа храброст, како што на пример покажа Стратев во Прага кога бркаше негатива, дури ни во последните 20 минути.
Поединечно играчите вака би ги оценил: Во Захов Вардар добива стабилен голман, без кобни киксови; за наредните неколку години, Таневски предводник на одбраната; Вајс уште еднаш се потврди дека е добар за во Македонија, ама не и за нешто повеќе (Бојовиќ мора да го завземе неговото место); Мичка го јадат годините и тешко може да се носи со физички поспремните противници; Темелков и Остоја не беа на нивото од Борисов; Стојаковиќ не ми е јасно од кои причини беше оставен на клупа; Хименез бев задоволен како одигра со Работнички, ама веројатно и тој беше импресиониран од амбиентот вчера; Ѓоргиев ќе биде клучен играч за Вардар годинава; Маневски мораше да добие повеќе минути; Костовски на ниво, иако не е класа како Ивановски.
За управата што да се каже. Уште еднаш потврди дека не е на нивото на клубот. Ни во спортскиот дел, ниту во организациски. Година дена тапкаме во место. Ако лани завршија одлична работа и ангажираа неколку капитални играчи, зимскиот и овој летен преоден рок буквално лутаат. Освен Таневски и Ѓоргиев, се друго беше мачка во вреќа или е доволно само за нашава лига. Зборам доколку се посакуваат повисоки дострели од 2.коло. Струката падна на испитот со тоа што не успеа да ги ангажира Тодоровски и Деспотовски, а и најдобриот играч не најдоа начин да го задржат барем за овие дуели со БАТЕ. За организацискиот дел што да се каже. Година дена не им беа доволни да отворат еден најобичен фан-шоп. Па свесни ли се уопште колку кинта ќе заработеа сега?! Година дена не им беа доволни да ги оспособат двете помошни игралишта, а го најавуваа како приоритет во нивните планови?! Никаков ангажман во маркетингот. Имаат среќа што го водат Вардар, па не им беше потребна никаква реклама за да се напуни цел стадион и против еден тотално неатрактивен противник. Али како планираат да ги вратат барем дел од луѓето во домашното првенство?! Очигледно е дека ништо не се работи и се е сплот на тешки импровизации. Вардар не заслужува да биде управуван на ваков начин.
Ајде малку и за позитивните ствари. Европската одисеја беше одлична. Штета што траеше кратко. Скопје конечно после толку години почуствува меч со европски амбиент. Зашто Работнички, Македонија ЃП, Металург или дојденците од другите градови ни случајно не можеа да му го понудат тоа. Кафаните беа окупирани со луѓе во вардарови реквизити, закачени транспаренти, се викаа вардарски песни, едноставно се како што треба да наликува. Можам да замислам што ќе се десеше доколку Вардар го пројде Бате. Многу луѓе, што разочарани од случувањата во Вардар во минатото, заборавиле кога последен пат се појавиле на стадион, не можеа да одолеат и овојпат. Едноставно срцето вардарско не им даваше. За крај, Скопје и Македонија овие десет дена беа комплетно во знакот на Вардар. Наредната година, се надевам дека со ангажманот на сите структури, вардаровата еуфорија ќе трае преку цело лето! Да живее Вардар, да живее Македонија!
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Само едно прашање...
Кој беше дечкото со лош фриз и број 11 ?
 
Член од
26 јули 2011
Мислења
39
Поени од реакции
41
Тоа е тоа момци, ја мислим дека треба да се гледа и позитивно од вчерашниот натпревар, за една година трансформација ова е максимумот што можеше да го напрае Вардар, знаејќи каква беше ситуацијата лани ова време, но тоа е више историја, а после ова вчера почнува да се пишува и новата историја на Вардар, прекрасно беше да се види полн стадион, атмосфера на стадион, а поготово надвор, толку задоволни и среќни луѓе на едно место тешко може да видиш во Македонија, спортот е тоа што обединува, но со контстатно вложување во фудбалот, со добар план и програма, со неколку засилувања догодина Вардар ќе биде многу поконкурентен , не дека белорусиве беа нешто посаглам едноставно поискусни, со повише изиграни интернационални утакмице и тоа се покажа пресудно, па видите и еден PSG, City, итн, за една година ништо не напраеја а со толку вложувања тоа е тоа, со овој тим и плус неколку засилувања позитивните резултати сами по себе ќе си дојдат во поблиска иднина, ја искрено се надевам, и сакам што побргу да се повтори атмосверата со Бате, а против некој голем фудбалски гигант од европа, тоа мислим и ќе се случи нема више кај да бега дојден е моменто, Македонија да почне фудбалски да се развива. Па и ова со политичариве на стадион тоа го глеам позитивно без разлика на која политичка партија си симпатизер, член итн, добро е и тие што ја водат државава да се ангажираат малу за фудбалот како што почнаа да го прават се почесто, крај краева и они се луѓе па може искрено о нив им се гледа фудбал и спорт воопшто немора се да гледамо и секое нивно појавување како политички поени, него политика настрана, со смената во врвот на ффм ќе тргне се надевам и за крај згреши малу Илчо со Игор Стојаковиќ, што го остае прво полувреме на клупа знаејќи дека тој беше најдобар, со Бате на гости ама тоа е тоа и на грешкете се учи.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Само едно прашање...
Кој беше дечкото со лош фриз и број 11 ?
Се глеа дека пратиш доста калчо чим по фризура ги проценуваш играчите иначе за твое инфо тоа беше Ѓоргиев
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Се глеа дека пратиш доста калчо чим по фризура ги проценуваш играчите иначе за твое инфо тоа беше Ѓоргиев
Воопшто не пратам (иронија на иронија )
Инаку, не го проценив според тоа...туку според мрзливоста со која го играше мечот!
Дечкото дремеше, се гледа по градба дека е брз и спретен...а тој застанал и не мрда.. фаќа топка му се плетка низ нозе..
Пред се од него бев многу разочаран, а и единствениот продор што го направи...беше мајмунски обид ја пушти преку 3 метри топката... некако тој противничкиот бек си застана настрана не појде кон него... нафрли извади коренер и малерозно во дрво со грклан заврши...
( Воедно, не знам каков е другото време, башка претходниот меч на гости не го изигра така лошо, а во лига како играл и ќе игра ќе видиме... но вчера бев максимално разочаран.)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.002
Поени од реакции
5.636

Ти изгледа само крајот си го гледал... солиден беше Ѓорѓиев, иако може тој и далеку подобро.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Воопшто не пратам (иронија на иронија )
Инаку, не го проценив според тоа...туку според мрзливоста со која го играше мечот!
Дечкото дремеше, се гледа по градба дека е брз и спретен...а тој застанал и не мрда.. фаќа топка му се плетка низ нозе..
Пред се од него бев многу разочаран, а и единствениот продор што го направи...беше мајмунски обид ја пушти преку 3 метри топката... некако тој противничкиот бек си застана настрана не појде кон него... нафрли извади коренер и малерозно во дрво со грклан заврши...
( Воедно, не знам каков е другото време, башка претходниот меч на гости не го изигра така лошо, а во лига како играл и ќе игра ќе видиме... но вчера бев максимално разочаран.)
Ѓорѓиев беше дефинитивно играчот што посакуваше утакмицата да заврши што е можно побрзо.Негова задача беше да рашири игра по крило но тој упорно се пикаше цело време до Костовски со цел да не прими топка или ако ја прими одма да шутира.Од тука веројатно и играта во прво полувреме одеше само по десна страна каде што Илиевски беше затворен и не можеше да мрдне.Веројатно тежината на утакмицата и преполниот стадион лошо влијаеа на него па од таму и се изгуби на уште пред да почне утакмицата.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.276
Поени од реакции
8.419
Добро европа годинава заврши ... али што е со тренерскава позиција ?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.924
Поени од реакции
44.982
Pogolema antireklama od ova so dresov na Vardar i Goca ( minister za vnatresni raboti ) za eden klub i edni navivaci nema, mamu i eam, ej ! Mamu. i. eam.
Sea go oblekla toj dres i nikad vekje.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom